Јас кога го отварам форумов одам во непрочитани мислења и сакам да видам кај има актуелна дискусија, не да ми излагаат 150 мислења од што јадевте денес и дали носите кармин. Мислам дека треба да има некое ограничување за нови членови колку мислења дневно може да се напишат.
дефинитивно ако не спамаат у секс и игри пошо изглеа знаат дека не им се рачуна у игри почнаа сеа у тие за храна пошо исто се ко игрицине вчера испоспама една на макс или завчера коа и да беше не сфаќам, толку не се компетентни едно мислење да напишат? знаат само у теми со два збора да пишуваат? или да билдаме бројки за жал на тоа се сведува форумов ќе билдаат бројки за да го бутаат носот насекаде треба да се напраи малце регулација за нови членови пример прашалник при создавање профил ама @Femina и @Mihajlo ги заболе, така ли е дечки?
Баш ќе беше интересно сега пред да направи 250 мислења да ја баниравте, па да паднеше цел труд во вода
Правилото за сите да важи ич нема да биде лошо Па тоа време е, времето е пари, башка трошење ресурси, вака ли зелена економија Ај да видам колку сум пишела денес
Абе добро дечки, сега не можете да им браните на луѓето што, каде и колку да пишуваат. Форумот е јавен и секој може да си го искаже своето мислење и да пише во темата која му е интересна. На некој форумов му служи за тепање време и забава, не за сериозни муабети и дебати, секој со своето и мислам дека не треба никој да се меша во тоа. Затоа и има милион теми и секој нека си пишува кај сака, секако доколку е во склад со правилата на форумот, да нема навреди, пцовки и недолични работи и да се однесува пристојно со останатите. Спамале или не, тоа е форум, затоа си влегуваш само во теми кои те интересираат и во кои мислиш дека вреди да се вклучиш во дискусијата, останатото што не те интересира, игнорираш и не се замараш ич. Спамови секогаш ќе има, неизбежно е тоа. Ама добро, може да стават ете како што рековте ограничување некое колку мислења можат да се напишат дневно но нека важи за сите, да нема дискриминација. Иако според мене не е некој проблем тоа, ех бе најголемата мака тоа ако ви е, блазеси ви.
Кога ќе се воведе трофејот „форумџија на годината“, како што има: 200 Форумџика на годината Честитки! Победничка си на изборот „Форумџика на годината“. Покрај подарокот, добиваш и 200 поени.
Епа,првичната идеја била форумов да биде женски,а со тек на време доаѓаа и машки,па сега не е само женски
Немаш шанси ако се понашаш идиотски. Треба да си активен со асални мислења. Ако пишуваш несоодветни мислења и недолични пораки како што прават некои од машките тука, секако дека ќе немаш шанси. Ни за номинација, ни за победа. И треба да се приклучиш на некој од клановите и таборите тука за да си ги зголемиш шансите.