Не е таа арогантна, вие ја гњавите. Шо ако праша? Ко ќе е е нешто скриено, уште поинтересно е. Сенкир вие различни сте. Луѓе сме сите, љубопитни. Нема ништо паметно во Скриено Катче, иначе. Има теми со лични слики, теми за чатање, тема за 'отворање душа' ... и гледам блогерките ги префрлиле... изгледа му е страв да не добијат тужба и од нив *Глејте сега како ќе ми стегнат бан, оти ви ја покажав 'мапата до Светитот Грал'
Моментот е шо фразата ,,скриено катче” им е тригер да спамаат. И не е исто дали ја и ти шо сме сто години овде ќе иаме акцес до темите, и некоја од вчера. Од кај да знаеме дека нема нешо да се злоупотреби. Ние шо сме до години овде, малтене си се знаеме више. Некои сме се запознале и лично. Ја од постариве више ве знам која каква е, со која на кој начин да разговарам, кој каков човек е. Плус више секоја втора има дупли профил. И од особи ко Карамиа исто нема спас. Вчера една у СДК пиша ,,бев банирана дојдов со нов профил” И ДАнгел може да дое со нов профил и да има акцес у СК. Сеедно ќе ви е? Мене не би ми било искрено. Пошо знам као на кварно пробувала да добие инфо за поедини членови. Зашо да може да гледа таму ептен приватни работи? Некои ставаат слики и од децата. Од кај да знаеме дека некоја нема да го злоупотреби тоа? Ние више си се знаеме. Ја пример еве те знам тебе дека ич таквото не те боли и дека пример да ти кажам која сум со име и презиме, дека нема да кажеш. Или ако постирам слика у темана за шминка, дека нема да се замараш да ме бараш. РЕТКО која од новите има СОДРЖАЈНО мислење. не викам да пишуваат реферати ко мене и тебе. Не се сите надарени за тоа. ама запратете у кои теми и какви мислења од факинг 2,3 збора имаат новите членови, а какви ние постарите. Ја пример у темите за игри пишувам 2 пати годишно. Или пример ,,шо телефон користите” Ајфон Кој ќе оди на одмор во Грчка? јас и така ќе спама дур не начука 500 мислења Нека идат да разглбаат за global warming, за политика, за Корона, за социјални проблеми. Или тоа е превише?
Оние што злоупотребиле, најчесто се оние кои подолго се членови на форумот. Проблеми настануваат меѓу тие што се 'познаваат', не тие што не се знаат.
Немој да бидеш толку сигурна. Баш новите членови од кога е направена новата платформа се толку поулавени за скриено катче. И многу се зачленуваат ради тоа скриено катче за да видат што е тоа. Кога беше со цветчиња платформата никој нит прашуваше нит знаеше за скриено катче се додека не беше исполнет број на мислења кој не беше 100.
У право е @WildMk поќе срања очекувам од стар, него од нов член. А за ДАнгел уште ми е криво шо е банирана, за жал направила глупост и ок, ама и понатаму важи за еден од најквалитетните членови што Фемина некад ги имала.
Епа изгледа ја сум наивна. Пошо секад тргам од себеси. Затоа го папам цел живот.. Мислам дека другите мислат ко мене. А треба ја да почнам да мислам ко нив, за да не бидам заебана
Идејата е да не е достапно за луѓе што не се членови на форумот оти се теми кои нема никаква потреба некој незачленет да ги чита (односно не се теми за развивање дискусија, совети и слично). Некој што СТВАРНО е нов, а не реинкарниран, таман одма да има пристап нема "ќар" од тие теми. Така што, некоја кратка "аклиматизација" е сосема ок, ништо посебно нема во ск, теми кои не искачаат на гугл, ниту има потреба да искачаат.
Од она што јас сум видела, тие што се знаат, се издаваат меѓу себе. Посебно лични податоци. Треба да напишеш 100 постови. Барем така беше последно.. Ти, би требало да го гледаш...
Стар член кој го познаваш и надвор од форумов и нов член не се исто. Го знаеш стариот, тој те знае тебе. Не те издава, не го издаваш. Врз основа на тоа може да изградите доверба еден во друг. И да не е довербата целосна и да се деси нешто, му го знаеш идентитетот и полесно можеш да преземеш (правни) мерки. Во нов не можеш да имаш доверба. Тој нов може да е и некој стар кој бил баниран со причина (вакви веќе видовме). Инаку, за катчето не се даваа прави одговори бидејќи никнаа профили неактивни со месеци или години и прашуваа за тоа. Тие профили се сомнителни. Сомнителни бидејќи е веројатно некој од форумов да им праќа скриншоти на некои фаци. Поради ова не им одговарајте повеќе. Кој како ќе си ја исполни квотата ќе си види.
Гледам сите чии приватни податоци беа јавно изнесени, правно го решија оти ги знаат... Само кавги излегоја.. ништо друго
Не знам што и' се нафрливте на @Евроазија , правилно си кажа. Кога ќе го достигнат бројот потребен за да им биде достапно скриено катче, тогаш ќе видат колку требало. Дека нов член па ајде нафрлајте се, а постар член не е проблем ако спама и ако се опседнува со форумот. Некогаш се чудам за какви работи се расправате.
Што е со скриено катче? Пред да престанамда го користам форумов постојано таму читав, сега приметив ми го нема веќе