Повеќе пати имаат правено надградба. Оваа што следи баш ќе биде убава што ќе привлече уште поголема присутност. Кајгана ќе заличи на странските форуми. Од кога бараме надградба и за Фемина, но админите изгледа се заљубени во праисторијата...
Можеби, не сум во тек. Мене Кајгана според квалитетот на мислењата, дискусиите не ми е на некое високо ниво, пошо се и сешто поминува таму, ама ете, они прават надградба, а Фемина ќе скапе во 1991 Мики, се слушаме ли @Mihajlo ?
Форум како форум имаш секакви мислења како и на секој друг форум, но на темата надоградувања да доста се ажурни во тој дел.
Потврдувам дека е добар, и е сугериран во соодветна рубрика овде. Го користам барем 5 години. Има и автоматско дотерување во однос на час/време. Сам се активира кога ќе се стемни, со други зборови, на основа на географска должина/ширина. И функционира за сите можни страници, не само фемина. И не е функционира само за chrome, еве јас го користам на opera и на vivaldi. Иако, секако, кога оваа опција би била вградена на страницава нема да има lagging во освежувањето на страниците кога преминува во dark mode.
Кајгана често прави надградби ама редовно е паднат во тие периоди. Плус, не е како што беше порано кога имаше многу активни членови и теми, се водеа добри дискусии... сега се севкупно 20 теми +/- активни и само има препукувања.
Јас оваа екстензија ја користам само на Фемина, сите други сајтови кои ги користам имаат дарк мод, и само на хром - ама да, копатибилна е со сите пребарувачи кои се базирани на chromium. Не е перфектно, има недостатоци, ама веќе се навикнав и ок ми е, од кога пишав до сега го користам константно, голем ми е мониторот и ме печат очи од светлиот мод. По 10282492 пат истово го пишувам ама срамота е, веќе е 2025 година, дарк мод не воведоа на форумот.
https://oakharborwebdesigns.com/blog/how-to-add-dark-mode-to-your-website/#blog-post Еве го кодот во CSS/Javascript. Не е многу работа, но, можеби не е до кодот. Како и да е, треба таква опција, се согласувам, особено што многу луѓе ја бараат.. Ни останува да се надеваме и да ја користиме екстензијата, во меѓувреме, или барем некаква вест/објаснување зошто не се имплементира на форумов.
Да, ова не е Фемина дефинитивно. До градењето и негувањето елитни квалитет на мисла и дискусии, слеш членови вајда е во прашање. Битно се реанимира континуирано... Ај да не го преоптеретуваме премногу, па многу да не му дојде...
Може ли некој да сподели кое е правилото во темата “Слушаме и не осудуваме“? По втор пат ми го бришат мислењето затоа што било офтопик, темата не била за тоа што мене ме нервира. Буквално секој втор пост во таа тема е некаков хејт спрема нешто. @referentka
Треба да пишеш твои постапки или ставови заради кои би те осудувале другите. А не да пишуваш чии постапки и мислења ги осудуваш.
Нема врска, има многу постови каде кажуваат што ги нервира кај други луѓе, па не се избришани. Како на пример: Али нема везе више, по трет пат не планирам да го пуштам мислењето.
Така беше зашто се испомеша темата и дојде недоразбирање кое понатаму се разјасни, ако го прочиташ мојот пост во темата ќе видиш. Нема поента пак да испраќаш оф топик мислење, разгледај за што е темата, па испрати он топик мислење кое нема да биде избришано.
Сметам дека мислењето ми беше во вистинската тема. Ако сакате да ми стои во темата какви луѓе ме нервираат барам целосно да го избришете. Зошто мене не ме нервираат луѓето со висок просек. ЕДНО Е НЕКОЈ ДА ТЕ НЕРВИРА А СОСЕМА ДРУГО Е ДА НЕМАШ ВИСОКО МИСЛЕЊЕ ЗА НЕКОГО. @RainBow @referentka @theowndemon
Предлог: нов лимит за скриеното. 1000 мислења, најмалку (од кои 50% ќе бидат опширни мислења). @RainBow
Премногу непотребни мејлови ми стигаат од форумот. Може ли некако да се исклучи таа опција за да не стигаат веќе, значи преполн ми е инбоксот. Не можам повеќе да бришам.