Ама ич не ни е гајле нам дали ТИ ќе ни го прифатиш мислењето или не Од постовите се гледа кој до каде стигнал во животот, така да ако малце сме поискрени, човек што го тера животот, кариерата, со полна пареа, нема време да сервира кафе и две коцки чоколадо во тацна секојдневно по неколку пати. Нека ти текне на муабетот зошто Ламборџини нема реклама на тв и се ќе ти е јасно. Мислам... ако можеш да ме сфатиш де..
Подмоч. Иначе и ја сакам компјутер дома што дава пари. Дали сум баба? Шега на страна, кога ќе се измисли и таков компјутер, а ќе се измисли еден ден пошо сешто измислуваат, ќе излезе дека баба ти била напред со идеите.
Њ... Многу веројатно ќе бидат парите Во компјутерот, ама нема да ти ги дава ... Уствари јас пари само во компјутерот гледам, незнам кај на друго место би биле
Денес научив дека знам дека стареам зошто почнав да користам почесто емоџис. Или сум недозреана. Не знам. Mixed signals. А јас само се осеќам ко со негативна енергија да е се пишано и ублажвам текст. Думајте се на кој сум лута са без емоџис.
Долу-лево ова стои. Цела деценија не е смената платформата. Според тоа колку брзо се менува технологијата, форумов е неандерталец. А 50$ е нова платформа... Сакам да речам, џабе барате дарк мод, или нови емоџи, или апликација за мобилен, или било што... Ни читаат газдите, ни ги интересира. Се додека им прави качинг, не ги боли патиката за ништо друго. Иначе, најмал проблем е тоа во однос на сите глупости што се случуваат на Форумов. Ама тоа во некое друго време, со некои други луѓе, во некој друг живот.
Лелел ко че се собери кланот и закачи 4-5 дислајка иако ти држи вода муабетот, че искиниш нерви дома, че земиш че ја касниш перницата и рикаш од плачење..
Јас мислам дека треба да има можност секој член да може да банира друг член, банот да трае еден ден, па да видиме колку луѓе ќе останат на форумов.
Еве ти, прошири ја и надгради ја темава https://forum.femina.mk/threads/Те-банирам-поради.9630/page-73
Не се емоџињата или реакциите што оставаат ваш печат, туку мислењата. И да, нема потреба да се прави форумот боксерски ринг со такви реакции, многу неубав вајб ќе се добие. А за онакво care во знак за поддршка ми се допаѓа идејата. И мене коа ќе прочитам некое мислење кое ќе ме стресе не ми иде да стиснам лајк, некако неудобно ми е. Размислете за тоа.
Претпоставувам не сум единствена што не и' сметаат толку работи на форумов. Исто ми се фаќа дали ќе има опција за 'не ми се допаѓа' или ќе нема, исто ми е дали ќе има повеќе емоуџиња/стикерчиња или не, не ми е гајле дали има некоја реклама или некој 'билборд' што боде очи на средина на форумов... Единствено ми се допадна мислењето за опцијата 'поддршка', поради веќе наведената причина. Лошото модерирање од некои е вистинскиот проблем и привилегиите кои некои ги уживаат и злоупотребуваат, а за ова дали имало копче мање-више, помал проблем. Секако овде е форум за "забава", не зимаме ние пари па да се расправаме за една опција, ако им е добра волја нека направат, ако не никому ништа.