Каков едукативен карактер има вакво мислење на пример? 90% од коментарите во категоријата секс се вакви. Ниедна жена не пишува таму.
Потполно се согласувам со Кате. Мене искрено морници ме лазат кога ќе ги погледнам тие Секс теми и кога ќе видам коментирано од лик кој штотуку се зачленил или слично. Веќе не ни ги отварам, ниту па сакам само ради тоа. И да сакаш нешто да си искажиш и да прашаш за совет неможеш, затоа што нивните ,,мозоци” веднаш одат на тоа дека ние бараме некој алфа мажјак па едвај чекаме да ни пише во пораки некој член. @нина122 каква едукација, имаш ли пробано да напишеш мислење таму? Недај Боже да прашаш нешто, веднаш во пораки ти кажуваат што би ти направиле, како се задоволувале тие, Е нема таму од едукација.
Пишав пред некое време да ми пише некој ЛП во темата за интимни проблеми, ми пишаа двајца машки членови во ЛП ако сум имала проблем да им кажам ќе ми помогнеле, не знаев како да реагирам..
Па тоа збориме Нина, од едно прашање тие преминуваат дека ние ,,бараме нешто” Никакво реагирање, пријавување само мислењата и никако пишување таму, само незнам што чекаат толку модераторите за да ги скријат веќе тие теми, нит се едукативни, нит ќе бидат некогаш
Јас не коментирам ради манијаци. И Фемина како ЖЕНСКИ форум малку да се освесте дека става жени во опасност ради нешто шо ги кошта три минути. И да се покаче бројката за скриено катче, минимум 300. Секој може лесно до 100 да стигне.
ја се слагам Секс да е у скриено кажав уште и прошлата недела не само ради манијаци, него не моеш да пишеш нешо од нив пробуваат со своите ,,ставови’’ кои се бај д веј од 19ти век, да ти ја усерат секоја воља за сексуално општење као стварно не ми треба некој да ми филозофира као сите сме исти, као сите трчаме по пари фала брат
ко шо тргнало ни скриеното нема да е скриено пошо сеа сите ќе спамате по форумов да видите шо има таму гес ват делат кондоми и бомбони за беспари
Јас сакам да пишувам за секс. Сакам да прашувам тоа што ме интересира, за хигиена, за опуштање, за други интимни прашања, за контрацепција. Ама ЈАС сакам да пишувам само поради мене, а не да добивам разни и безобразни пораки, понуди и слики од мали куриња збрчкани и небричени во лп. Гнасни сте.
затворете си ги сандачињата на нас другите шо ни се затворени, неаме вакви проблеми пошо пазам кому му дозволувам да ми пише
Го затворив. Ама секако SexBoy69SK ќе ме заследи и па ќе цитира до бескрај во секс "Akosi za 20sm pisimi".
Голема штета што и на ЖЕНСКИ форум треба да паземе што и како зборуваме во тие интимни теми оти во секое време може да добиеш некоја фотка во порака од небричени ќебапчиња, понуда за тројка, за анал и така. Срамно е и не треба да биде дозволено.
дур модераторите спијат, манијаците праат `ршум не знам само као дознаваат за форумов моја генерација машките, од форуми само за Редит знаат и толку као женски не знат за ФФ
На Секс категоријата се потребни модератори што ќе вршат 24 часовна контрола. Тоа е категорија која треба да е информативна и едукативна, а е таква каква што е оти нема никаква контрола. Лично не гледам поента да се крие и става заедно во теми каде се говори за обичното секојдневие. Таму можеби може само дополнително да се отвори некоја секс тема.
реално, не пишуваме некои едукативни работи таму освен типс како женското да сврши полесно или побрзо поише се исповедаме таму или прашуваме за совети и после се злоупотребуваат.