Абе тоа не е баш добра страна на форумот, но ти ја сфаќам поентата Преферирам сајтови со најминимални и неутрални бои, мислам дека освен во Македонија никаде нема сајтови и форуми со дреч бои како Фемина и Кајгана
@RainBow Има ли некој начин да се регулира спамирање по сите теми со одговор од еден збор, само за да се набилдаат 100 мислења? Девојкава @Cherry Girl нема тема во која не пиша денес, само од неа ми стигаат нотификации…
Абе се шалев . Спојлер Ама и неиронично е кјут. Леле стварно во право си. Обавезно има некој нов барем еднаш неделно што пишува 100 мислења во еден ден. Сѐ си мислам дека е ист човек што не знае што со себе.
Мислам, навистина секоја чест за посветеноста да напише 100 мислења за еден ден, ама… апла се гледа што е намерата. Не е дека не знае што со себе, туку за да чита во скриено катче. Треба да го променат барем над 300 мислења да се отвара.
Епа јас кога зборев да имаат пристап членови над 5.000 мислења сите бевте као еи многу е, премногу е. А сега по врат ви се удара, ако ви е. (ништо лично до тебе,да не ме сфатиш погрешно). Еве не мора да се 5000 може и 1000 да има, скоро сите постари членови имаат над 1000 мислења и не се прават туку така како од ракав. Тоа е сега, не можете за секој нов член да барате бан и да се жалите.
Многу се 5.000 мислења. И не се постигнуваат за кратко време. Тебе како би ти било да ти кажат нема да влезеш у скриено ако немаш 5.000 мислења(а имаш околу 100-200) и на крај само ќе се откажеш од пишување
Па тоа е поентата, треба да е привилегија Скриено катче,да се докажеш ко веродостоен член. Треба да се заслужи пристапот,а не секој лагано да има пристап. Ти си се зачленила на 22 Декември и за скоро два месеци имаш 346 мислења, што значи активно си спамала.
Не зезајте со 5000 мислења, јас сум тука сто години па немам толку мислења. Не дремеме сите на форум 24/7. Башка ако е нешто толку приватно што не сакате да го гледаат одредени личности, не мора да го споделите, или не знам пратете го во групна порака на членките кои сакате да го видат.
Зошто побогу да има воопшто привилегирани членови? И зошто некому да се докажуваме дека сме подобри од останатите за да сме “веродостојни” и достојни за скриено?! Ништо лично кон тебе само се надоврзувам. Скриено катче е воопшто скроз непотребно, оти српрајз српрајз - не е воопшто скриено и е лесно достапно за секого. И кога ги префрлаа 40ка и катчето бев против, демек готово веќе никој не ги чита. И сеуште сум оти нема поента на јавен форум чија улога е да се дебатира, да се советува и информира да се крие било што. Најмалку нечие досадно секојдневие. Сите треба да се еднакви и се да им е еднакво достапно. За останатото си има администрација.
Па затоа што 40ка не е само обична тема како за тебе на пример. Се сеќаваш кога на една членка манијак и симнал слики од Скриено од нејзиното дете па никој ништо не можеше да направи. Тогаш секој имаше пристап. Друга причина ти е што 40ка не ти е обична тема, таму се произнесуваат многу информации. И сигурно не сакаш да ти испливаат некаде, нели. Како јас што не сакав да ми симњаат слики од Модни критики без да ме прашаат, и да ме покажуваат кај стигнат, да си праат мајтап и не знам какви други бљувоштини. Привилегија е 40ка, втор дом на повеќето членови. Во ќошето толку не се комуницира колку во 40ка. Ако не се согласувате и мислите дека претерувам тогаш апсурдно е да се жалите дека некој спамал и да барате бан.