Ако има дислајк опција не значи дека нема да го образложам мислењето. Едноставно на сите некогаш не им е до реплицирање а дислјакот е супер опција ако не се согласувате со мислењето.
На сите некогаш не им е до реплицирање, ама мора битноста на твоето/ вашето несогласување да биде забележана. Ма дај. Еве, немаш лајк, рачунај го како дислајк ако ти е мерак. Ова е уствари интересен феномен да биде дискутиран во посебна тема, ама никој не знае да даде аргументиран одговор - зошто побогу ви треба? Освен @Bridget , ама таа па знае да се изрази и без дислајк.
Кај ќе разберат стари баби на 30+ што се тоа реакции а тек па потребата. Тие интернет не знаат да упалат камо ли нешто друго.
Сите над 30: (Со спуштени наочари на нос пробува да прочита. Не може. Ги зема наочарите од дедото. Пак не може. Подава телефонот на внучето да ѝ прочита. Му вика: те молам стисни ми се допаѓа.)
Вашите мислења се доказ дека не сфаќате. Жалам. Ама, еве ќе дадам шанса. Ако некој/а постар/а од 30 сфати зошто пишав така, нека пише. Ќе му/ѝ го прифатам мислењето како мислење на вреден исклучок.
Такви ни се годините, шо едино се плашам од зачепена аорта ради покачен холестерол. Ние втора светска ја преживеавме, на повидок и трета, од дислајк на форум ли ќе се плашиме? Кој сфати шо сакав да кажам, а е помлад од 30 години, ќе му го прифатам мислењето како... Уствари такви ми се годините шо ме заболе кој ќе ме сфати, а кој не. хаштаг
You and me both. На баба ми еднаш и' вадев пари од банкомат и ме прашва оти овај компјутер дава пари, а тој дома не дава? Е оти де, оти. Можи едно за поддршка да, не секогаш е за лајк и една цепка сакам да не мора да се надоврзвам на смешни мислења, оти морам да дам до знаење дека е смешно. Не ми се битни, има побитни работи. Можи другите форуми имаат рекации не знам, ама ми се мнооогу несредени и мачни за читање, овде убо е, прегледно.
Јас па мислам дека вие 20 годишните заборавивте да зборувате.Порано имаше здрави дебати,одевме на кафе и се убивавме правејки муабет.Сега со тие ваши емоџи хаштази мимики заборавивте да користите зборови.Најлесно ви е like I unlike, follow I unfollow
Ќе им олесни дури ич, не бе Розе кај овој народ не поминуваш само со дислајкот, не му прај рает душичката ако не се сконтри и во коментари
Душо изгледа на нас бабите не не боли збрчканата тииит за шансите. (п.с внука ми ми ги укуца овие, не знам како се викаат)
Абе никој на 20 не користи сериозно емоџиња, не знам што е со муабетиве тука . Баш кај 30+ се најпопуларни човечињава. А на форумов убаво е да има уште нешто, досадно е вака ништо се нема сменето. Секако, нема да воведат ништо од предлози.