^И ти имаш право, а и друг секој што е член на Фемина има право да пријави твое мислње(или било кое друго), и долу во прозорчето да наведе зошто. Доколку е логично,нели доколку држи вода ќе биде отстранаето можеби мислењето (претпоставувам,незнам каков им е протоколот на работа на модераторите). И се разбира ништо чудно и некој да биде опоменат преку ЛП, а доколку е нешто ептен лошо нема да ме зачуди да падне некој БАН. п.с. не те разбрав баш за што точно ти треба, ако сакаш пиши поточно,може некој ќе ти помогне.
^Може, влези во пораката која сакаш да ја пријавиш. И во десното ќоше на пораката имаш Х имаш ! (извичник) и опцијата цитирај. Кликни на извичникот, одбери "навредлива/несоодветна содржина" и подолу во квадратчето пиши што и како.
и ако пријавиш што моше да се случи ? мислам што кје направат дали кје ти го затворат профилот или кје побарат нешто друго помош од полиција и слично..
^Ејјј смири се .... нема овде да се играме крадци полицајци Вака, ти пријави си го мислењето за навредлива содржина, и модераторите доколку утврдат дека е тоа точно. Ќе и посочат на феминката што ти ја пратила пораката тоа да не и се повтори, или незнам можеби бан на одреден период или засекогаш. Незнам тие работи кај нив како одат. А тоа полиција и чуда незнам јас таа работа, глупо е и да зборам кога незнам за што се работи.
^уживај не се замарај. А и логично размислувај, како некој може да ти дојде дома ако не си и го открила идентитетот.
Извини RainBow. Сега видов дека мислењето сум го пратила на тоочна тема ама ми било преместено а незнам зошто. Ќе можо ако знаеш да ми кажеш зошто? Вака: Во темата „Среќен Божиќ“ имав напишано мислење,а веднаш потоа напишав мислење во СДК исто така поврзано за Божиќ. И мислењето што го напишав во СДК ми го преместиле во темата „Среќен Божиќ“ и сега имамм 2 мислења едно под друго во оваа тема. Зоштооо?
Нова сум на форумов,но прилично долго ве следам па сеуште незнам многу. Затоа да ве прашам знам дека прашањево е поставено 4345465 пати ама ајде и јас да прашам,зашто неможам сега да пребарувам 132 страни Ќе може ли некој да ми каже како да поставам слика во мислење ?
^тоа е од интернет како што ти пиша очила. А од компјутер, кога ти се појавува прозорецот за пишување пост(мислење),доле под копчињата Зачувај,Прегле,Испрати, имаш Опции, и до него Прикачи фајл. Ќе стиснеш на прикачи фајл, ќе ти се појави Choose File, ќе кликнеш на него, ќе ти се појави прозорче од компјутерот, ќе ја најдеш сликата ќе кликнеш на неа,ќе стиснеш Open, и ќе ти се затвори прозорецот. Потоа стискаш на Додај го фајлот, ќе ти се рефрешира цела страна, кликаш со маусот во делот накаде сакаш да ти биде сликата, и потоа доле стискаш на Постави како текст, кога ќе го завршиш постот, по испраќањето би требало да се појави.
^Средено е, затоа. Се изместува страницата кога цитирате повеќе постови, па некој дел од кодот е избришан. Проверувајте пред да го испратите постот дали е се во ред ако цитирате повеќе постови.
Каде може да се пишуваат новости поврзани од секојдневниот живот без разлика во која категорија спаѓаат? Има ли таква тема?