И мене ми се појави ова. Бев во друга држава некое време и не ни пристапив. Не дека нешто којзнае што ќе прочитав..... Сега пак треба да патувам и очекувам дека исто ќе се случи.
Дали може да се пише основана причина за постоењето на скриено катче, односно поточно за условот со број на мислења? Дали на форумот треба да се привилегирани само тие што пишуваат многу? Или само за да се постигне голема бројка на мислења треба да се пишуваат секакви глупости? Јас сум член од 2019, сакам да се информирам, читам искуства, но не сум толку активна во пишување, зошто не би имала право на одредени теми?
Кажано е неколку пати. Другите не се криви што не си активна. Бројот е зголемен поради безбедносни причини.
Баш. Скриено катче е врвот на информации, алфа и омега, каменот на мудроста Денес Лиле92 во зелено фустанче била на кафе Се извинувам ако вистина постои Лиле92
Aaa не така. Па баш скриеното катче изобилува со „врвни“ теми од типот на македонски јавни фаци, инста блогерки, модни критики иии да не ја забораиме најјаката 40 - ка. Реално најинтригантните работи тука се наоѓаат, да не се лажеме. Не? И со право вика дека се чувствува непривилигирано, отфрлено и надвор од дешавките.
Па, види вака... Со оглед на тоа што 80% од дискусијава на форумов се одвива во скриено катче т.е во 40/ка, во право е членкава... Жално е за форумов, ама вистината е таа.
Aa невермајнд сега видов, а оти "Што си купивте денес" сеуште не е во скриено да им се придружи на мудростиве?
Пошто тоа се круцијални информаци битни за јавниот интерес Од 10 последни мислења на форумов, 11 тото е во скриено. Толку за битните информации.
Никакви мудрости. Тоа само зборува на кое ниво е сведен форумов. Ем, 80% од дискусијата се одвива на една, две теми, ем дискусиите им се петпарачки муабети Ама... не е важно тоа, важно кликови има, пари се праат Иначе, Биле @Biljarkata мислењата од скриено не излегуваат во 10 последни мислења