Мнг закомплициравте , едноставно, сакаш да си анонимен ќути си, сакаш да лаеш тоа ти е, што си посеал ќе си жнееш. Нормално доколку некој го злоупотребува си има правни начини и тоа е
Епа завршена приказна е ко така, не знам шо се крева толку прашина. Или до тужби треба да “стигне работава”?
У право си за ова, да. Прашина се дига беспотребно, тоа е коа си гладен за драми. Не знаев дека членот самиот се промовирал, денес го прочитав тоа. И дај кажи ти како го спомна, само ко име или што напраи? Линк остаи од социјална мрежа? Ако е само по име, притоа самиот тој си го има споделено, ништо нема тука спорно. Не знам за што точно се препукувавте ама штом го должите толку, тогаш имало нешто, не е туку така, вие си знаете.
Не би требало проблем да има тогаш. Сакаш да се промовираш, да се истакнуваш, па после се жалиш. Според мене, ако само по име си го пишал, а друго ништо не си открил, треба да прекинат со драматизирањето.
Прашањето е дали се доволно возрасни за да имале предмет Етика во школо.... Или премногу возрасни за да ја заборавиле целта на тој предмет.
Ма не ни слушале, бегале. На едно предавање се кажа во стилот (парафразирам, сепак поентата е иста) кој бега од неа, мисли дека бега, сè до моментот кога ќе нема каде да се бега.
1. Не се промовирам, ниту истакнувам, а уште помалку пак сакам да драматизирам. Веќе неколку страни на оваа тема дискутираат за мене, а јас само 2 (ДВА) коментари пишав. 2. Не се жалам. Два пати спомнав дека лично мене не ми пречи и по име да ме спомнуваат, иако мислам дека ќе биде лош пример за другите. И затоа е најдобро правилото за приватност на лични податоци да важи за сите членови на форумов. 3. Зарем навистина мислиш дека би се промовирал овде на форумов каде што ќе ме прочитаат преку сила 30-40 души? Тоа што објавив за мојата промоција на книгата, тоа ли е моето промовирање на форумов? На едно видео на друга социјална мрежа што го објавив за книгата, имав над 50 илјади прегледи. Ако ги соберам сите видеа на таа тема, преку 200 илјади прегледи. Ете тоа е промовирање, а не овде што ќе те прочитаат некои 30тина души Тука објавив чисто вака за некои форумџии со кои што тогаш, пред 5 години, си дебатиравме на тие теми. Ејјј, замислете пред 5 (пет) години сум пишал таков пост, пост кој речиси и сум го заборавил, ама ете некој опседнат со мене го памти и сега ги убедува другите дека сум се промовирал.
@EvAngelos стварно не знам, прееска и дознав за книгата твоја дека си постирал пред 5 години. Добро, промоција или не, сепак некој ќе види. Си решил, си објавил, имаш право што сакаш да правиш. Верувај не ве пратев што дискутиравте, само тука со денови се вергла едно та исто, за откривање на името и дека сам ти си го открил на форумов, а Стејкалм те спомнал по име. Друго неам прочитано. Вие двајцата најдобро си знаете која е вистината. Се надевам ќе се го решите проблемот по мирен пат.
Кога веќе се дискутира за ова, еве и @MandyLane самата има кажано која е. Само во едната тема каде се дискутираше тогаш за случајот и се обраќаа со името, немам видено во друга тема да го спомнат. Верувам дека не би и' пречело, кога веќе сама се има откриено, ама дека на анонимен форум треба да се обраќаме со корисничките имиња, така си е. Но ваков случај не е за бан, кажано е веќе.
Мене некој да ме прашува, сите ќе ве банирав. Од феминисти шо си ги мерат- преку такво Се десило нешто на некоја тема, виделе тројца, и тоа не е доволно, мора и овде- ,,обвинетите,, сами да се пријават (немав појма кој на кого) ,, оштетениот,, уште три пати линк да стаи до темата што сме ја заборавиле дека постои... и така тоа.
А, ти сигурна си дека јас така се викам или... Свашта! Иначе... најмногу ме иритираат двојниве аршини, како на администрацијава, така и на вас членовите. Нит го знам нападнатиот член, нит напаѓачот. Мене ми се исти. Арно ама... на повеќето очигледно не им се исти. Како што гледам по пишувањево, членов чие име е откриено не ви е омилен, па затоа и сеир гледате и не ви смета што му е откриено името. Да е некоја ваша другаЧка или омилена членка, друг муабет ќе зборевте тука. А и Реин со брзина на светлината ќе реагираше.
Јас сум објективна, немам потреба да бранам или оштетувам никого, се вклучив во дискусијата затоа што не ми е воопшто јасно како може да е контроверзно да кажеш име на некој што има ставено своја книга на форумов, на која го пишува неговото име и презиме, црно на бело. Смешна ми е вашата непостоечка логика, Ана.
Навистина е доволно за ова, немаше откривање лични податоци, затоа нема бан. Во случај на откривање лични податоци, односно нешто што член овде не пишал, а е пренесено тогаш следува перманентен бан, како што било и досега. Евангелос ни самиот не се побуни, нити пријави за името, веројатно зашто не е ни анонимен овде, па немаше потреба за долевање масло. И ве молам не продолжувајте со истово, мислам дека доволно се објаснивме неколку пати.
Предлог: делете наизменично банови за да не се поклопуваат одредени членови и да не спамаат; воведете нови (построги) правила и опрајте го форумов; групниот чат да биде подобар - зашто во СДК преминуваат исто цели офф-топици кои заслужуваат да бидат во чатот.