Здраво,што се случува со профилот,се беше во ред,сега вака ми дава, а кога ќе го отворам разговорот можам да пишам порака и кога ќр стегнам на кругчето од профилот ја нема опцијата започни разговор,а во пораките стои разговорот
А пораката кога ќе ја пишам се испраќа,или нема врска тоа ако е баниран профилот? И мислењата што ги има пишано уште стојат.
Не знам дали се испраќа ама секако нема да ја прими, перманетно баниран е изгледа. Можеби понатаму читаат модераторите или админите, којзнае.. Битно членот нема повеќе пристап. Мислењата си стојат, да.
Не знам, ама мислењата ќе стојат бидејќи профилот не се брише. Освен во некои случаи ако членот побара со оправдана причина.
Зошто не следат банови за членки/ови кои нон-стоп спамаат со оф-топици по најразлични теми? Сто пати се пријавени, само се бришат мислења и пак се продолжува со истата навика.
Zatoa sto nekoi clenovi se favoriziraat od strana na moderatorite,i jadat ban tie so ne se ni krivi ni duzni,za zal
Зошто имам приметено дека на некои членови им се дозволила промена на корисничкото име? Обично форумски идоли. Ептен е очигледно. Нели не смееше да се менува корисничкото име?
Не е дозволено, туку 2 работи се дешаваат. Или банирани се враќаат со нови профили или членки престануваат со користење на профилите (поради тоа што блиски ги откриле или друга причина), па прават нови профили и сами се пријавуваат кај глобалната за да им бидат банирани претходните.
Прашај ги модераторите и конкурирај, може ќе станеш и ти. Сериозно, и мене ме интересира. Кој знае нека каже.
Е не знам тоа, нека кажат тие што знаат. Да не одиме со оф топици, да не не банираат. Ах да сум модератор, нема да има навредувања. А не ќе навредуваат, нив не ги банираат, туку некој понов член ни крив ни должен го банираат.
А спамања ќе има? Мрчења, истурање фрустрации, подбуцнувања? Користење по двеста профили истовремено? Дај стани, па да здивнеме сите оти тешко ни се пишува.