Ок. Не сите ги спориме бановите. Некои од нас само сакаат да знаат што е одлучено. Само таа е привремено банирана, а онаа е трајно поради навреда. Доволно ќе е. Кога не кажувате јасно, ќе се соочувате со критики. Проблемот со постапките... Бриџит доби само привремен бан кога се потсмеваше со траума на Вајлд. Премногу ја толериравте и кога вреѓаше други. Бубаче требаше да добие траен бан уште тогаш за респираторот. Да се стави на скала се гледа дека е нефер што доби бан за нешто поблаго кое и не беше целосно нејзина вина бидејќи беше испровоцирана од другите.
Ова и јас го имав предложено, уште пред веројатно повеќе од година. Се пишува во темата кој е баниран, ама не зошто, а секогаш следуваат после прашања што, како, зошто е некој баниран
И да пишеме зошто е некој баниран ќе биде поради прекршување на правилата, навреди... Нема да ставиме скриншоти од целата расправија и навредите секако. И на крајот пак ќе дојдеме на истото. Доби бан поради сите овие причини на крајот. Привремениот бан би требало да даде до знаење дека таквото однесување е непожелно, односно ова, Ама, кога некој упорно и упорно и упорно го прави истото тогаш се гледа дека привремениот бан веќе и нема некоја смисла. Пак ќе кажам, од една страна сме претолерантни, од друга не би требало да банираме, е добро де, само некоја навреда било. Се додека лично не се најдете навредени е тогаш мора одма бан, ама додека другите се караат и расправаат, само навреда било. Пак ќе кажам, ниту еден бан не го доделуваме туку така, ниту пак за ништо, ниту пак за една мала навреда, еднаш рекла нешто и одма перманентен добила. Знаете дека не е така. Толку за бановите, мислам дека подбро ќе биде да се дискутира на нешто што е поинтересно од ова.
Вилицата буквално на земја,, мислам дека сите што ја сакате бубаче назад за да биде иНтЕрЕсНо треба да се запрашате дали сте океј, затоа што insane е да кажеш нешто вакво.
Може да се напише за што конкретно е некој баниран во една реченица и без да се ставаат скриншати од расправија. За нечие мислење да биде наменето како навреда не мора да содржи „магарици“ или било кој друг збор кој се смета за навредлив, напротив, повеќето користат дипломатски речник за да омаловажат или навредат некого, не гледам дека тие се банирани ниту привремено ниту перманентно. Но добро, тоа е друга тема на муабет. Не станува збор тука дека сте претолерантни или пак дека сте престроги, ама дека се врши фаворизирање на одредени членови и се попушта повеќе пати е факт, од повеќе причини. Сега да не набројуваме чии мислења заслужувале перма бан а не добиле, оти ќе настане драма од бранителите на членките. Да те потсетам, јас не се сеќавам едно мислење на „угледни“ членки да имаш избришано од тие што сум ги пријавил, којзнае колку пати, што некогаш дури и завршуваше со афектни пораки во ДМ кај тебе. Како ќе го водите форумот си е секако ваша одлука, но очигледно повеќе членови сметаме дека е потребна поголема транспарентност, особено кога станува збор за банирање.
Епа, треба да си ги преиспитате границите. Кога нешто има голема тежина, треба да се реагира навреме. Ќе биде лекција и за тие кои уште не се за банирање, но идат натаму. И за тежината на навредата. Тоа што модератор не смета за нешто дека е навредливо, не значи дека не треба да реагира. Кога член/ка ви се жали дека се осеќа навредено или испровоцирано (или двете), треба да реагирате.
Тоа со магарици е смешка во споредба со другите навреди што ги кажуваше Вајлд. Имаше големи испади, ниски провокации, а после доаѓаше ко ништо да не било. Оваа другава па од кога ја читам не знае да води дискуЦија, па дури и од најмирните членки го вадеше лошото. Перманентниот бан и на двете им е заслужен и со здравје нека си го носат.
Божем некој од нас побара скриншоти. Спојлер Тоа и онака се прави во пораки од членки кога им се оговара на раат.
Не негирам, можеби, стварно лично не сум ја сретнал во некое одвратно издание но тоа е бидејќи не сум многу активен на форумот. Поентата на муабетот ми е транспарентност. Не може да дадеш пример „ама она навредуваше членки - ги викаше магарици“ и тоа да се смета за валидна причина зошто некој заслужува перма бан, зашто во тој случај 80% од форумот треба да се банира перманентно, вклучувајќи ме и мене .
Па добро, што вика Реин не може ни скриншоти да вадат Јас лично сум ја начекала, што со мене, што со други членки, каде чепка баш кај што најмногу боли. Многу ѝ беше простувано и толерирано.