Драги модератори. Сте ми избришале мислење, всушност, реакција. Сакам да ви се заблагодарам за објаснувањето. И јасно ми е, и во право сте. Никакви забелешки. Мислам дека во најголем број случаи, од тоа што сум видел, сте коректни. Еве, да не бидам од многумината што се жалат. Мало прецизирање (сугестија). Би било добро/коректно/фер да знаат луѓето кој модератор ја направил корекцијата. Иако, можам да разберам зошто не го правите тоа. Но, сепак, етика и куртоазност наместо само прагматичност исто така е корисна. Придонесува кон „духот“ и квалитетот на однесувањето на учесниците долгорочно. (Претпоставувам сум во вистинската тема/рубрика.)
Секоја категорија си има свој модератор/и, тоа го пишува горе, под насловот на категоријата. Доколку не пишува, тогаш таму модерира глобалниот модератор.
Интервенцијата била во категорија каде не е наведен модератор. Затоа бев изгубен. Барав за ваквото правило низ форумов за распределба на овластувањата, но не најдов, ама најдов зошто ми е избришан коментарот/реакцијата, и за таквото правило не бев свесен. Фала ти многу. Значи за други членови коишто се чудат. 1.Под некои категории (не сите), но не и поткатегории/теми/рубрики, под насловот се наведени имињата на модераторите. 2. Ако не е наведен модераторот тогаш интервенцијата е на глобалниот модератор. 3. Не може само да се заблагодарите (фала, благодарам), ако нема друг коментар. (Претпоставувам). Притиснете „Ми се допаѓа“. Поради ова ми беше избришан коментарот. Ако нешто од ова не е вака нека ме коригираат.
Отсекогаш ме интересираше ама не ми текна да прашам тука. Што се овие роботи? Нели има вклучени членови, гости и роботи. Епа што значат тие што ја следат фемина? Мислам на роботите.
Роботи се софтверски алатки за пребарување од други веб страни (searchbot). Пример, ако пребаруваш на google и ти излезе нешто од форумов, тогаш тоа ќе го покаже на форумов како робот од google (googlebot).
Постои начин тема да игнорираш? Една тема само насловот кога ќе и го прочитам ме вознемирува ама ѓаволот ме тера да влезам да читам и сега цел ден ми е расипан
Можеш да не следиш некоја тема, не можеш да ја блокираш. Имало нешто самоконтрола се викало. За победување на ѓаволот
Гледајќи кој сендвич на лајкови го имав од тебе паралелно со известување дека си пишал тука - осеќам потреба да речам извини. Воедно, жалам, не можиш. Можиш да пратиш тема и да добиваш известувања за нови мислења. Ама не можиш да игнорираш. Само можиш да одбериш да не ја отвориш.
Мене ми стигнува известување од теми на кои немам коментирано ама буквално ништо. Не знам ни дека постојат. Како е тоа можно?
Па е банираа у меѓувреме од сабајле Феминка? Бејб ако читаш, остани си доследна на тоа што го пиша (не, не за тоа шо те банираа пак ваљда, тоа другото!)
Убаво што се дозволуваат дијагнози на форумов. Како и да е, совети и лични пораки од нив, и на нив слични уопште не ме интересираат. Друга ствар, од кога тоа форумот има (легално) право и дозвола да (континуирано и безсрамно) профитира и ја експлотира содржината на коментарите на неговите членови?
Очигледно, повторно е банирана во многу кратко време… Зошто точно, не знам, можеби @INNERBEAUTY знае, но и самата знаеше дека е под надзор и не треба многу за да ја банираат пак.
Не гледам кои правила ги прекрши кога се врати, зашто најнормално си коментираше по темите веднаш по враќањето назад.
Зошто ја чепкаа во темата за форумџика на годината и ако не се лажам ја извреѓаа или неа или нејзината фамилија (не ме држи за збор, може се префрлам од некој претходен пат) и кога врати на прозивките неа ја банираа на еден месец, а членката од која почна се само од темата.