Ако дошло до тоа од фемина да се едуцира некој за секс... Си треба сексуална едукација во школите. Само да се спречат манијаци да пишуваат за секој на раат да си сподели свое искуство, едукација не треба да биде на форум во никој случај.
Па Феминка, не е тешко да се дознае. Кога гуглам нешто на македонски прво одговори од овој форум ми дава. Јас пак имам чувство дека скоро сите знаат за фф. Тоа што е замрена таа категорија не значи дека таква треба да е. Нема никаква контрола таму и е хаос. А за да те нападне манијак во пораки, не мораш воопшто да пишуваш по секс теми, ќе те најде во сосем друга тема. Форумите се од информативен карактер, да се сподели и прочита искуство, да се развие дебата. *Не се фаќајте ко слеп за стап за едно зборче. Да едукација апсолутно е потребна во школите и тоа не е ниту тема ниту дискутабилно, но исто така секогаш може да се прочита и научи нешто онлајн од туѓо споделено искуство, совет, мислење. Нели затоа поставуваме прашања овде.
Да де. Затоа пишав, таму може да ви отворат тема ако ги фатите на арните, да разговарате на различни теми како што се тие во скриено. А цела категорија со еден куп подтеми нема смисла да се крие.
Порано таму модератор беше @Dust сега бидејќи веќе не е, таму модерира само @RainBow, а другите и да сме уклучени џабе кога не можеме да реагираме во тие теми.
Мора да има барем една или неколку основни теми од категоријата Секс каде што некој што гугла за некое прашање или проблем ќе може да го постави таму истото. Не си паметна со тоа понижување како може некој од форум да се едуцира за секс и во иста реченица да потенцираш како немаме сексуално образование во школите? Исто немаат сите родители кои збореле на таа тема. И мило ќе ми биде ако дадам добромерен совет на било кој. Иако треба знаењето да се дополни со пораздлабочена едукација (која може да дојде од други страни на интернет), тука пишуваме баш од сопствени детални искуства и тоа е плус. Така да, разбирам зошто категоријата на некој начин треба да е јавна ама навистина, навистина не функционира како треба, за жал.
И? Шо решивте? Лично, сметам дека не треба да се префрли во скриеното. Зошто? Ние шо сме поактивни ( и не толку анонимни) пак не би пишеле се'. Поинтимна тема е, а често пати на форумот се' шо ќе напишиш можи и ќе биде употребено против тебе. Ама тргнувам од себе, искуства не би споделила, единствено совет би дала. Решение се повеќе модераторИ, построго, да се бришат сите прости мислења. Оти стварно е грозно то шо се пиши. Да си го најдиш мислењето меѓу 30 à la Адам Лабунски, не го бива. Никој од нас активните не би се спуштил на такво ниво. А во скриено можи да има една тема, па кој сака нека пиши таму. Да имаме една привилегија. Во последно време се реинкарнираат теми од пред 10 години само да се стигни до фамозни 100 мислења. Треба да се зголеми бројот. И по можност овај пат да не е само напразно пишење оти сигурна сум дека ова истото еднаш го пишев.
Дали Реин се обидува да го убие форумот и зошто? Морам Реин да пишам, пошто не верувам дека има други модератори што модерираат. Да, дискусијата во мјф беше дебело оф- топик ама префрли во тема феминизам па нека тече муабет. Форумов се претвори во поздрави и честитки- среќен роденден на Маче од другарките и фамилијата. Се друго е многу тешко да се модерира.
Леле те молам избери си роденден форумски измислен, ќе ти честитам секоја година со Среќен роденден маче Ако не ме банираат де
Каков муабет? Пола беа навреди и мајтапење. Немаше да има смисла да се префрли, ниту пак ќе продолжеше во некоја конструктивна насока, ќе беше навреди кон едните или кон другите. Па после јас не сакав тука да пишам, зашто ми е редактирано мислењето, подобро да избришевте место вака... Инаку, слободно можете да си отворите дискусија на темата во Феминизам, која нема да почне со навреди и исмевање.
Избрано- 29 ти февруари . Пошто многу ретко ќе се паѓа, можеш секој ден да ми честиташ Ако не не банираат @RainBow не зезај, Балзериан (или како и да се викаше) и модерен феминизам во еден пост - тоа е суво злато и неповторливо, не мислам дека некој има толку талент да ја реплицира дискусијата. Ви посакувам пријатна вторничка вечер и ви честитам Водици.
А може во толку години веќе сто пати го имам видено истото сценарио, па јасно ми е како ќе оди работата.