Разбирам, да. Некогаш ќе кажеш најобична работа, па ќе ти се нафрлат за ништо. Јас увидов дека некои така прават, креираат друг профил, од тој прашуваат нешто и после ги снемува. Ги имам препознаено. Не треба до толку експлицитно да се објаснуваат. Мала средина сме. Препознав двајца колеги тука, а за друга колешка се сомневам под кој профил пишува. Со колегите лично не се знаеме, со колешката сме пиеле кафе, ама сега со години ја немам видено. Друга работа, едни исти луѓе, истите постови, со ист распоред на зборови ги објавуваат и по социјални мрежи. Негде ќе налеташ и ќе го препознаеш.
Тоа го велам. НЕ. Не го праиш ни ти. Ако ти е само за неколку членови имаш фб, имаш приватни пораки, имаш многу приватни опции. Апсолутно. Ама живееш во илузија ако мислиш дека форумите се семоќни и така функционираат, дека може да те заштити како што ти си замислуваш. На форум ако се деси нешто банираат. Тоа ти е заштитата. Ако сакаш поголема заштита не објавувај ништо што содржи премногу приватни информации и може да те компромитира. А не се разбираме пошо не сакаш да разбереш оти на јавна мрежа која и да е, се што изнесуваш, е на твоја и само твоја одговорност. Предатори секогаш имало, има и ќе има. Важи да, ако се лажеме. Се знае слики за себе кај се ставаат. Дома, во рамка. Жити се дека за себе сликаш што последно си купила кога во реален формат работите ги имаш дома? Така и со се останато. Не само ти, и јас и сите други. Темата за слики од деца не би требало да постои. Се друго е индивидуален избор кај сакаш да учевствуваш. Толку е едноставно. Посебни привилегии за одредени членови оти имале над одреден број мислења? Па никаква логика нема. Поголем број мислења не го праат под дифолт членот квалитетен. Некој со 3 мислења во месец може да е поквалитетен од некој со 3 мислења во 30 секунди и по која логика вториов да нема достапност до некој дел од форумот? За приватни муабети има приватни четови. Играње криенка на форум е жива глупост. Мачкање очи само демек поголема заштита.
И јас имам чат пат ставено слика од Д, ама искрена да бидам, да знам дека мајка ми ставала слики од мене ко мала на некој си форум кај што боже ми опрости се и свашта има, не би ми било пријатно...
Глупости во боја изнапиша. Од една тема отиде во друга. За себе кажи си што сакаш, за мене воопшто немој да кажуваш. Пак ќе повторам не се разбираме и немам намера цел ден и ноќ да се вртам во круг и да се објаснувам. Поздрав.
Дефинитивно мислам дека треба да има повисок лимит за скриено катче ама 5000 мислења е лудост. То е ко јас да видам дека имам 11к+ мислења и да сум ко "лмао 11к+ е таман оти ЈАС можам да влезам" по цена само јас и уште 2-3 да сме. 500-1000, колку да не можи ден спам да однеси некој таму - шр. Добро од скриено катче е за тие шо читаат ненајавени поќе. Оти да, има слики од ваши комбинации, и слики од деца ( генерално одамна имам кажано како се осеќам со споделување слики од деца ама вие си знајте за себе) и слично. И то шо ненајавен воопшто го нема катчето е голем плус. Иако мислам дека треба малку да се крени границата чисто за да не е спам ден away. Ама VIP третман и да е "привилегија", пак, е лудост. Ако сакате нешто приватно напрајте групен чат, приватен форум, твитајте во клоуз. И друго шо ми беше интересно шо се прокоментира тука е дека некој ќе преќинел да пиши ако не можи да стигни бројка. Форумот не е едно катче. Ако преќиниш да пишиш оти губиш бројка прилично јасно се гледа мотивацијата. И последно, само оти некој го знајш вс ако некој не го знајш - не го прај поарен чоек и повреден за доверба. А најубо за да не носите љубопитни таму кај шо не ги сакате е да не спомнувате кај не сакате да бидат. Ама последни месеци само за скриено катче се збора. Нормално ќе има љубопитни. Шо ли има во тоа скриено катче?
Не значи дека секој нов член што ќе дојде знае дека има Скриено катче и пишува само за број на мислења. И јас бев нов член па отварав категории една по една и пишував кај што сакав. Врска немав дека постои скриено катче, ни дека се бројат мислења за нешто. Не обвинувајте одма.
Спојлер Ќе смеам да скенирам сметки за поврат на ДДВ? Абе таму да не клавале сметките за скенирање прво па зато не можат луѓе на ред да стигнат? Ццц. VIP третман.
Спојлер Спојлер Спојлер Спојлер Спојлер Ајде да го глорифицираме катчето за ко ќе стигнат луѓето таму да е underwhelming.
Ти ко ќе пишиш овде, па уште со спојлери, одма тахикардија ме фаќа, да не ти се затнала аорта Спојлер: Спојлер скриена тема, за која критериум за влез е 5000 мислења во скриено Спојлер: Спојлер појма немам што зборите
Најјако е што јас сега дознавам дека требало одреден број на мислења за да влезиш во скриено катче, ооо ти Фридо богињо на смотаноста иначе сега кога дознав, и јас сметам дека треба над поголема бројка барем 1000 за да може да се влези
За предатори мора да се заштите сами. Како што ги учите децата дека има лоши луѓе кои можеби ке сакаат да им направат нешто лошо, да ги украдат, повредат, го учите дека не смеат да земаат ништо од странци, муабет да прават, итн, така и вие треба да се однесувате. Колку детали ке откриете за вас е ваше право и одлука.
Од оние тангите црвени со банана на слика. Слика во скриеното. Ако е дозволено вака за скриеното јавно да се пиши, дали можеби има некое тајно катче за тие со над 5000 мислења...хм...
Za toa kje mora da se potrudish da vidish. A te za tie nad 10000 Спојлер: S Eve @NarCis@ ushte malku tamu kje bide pa kje kaze