Многу е интересен форумов. Едно исто лице пишува на иста тема од едно три акаунти, пишува и главнава модераторка , а не приметува.
Треба да има блок опција. Ама, пострашно е што се толерира член кој навредува биолошки жени и поддржува сексуализирање на деца и намалување казни на педофили. Можеби треба да се известат институциите за да им текне дека тоа не е нешто за толерирање.
Ова со профилите веќе смешно станува. Има такви кои од авион се гледа дека се дупли/воскреснати, па ништо не се презема околу нив. Имам и пријавено, но џабе пак си пишуваат слободно.
Koj toa Zoso niso ne primekam Vie sve znaete, koj civ dupli koj so koj ziveel se iskaral, snai svekrvi
Шо пријавуете за во СДК после ноншалантно и гордо да си известуваат со еден од (троа) дуплите дека им кажале за пријавите со смех до осмица.
Ај и мене, знаете дека сум радознал, а и тема во која мене ме нема да се расправам со рандом луѓе не е тема.
Па се толерира и припадник на + заедницата кога се обраќа на член со лично, законско име, ( оти членов сам си го има кажано името пред гооодини,) а на истиот кога му се обратив со лична заменка која не му пасира, цели страни се избришаа во соодветната тема. Едит : Ајде не бил за бан од форумов, али ни за бан на неколку недели и месеци? Плус, имаме и други членки кои исто и име и презиме, и лик и дело им знаеме, па никој никогаш не им се обратил со името.
Вие мислите дека се дупли, а не се, мислите зошто се лајкнале или слични ставови имаат и готово, исти се, мора да се. Сега имаше ситуација таква, а профилите се на различни личности. И само тоа се знае, исти се дупли се, пријавете на што се сомневате и толку. Јас не читам сѐ можно на форумов, не ни можам да стигнам и да сакам во секоја тема секогаш и сѐ да прочитам, или да запамтам кој што каде пишал или се лајкнал и готово, да заклучам дека е иста личност. И не можеме да банираме некој само зошто вам ви изгледало дека е една личност, а немаме никаков доказ за тоа, не оди тоа така. Да, се обраќаат со име, посебно тие што не им смета што ги знаат овде кои се и самите си го кажале името, споделиле некаков настан што организирале или слично. @Feminka22 ќе одмори од форумов една недела, за да не плачат членовите овде од нејзиното насилство и што она ќе им направи во некаков случај. Во абортус ги банирам троловите, ама не пред сите да испишете страници и страници за некој што е трол, самите викате дека е трол, ама пак го храните упорно, наместо само да пријавите мислење и толку. Ниедна пријава, а овде се буните, а самите реплицирате. Само пријавете ги и завршена работа. И, прочитајте ги сите препораките за однесување на форумот, во последно време нема тема каде што нема расправија, навреди. Не, тоа нам не ни оди во прилог, ко што спомна некој погоре, не ни оди во прилог само да ве бришеме постојано, да ве опоменуваме. Културна и цивилизирана дискусија е она што на сите ни оди во прилог, ама изгледа тоа некако потешко се постигнува, најлесно е да се изнавреѓаме, па модераторите да бидат криви. Значи, сите малку смирете ја топката, и дискутирајте според правилата на форумот, вашите лични закачки држете ги надвор од форумот. Ќе следуваат банови од теми за секоја навреда, на три дена.
@RainBow Личното име на Евангелос беше откриено од двајца. А, за нив бан? Не е дозволено да се открива лично име.
Еве, ако не ти е јасно. За вие да не плачете, не модераторите. Доволно сме толерантни кон нејзините изливи на насилство на форумов мислам. Сам си го има откриено името.