Очекував нешто вакво искрено, само го чекав денот некој/а да премрчи за банерот и ете си Сѐ е наредено на форумов па сега дојде време и банер да ни смета
Што е најсмешно три дена чет, навреди и препукувања е има, таман ќе стивне, ќе тргне дискусијата нормално и ќе ја умрат после Преефективно
Имаше една опција, да видиш кој член последно се логирал на форумов, или не е достапна кај секој член, зависи од неговите сетинзи?
Како жтс не ве мрзи да чепкате кај сите по профили и да глумите детективи, како откривате кој на кој е дупол профил, научете ме и мене. Зависи, кај некој може кај некој не, ти си поставуваш дали сакаш да ти гледаат другите кога си уклучена, пр. Кај мене мислам дека се гледа, кај тебе не(ти гледаш ама ние не), кликни кај повеќето на профилот ќе приметиш.
јас им копам по профили кога за иста работа у една тема зборат едно а у друга друго, или коа ми треба стара изјава за контраргумент за газоза така мислам од интуиција која никад не ме лаже и некои потези, кои ме мрзи да ги елаборирам за некои дознавам од други членки пошо се трачари по лп не знаеш ни сам колку сите зборат сите, а никоја јавно не пишува освен јас, и одма ме бришат секако
Женска интуиција. И по стил на пишување и по тоа колку е членката информирана за форумски муабети. Првото го немаш. Вештина за второто и третото можеш да развиеш ако се активираш повеќе.
Најинтересен феномен тука е што најголемите трачарки во ЛП, по мислења на форумов изгледаат на личности кои на мравка не би стапнале
мех не мора да значи искрено и јас трачарам по лп од годинава, пошо така си заслужиле поедини, а и не трпам да ме заќутува некој на секое второ, затоа у лп охооо знаеш шо све сум дознала ахахахахахахах ллелеле какви пациенти имало овде ама никад нема да кажам само пошто сум ветила. иначе... скраја да е више не пишувам нишо овде за мене, ни слики не ставам ништо а сум аждаја/
Зошто мислењата од 'заработи преку интернет' ми беа избришани? Причината е РЕКЛАМА Јас никаква реклама немав ставено, нит просечно нешто конкретно @cresa-jagoda ?
Кога бришев, одеднаш се праќа исто известување на сите, а известувањето се однесуваше на членката што го стави линкот за да рекламира и отварајќи го нејзиниот линк да заработува. Па ја избришав и неа и вашите одговори
Слики не ставајте. Има таму една тема каде си ги сликате косите. Ќе ве препознае некој. Инаку, сите сте многу убави, ве видов таму. Јас не би постирала коса, затоа што ми е специфична и ќе ме познаат. Тоест и вас ќе ве познаат, секако оние кои ве знаат во живо.
Јас лично не чепкам многу по стари мислења зашто очигледно не ми е тоа најбитна работа на светот, ама за луѓе што се многу активни и ги има секаде лесно познавам кој како пишува и некако интуитивно ми доаѓа да препознаам нов дупол профил. А може па и грешам, не знам.