Одамна немало квалитетна дискусија и тоа не е непознато. Дискусија се води од затворен круг, со одредени членови што се дружaт меѓу себе. Имам приметено дека кога некој (било кој) ќе се изјасни поразлично одма е на мета и тоа е често проследено и со навреди. Ако мене лично не ми се допаѓа твое мислење, тоа не значи дека јас не те почитувам како личност - туку дека конкретно на таа тема не се согласувам со тебе. Исто, не значи ако не се согласувам на таа тема, оти во друга тема нема да се согласам, ако делам исто мислење. Не знам што толку лошо се гледа на ова, нормализирани работи кои веќе се секаде, тука не се за спомнување. @Biljarkata
Дислајк не мора, ама да има реакции како на Кајгана(барано повеќе пати и исто и други предлози во темата за предлози, ама никој не слуша). Озбилно, лошо е што форумов одамна не е апдејтиран.
Немате цврста психа вие за тоа што го барате, први ќе плачете Ќе се расправате зошто некој дислајк ви ставил кога ништо спорно не сте напишале во постот, зошто такви или онакво емоџи, па ќе се повлечете одреден период од пишување и само вакви ќе ставате за инает...цела драма која наместо да се одвива со зборови, ќе ја гледаме како немо се одвива со мали човечиња со чудни фаци.
Мислењата секако ќе бидат со зборови. Реакции ко на другиот форум повеќе пати се барани што значи дека нема да се драми на хаха или тажна реакција.
Гледам веќе некое време на јутуб не ги покажува дислајковите, туку само колку лајкови има видеото. Ние наназад да се враќаме, со можност да ставаме повраќаници и слично на пост.
Не ја разбирам потребата ни од едно ни од друго. Се губи смислата на сопствените мисли. Многу мислења се форсирани баш поради концептот ,,ми се допаѓа". Од друга страна ,,не ми се допаѓа" би значело мораториум на пишаниот збор кај многу членови. Што дека некој се согласува или не се согласува? Напиши зошто.
Многу сте нежни околу опцијата дислајк, ко небаре крај на свет е доколку некој ми стави дислајк на мислење.
Мене ми фали некоја реакција што не е дислајк, туку срце или нешто ко за поддршка. Пример некој споделува лично искуство непријатно или болно и некако "Ми се допаѓа" не ми иде како за поддршка.