Да те чита член/ка со кој/а имаш долго време муабет и плус имаш контакт и надвор од форумов и член/ка кој/а се зачленил/а пред 2 дена, не е исто. Во првата имаш доверба.Со години си муабетите, не те издава, значи ок личност е. И јас не сфаќам зошто некои премногу споделуваат, па дури и слики со лицето, ама сфаќам дека сакаат подобра заштита. Во втората немаш и не ни можеш да имаш. Не, 5000 се многу. Но... Бидејќи не може којзнае што да се направи, може барем бројката на мислењата да се покачи.Како што пишав и претходно нека бидат 1000 (мада да беше до мене ќе поставев услов со 2500 ) мислења за пристап до Скриено Катче и Реинбоу да прати дали членот/членката спама. Ако спама, бан и готово. Бар малку пораат би се осеќале.
Еве гледам некој нов Мантиса како год да беше спама по темите. Скриено катче удара на психа на радознали,а условот за влез е пресмешен.
Изнесувањето лични информации и слики се на наша сопствена одговорност. Ако решиш да споделиш нешто јавно треба да си спремен на се. Не можам да очекувам лавот да не ме изеде оти јас не јадам лав. Не е точно ниту тоа дека ако е во скриено нештото, нема и да е злоупотребено, ако некој е со таква намера секако ќе најде начин оти еднаш споделена слика или информација на интернет останува таму засекогаш. Затоа секој треба да внимава што споделува. Темата за слики за децата во некој совршен свет не би постоела воопшто. Ова го велам иако и јас имам споделено од моите. Ова е булшит. Имате преголеми очекувања за јавен форум. Форум е за секој да чита не е само за членовите. Ако сакаш да споделуваш тајни со човек од доверба, тоа со другарка на кафе.
Не мора за скриено. Општо дали си спамала? И зошто сега темите како ФМЌ се во скриено? Таму ништо лично не споделуваме...
Не е булшит реалност е, ама не се разбираме затоа што тебе ти се нема десено. Кога ќе ти се деси другачије ќе размислуваш и ќе бидеме на иста фреквенција. Чисто и вашата шминка требаше да биде во Скриено ама моите предлози не се зимаат во обзир. Една Малечка ја отвори темата и стои празна фаќа прашина. На долги стази треба да се работи на форумот, ако веќе го сметаш за јавен форум тогаш скриено треба да е отворено, по твое.
Споделувате слики на јавен форум и очекувате да не ги злоупотребат некогаш и некаде? Се е на наша сопствена одговорност. Јас децата не ги ставам овде, мислам дека само со скриен лик ја ставив ќерка ми. Толку. Нема зошто. Јас се ставам, ама јас и не сум баш толку анонимна.
Добро океј може член што се зачленил да спама во секс категории ќе се откаже ама тоа што некој пишува со години и има милион мислења не значи дека автоматски е "проверен". Малку е глупаво да се очекува на јавен форум дека само зашто во одредена категорија не можат да влезат сите автоматски е сигурна.
Тотален булшит е. Ти значи слики во критики и шминки ставаш само за неколку членови од форумов? Епа како да ти кажам, поентата е тие информации да се достапни и до оние што само читаат. Каква пудра како стои и која сенка како се бленда, како стои некој модел на фустан и идеи за комбинации треба да се инфо за секого а не само за одредени членови на форумов. Кој ќе реши таму да постира е чисто на своја лична одговорност. Не е јас како го сметам. Форум општо е од јавен карактер.
Охоо да знаеме од овие ,,редовните'' на колку сме мета на оговарање, со праќање скриншоти до откривање на профили... Не е се така како што изгледа. И драмите на форумот до сега го докажале ова. Затоа кога веќе споделувате приватни работи бидете спремни на се. Не сме така анонимни на форумов колку што мислиме дека сме.
Имам препознаено неколку ликови на форум, од тоа што пишуваат многу јасно, експлицитно кај работат, како им се викаат децата, колкави се, а и плус забележав лик кој си отвора повеќе профили, па од еден прашува едно, од друг пишува друго, со цел да не биде мета не подбив.
А ти слики од детето ставаш само ради неколку членови од форумов? Тоа што е од јавен карактер не значи дека треба секој да симнува и да изиграва дрвен полицаец врз туѓи животи. Сликите ги ставам пред сѐ за себе, и ти и јас и било кој друг треба да бидеме заштитени на било која друга платформа, не само на форум. Не се разбираме, ти велам.
Мислам дека се подразбира зошто слики од деца треба да се позаштитени отколку тема направена за возрасни луѓе да споделуваат како им изгледа шминката.
зашо све стана мета на подбив. форумов е за луѓето да си го искажат своето мислење,без да бидат критикувани од страна или напаѓани. тие што си имаат различно мислење,нека си имаат. ама пуштете и другите да се се искажат.