зошто да го банираат? Нека пишува да знаеме што се' има out there. не може да очекувате на форум сите исто да мислат. Форум е, ако не..
Затоа што на женски форум пишува дека тие жени што трпат насилство не поставиле граници на почетокот од врската и не кажале дека не сакаат да бидат тепани. Тепани биле тие што не кажале. Мислам whatever женски/машки форум, мајндсетот не е за на интернет.
А ако не е на форум ќе престане да постои? Не е мајндсетот за на интернет, ама ги има се побројни, се пострашни.Само интернетот да се запре, друго чаре не гледам.
Ти лајкнав и ти одлајкнав. Не е проблем интернетот. Тој всушност ни овозможи да дознаеме нешто надвор од 'вестите' на МТВ1. За прв пат во историјата на човештвото можеме да влеземе во сечиј дом... виртуелно. Да ѕирнеме кој-што крие... какви се' не има. Информациите се моќ.
Сега, да ти одговорам како Кили-ма немој да ме....тиит Вестите од мтв беа супер а луѓето што не знаеа на читаат и пишуваат немаа ни визибилност ни гласност. По медиуми сме гледале и сме читале професори, музичари и уметници,. Затоа никогаш во животот ниту сум видела, ниту сум сретнала Ендру Тејт. Сега во секоја држава има барем по еден, со растечки број на следачи. О идиократијо, влези, не собувај се.
Нема да исчезне само ќе нема барем тука простор да шири шовинизам. Ако веќе се залагаме на форумов за феминизам и сѐ што иде со него, тогаш со сигурност не му е местото овде. Тенка е границата меѓу слобода на говор и говор на омраза.
Како да не. Гледавме комунистичка пропаганда. Ние сеуште се залагаме за феминизам. Иначе, нема говор на омраза. Многу е интелигентен. Се што напиша спаѓа во слобода на говор.
А монти пајтон гледавме или не? Мислиш ќе испадневме вакви ко што сме, да бевме баш од северна Кореја ко што портретираш? Со Ендру шо праиме? И со неговите растечки клонови?
Тоа не е причина за бан... И мене некогаш не ми се допаѓаат нечии мислења или како некој се изразува па не мислам дека треба бан да добие само затоа што мене не ми се допаѓа...
Па не беше Северна Кореја, ама не беше ни ЕУ. Оти ако беше, уште на крајот на 70тите Тито можеше да ја припои и скроз да ги прескокнеме братоубиствените војни, деценија подоцна.
Членот има некои мислења што не чинат. Но, ни едно не е за траен бан, можеби привремен бан од тема 3 дена или повеќе од цел форум. Ако вака гледаме, тогаш бан (привремен де, да не испадне ту мач) треба да добијат и неколку членки кои користат тактика на извртување мислења и дури навреди кон членките муслиманки.
Таман. Еден екстрем не може да постои без друг. За баланс во универзумот. Еве, почнува да ми станува појасно
А да се отвори тема од каде овие екстреми и екстремини идеологии, поштовање Тејтовско излегуваат од горе,долу, лево, десно и зафаќаат се повеќе замав ? Мислам попаметно. Психоанализа малце социјално-општествена да удриме.