Не можеш сам да си го избришеш.Ако си споделил некоја лична информација тогаш админите ќе те означат како јусер12345,и мислењата ќе ти стојат. А,ако не сакаш веќе да доаѓаш на форумов,само одјави се.
Зошто не банирате машки членови што само коментираат во секс темите и замараат? Си го затворив сандачето и ливнав разговори со сите луѓе одамна, без разлика машки или женски, чисто затоа што не ми се разговара со небитни ликови онлајн, ама неможам да се воздржам а да не испцујам некој кога гледам дека член пишува исклучително во секс темите како недозреана шупелка. Само за тоа ли е женски форум, за тоа служиме ние? Превземете нешто. Форумот пати од лица со испеплетени интерперсонални мисли и компекси, ама барем не мора сите да сме изложени на секакви гадотии залутани од кузнај каде. И рефератите напишани со латиница, интерпункциските знаци се само апстрактен поим. Има неписмени, уличари, мамини мази и све остало на памет. Тргнете ги.
Почнувам да мислам дека овие што спамаат за pump_upp се како хакнати од тие што сакаат да рекламираат. Или ги плаѓаат за да го рекламираат на форумов.
Кога ќе го тргнете она за форумџика на годината? Не можам да влезам на форумов,а прво нешто да не е тоа да го отворам. Сори,нот сори.
Вака, да прашам, по не знам кој пат: до кога ќе оставате „бисери“ од конкретни форумџии да висат на форумов и до кога ќе бидат толерирани? Ниски навреди кон други членови, оправдување насилство? Мислам, дали воопшто читате што се случува и дали сте свесни колку членови веќе престануваат да ве читаат и да пишуваат овде баш поради „мудростиве“? И пред да рече некој „ако не ти одговара не читај“- со самото тоа што дозволувате да стојат вакви глупости за секој да ги чита и некој од понаивниве помлади членови да го сфати тоа како нормално, според мене е замижување и донекаде прифаќање на ставот/навредата како да е нормален. Се случуваше со денови да стојат навреди во кои се изнесени и приватни информации од рандом детектив на форумов, јас па за ова сум нашла да зборувам. Дно.
Еее тоа што велиш. И секој има право на слобода, па ај нека ги пуштат и сите силувачи, убијци надвор ако не. Не ги можам со аргументине жими се. Какви глупости се пишуваат и толерираат на форумов, чудно едно.