Ако ти е направено да ја надгледуваш темата, можеш само да го исклучиш тоа. Да ја игнорираш целосно не можеш, освен ако не ја отвараш и не го читаш делот твои новости - тука обично излегуваат мислења на членовите што ги следиш и по некоја случајност ќе коментираат (некогаш) таму.
Што се овие трофеи што ги добиваме? Интересно е кога добиеш како игра да играш се осеќаш, ама ме интересира која е поентата со нив?
До кога ќе се толерира PogbaPol, односно неговото постојано правење на дупли профили? Вознемирува членки во пораки.
Мислењата кои што не се дозволени за на форум се бришат, а другите пред тоа остануваат. Се си останува само што членот повеќе не може да се вклучи на форум. Има доста членови што се банирани а мислењата им стојат.
Зависи, на пример ако се зачлениш денес и тролаш, обично ги бришат сите мислења. Ако си постар профил со повеќе објави, остануваат.
За во серии и филмови дејствија кој не секој сака да знае што ќе се случи пред да гледа а некој го интересира па да прочита. А за друго не знам.