Зашто вртам низ оние мислења што ми се допаднале и некои немам дозвола да ги видам? Како претходно сум имала?
Мене ме интересира зошто е заклучена темата Модни критики ( за не толку храбри) фрминки.Баш ми беше интересна тема а и колку што можев да забележам нема некои препукавања и офф топици.
Општи прашања Како да Цитирам дел од нечие мислење не целото за целото знам. И, како да ставам слика бидејки на одредени теми се закачуваат слики од одредени производи козметика итн. Ви благодарам однапред многу би ми значело доколку некоја од вас најде време и ми појасни.
Ме интересира зошто сеуште не се избришани сите слики од БетиБуп и кога повторно ќе биде отклучена темата Модни критики(пошто гледам дека е расчистена од офтопици)?
Општи прашања За да цитираш ДЕЛ од нечие мислење, кликаш на Цитирај и потоа бришеш дел од туѓиот пост, оставајќи го само делот што сакаш да го цитираш. За прикачувањето слики: za-forumot/kako-mozam-da-stavam-slika-na-forumov-t1895/?hilit=%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0
Вака, нели на секоја тема најдолу има види мислења од 1 , 7 . дена, 1 година..... Јас стегнав да ги покажува само мислењата од последната недела, и сега така си остана. Го менувам да ми ги покаже сите мислења, ама неможе. Сто пати го сменав, ама нејќе, кога отворам нова тема пак ги покажува мислењата од 7 дена. Ееее веќе на живци ми оди. Што е проблемот , знае некој?
^molikaMk оди во контра панел, па во прилагодувања, па во опции за приказ, и најдолу Прикажувај мислења од претходните: обележи сите мислења. И на крај стисни Испрати
Прашање бр. 1. Што кога одвојуваш време да напишеш нешто (ништо битно ама ете, си трошиш време, можев пример филм да гледам наместо тоа, попаметно ќе ми беше), па за миг од секунда да ти го снема зашто така му пукнало на некој модератор, правилникот на форумот вели да не се полнат темите со оф топик и да се пише лп до модераторот, ти го правиш тоа а не си 'удостоен' со одговор (бтв, пораката содржи и едно учтиво 'ќе те замолам')? Прашање бр. 2. Не е ли последното наведено премногу арогантно за еден.. па форумски модератор? Прашање бр. 3. Што велите, за колкав временски период ќе ми го снема мислењето од тука? Прашање бр. 4. Дали сега ќе добијам бан? Оф топик - Можам да истролувам 50 мислења овде, се кладам дека сарказмот нема да биде препознаен и мислењата ќе стојат (well.. I've seen it before). Кога ќе напишеш нормално мислење - сас ќе го снема. Многу јака моќ на проценување и јаки критериуми, нема што, просто да станам верник и да почнам да се крстам. Постов не ќе постоеше да `и беше прв пат.
^Постот ти беше сосема оф-топик. Прво, рече дека се сложуваш со претходниот пост, за сложување се става лајк, не се пишува пост. Друго, ја спамираш само темата, веќе изнесе мислење дека не ја пратиш серијата, дека ти е проста, итн, итн, па нема потреба и понатаму да се полни со оф-топици, расправии и сл., има луѓе што ја пратат серијата, сакаат да си искажат мислење, да прашаат за нешто што пропуштиле... Еднаш поради твоите постови беше заклучена темата, ако добро се сеќавам, а верувам дека и другите членки што ја пратат темата и коментираат во истатa ќе се согласат со мене. А и не е само таа една тема во која си предизвикала расправија. И се извинувам што не ти одговорив на пораката, имав намера, ама сосема изумив, па еве вака јавно ти одговарам штом веќе си ме прозвала. Поздрав.