Абе да имаме каде да пишеме, на овој моменталниот чет јас неможам убаво да читам. Нека се направи поголем и позабавен. Така никој не е вклучен, кога и да одам.
Да, ама за тоа се во право, таа тема не е за чет како шо праиме ние. Затоа еве, сакам јас подобар чет оти на тој шо е сега стварно неможам.
Темите не се за чет, а ние бараме чет каде можеме подобро да комуницираме за БИЛО ШО, битно и небитно.
Џабе пишувате бе дечки, ништо не преземаат за да го модернизираат четот, колку пати е реагирано за тоа и ништо. Си останува таков каков што е. А секако убаво би било да се промени, вака скоро е нефункционален.
Ајде @Mihajlo, мислам дека редно е веќе да се направи нов чат. Овој моменталниот, очите си ги извадив од него. А и никој скоро никогаш не е уклучен на него. Си ја сакаме Фемина, и сакаме да се дружиме на неа. Би било многу убаво да му направите апдејт. Да можеме сите членки и членови да си пишуваме поубаво. И со лајкови, и со емоџи, слики. И известувања да стигаат. Мислам дека така ќе биде најкорисно. Ете, не сум само јас. И повеќето членови овде така мислат.
Четот на времето беше полн со членови.. 24/7 се пишуваше И на никого не му сметаше што се е така основно и просто, само муабетите и членовите со кои муабетиме ни беа важни Всушност тоа е она што еден форум и чет го прави да е место каде што сакаш да седиш и типкаш пола ден.. Членовите се.. Не е ни платформата што не е апдејтирана 123 години, не е ни малиот број на смајлиња, ни тоа што нема смајли што се крсти (едно време страшно многу барано смајли ) Од тука произлегле толку многу пријателства па и врски надвор од форумот, запознавме и луѓе за цел живот што се вика.. Сме си помагале по болници, по институции, по што ти не.. И на никого не му сметало што е во 20ти век останат форумот.. Така да би ви советувала (а ич не сакам да солам памет кога едвај веќе за себе го имам ) да намалите очекувања.. Тука одамна сите кренале раце од апдејтирање.. Дружете се и уживајте колку можете