Очигледно е потребна една чистка, и зголемување на пристап до некои теми. Да треба да пишуваш и пишуваш за да дојдеш до некој пристап. А не вака, а има бука у држава имам приметено тон нови членови , кои не дискутираат него се расправаат…
Да, го движеа форумот со вулгарности посебно од Бубаче, со толку вулгарни зборови некој да навредува немам видено, другите две членки ок ми биле, секој може да биде напорен ако не се согласува со нечие мислење, ама Бубаче беше не знам, никаков речник немаше. Ова е мое мислење, не мора да скокате.
Единствена тема каде што имаше зафркнанција, не разделија хаха. Да се редактирам, па и од другата нова тема не разделија, не дозволуваат да се дружиме, изгледа тука само да се навредуваме сакаат.
Не знам, јас си кажувам лично за мене, тие двете не ме навредиле, Бубаче не само мене, и многу други членки. Едно е да не се сложиш со нечие мислење, па и да се расправаш, ама Бубаче употребуваше вулгарни зборови, сега па ова што го читам со респираторов, кој при здрав разум би посакал такво нешто? Па и за некоја членка што и се доверила во лична порака, почна и неа да ја навредува, па за некоја членка како пишувала со мрсна коса, како да ја видела, ај да не набројувам, има многу навреди.
Не знам како би изгледала таа чистка и колку е тоа во контрола на форумот и модераторите искрено. Пак ќе речам не знам како било претходно. Ама се мењаваат времињата и луѓето, а со тоа и квалитетот на луѓето, а со тоа и квалитетните членови и мислења, и резултатот е тој што е. Светот не е ист од на пример пред 10+години и сега, и тек (ќе) се мењава/ат. Сега тоа е и добра ствар од една страна, и лоша од друга. Во исто време па и дискусиите и мајндсетот на некои од членовите не се мрднати од да речеме некаде 2015-6, евентуално пред пандемијата, а светот е доста променет од тогаш рековме, ама добро. Не знам како планираат и шо планираат, на крај нивно си е и ако сакаат форумот да им се состои од домаќински муабети, бебиња и по кои селебрити и животни скандали, еве сега и тик ток трендови, пак нивно си е.
Вака сега, некои од вас и провоцирате премногу, па секој нема табиет да премолчи и одмине... Еве конкретно, мене, Вајлд ме навредила, паметам убаво... Ама ете, сакам да се врати, интересна ми е за читање... За другите не можам да дадам мислење.... Поздрав до сите ако нѐ читаат...
Бубаче навредуваше. Ние коментираме во тема, а таа упатува лични навреди. Едно е да не премолчиш за нешто, а сосема друго да навредуваш. Таква не заслужува да пишува овде. Не е воопшто интересна.
Во ред, ете мене Вајлд ме навреди со потсмев и цинизам.. Сама си има кажано дека претерува понекогаш... А зар јас и ти совршени сме, не сме, само прашањето е колку сме самокритични... Сите имаме различни ставови во поглед на ова, во ред е, ова е твое мислење, почитувам.
Изминативе неколку години не сум активна како што бев порано, ама сепак го отворав форумот и читав. Дечки, може ми е субјективно мислењето ама форумот не бил вака мирен многу одамна. Мирен кажано во најпозитивна смисла. И да има дискусија, не излегува од контрола. Нема навреди, нема провоцирање, нема страни и страни и страни буквални кавги. Конкретните три членки беа активни, точно. И пишуваа, и правеа да бидат интересни темите, и ги „живнуваа“ дискусиите ама што дека ако истите дискусии по некое време преминуваа во мајки шајки комуникација. Пак ќе кажам- страни и страни препукување. Да ти одмили форумот. И знам дека е непрактично, и секако дека нема да се прифати, ама мој предлог е да не се бришат кавгите и навредите. Зошто не се само трите банирани членки, туку уште еден куп „фини, примерни, културни“ членки си ги покажале вистинските лица под форумските маски во тие дискусии. Кој се погодил тогаш присутен, прочитал. Така да, само строго
Ама сите се препукуваме/расправаме ако не се сложиме со нечие мислење, ама Бубаче апла навредуваше со вулгарни зборови. И мене ме испровоцирале, и јас сум испровоцирала, сме се препукуваме, ама така не сме се навредувале како таа што навредуваше. Поради Бубаче и многу членки банираа беспотребно, меѓу кои и јас, едно е да те испровоцира и да вратиш, а друго е да навредиш користејќи вулгарни зборови, не бираше какви зборови користеше, читајќи ја не прочитав некој неа да ја испровоцирал, туку таа провоцираше дрско.
Не знам за неа, ете не сум дошла во контакт со неа... Не е во ред да навредува со вулгарни зборови, не само таа, туку и било кој...ако веќе ѝ било укажано требало да се корегира... Ама прашањето е дали и колку може, ако нешто носи во себе, вродено е... Ова се однесува за сите нас, сите сме со мани...
Не знам, мое сфаќање за дебата е баш тоа “контрирање“ и секој аргументира свој став... е да, сите во дадена ситуација знаеме да изгубиме контрола, луѓе сме. Ама можеби субјективно, повеќе ги сакам тие безобразните што и ќе ме навредат, него секој трет збор “мила“ а онака, како сум ти мила кога нит се познаваме, него глуматаме фини и добри. Пак ќе кажам, до мене е. Сите три ме навредиле, а сигурна сум дека и јас сум навредила макар ненамерно некого. Со Бубаче не ни сум се наоѓала по теми толку, ама со другите две да.
И јас ги мразам фините со мила, злато, срце, едно е да се контрираш, друго да навредуваш. Има од навредување до навредување разлика, сите сме навредиле несвесно и јас, ама има некои го користат тоа што го знаат за тебе и те удираат таму каде што најмногу те боли, ова општо, јас покасно се приклучив на форумов, и сум немала дебата со ниту една.