Кога ќе го вклучам мојот профил и добиените ѕвездички ми ги покажува сите и на страната пишува уште 4 други корисници, а јас неможам да ги отворам тие 4. Не дека многу се секирам за ѕвездичките туку мислев тоа да не е некој проблем ?
^кај сите е така, ете пример и мене неможе сите 7000 и нешто да ми ги даде. Само 100 може да покаже. Но немој да одиш на профилот, туку на било кое твое мислење, стисни на добиените ѕвезди и ќе ти отвори повеќе.
Ѕвездичките ги покажува само до 100,а гледам ти имаш 106.Па затоа не можеш да ги видиш. Кога ќе напишеш мислење стисни на ѕвездичките и ќе ти ги отвори сите мислења каде што имаш ѕвездичка. Барем ја само за тој начин знам.
Ѕирнав и по други профили, видов дека секаде е така, и си помисли токму на ова, во секој случај благодарам
Оти некои мислења што си ги цитирал се појавуваат во прегледот на мислењата како розеви те дека се цититрани , а некои не ? Баш си ги гледав мислењата и се чудам кога сум го напишала ова , и одам на мислењето и гледам сум цитирала некој
^ако ти е преголемо мислењето нема да да се покаже, ако е пократко се покажува, поради големината на страната за преглед на сите мислења. Тоа е во техничкиот дел и кај сите е така.
незнам дали тука треба да го поставам прашањево ама сакав да прашам дали некој знае како да си наместам потпис од оваа веб страна? http://www.widdlytinks.com/tickers/birthday/
^^^^ Ја кликаш опцијата URL ,ќе се појави ова.... Кај првото URL,прес заградата,ставаш = и го ставаш линкот.Помешу двете URL ќе пишеш како сакаш да пишува. Вака: Тука ќе го напишеш тоа што сакаш да го пишува Се надевам ме разбра
Пред малку бев во модни критики во скриено катче и таму доле кај што ги пишуваше членовите кои се моментално таму,пишуваше и еден гостин.Што е работата?
Ако некој кликнал ми се допаѓа најдолу на страницата, тој е гостинот. И не, не се гости оние со скриен статус. Тоа да си знаете, бидејќи гледам дека многу од вас мислат дека оние што се со скриен статус во темите ги покажува како гости. Никако не ги покажува.
Не, не, ако не се исполнети условите за влез во скриеното катче не може да се чита категоријата. Само ги регистрира дека кликнале лајк, нема врска другото.
^доколку е прочитана од тој што е испратена неможеш да ја избришеш. А инаку во спротивно од страна треба да го обележиш нејзиното квадратче најдолу од страната да избереш Избриши ги маркираните пораки и да стиснеш на стрелките до изборот.
^ Веројатно кога мислењата ќе се префрлат во постоечките теми. Инаку,зошто без јас да стиснам за да се одјавам од фемина,профилот сам се одјавува? Знам дека кога се најавив пред некој ден,стиснав запомни ме,и еве денес одјавена бев.