Зошто би мислеле така за спојлерот? Никогаш не било тоа случај. Од постоењето на форумов беше ставен за во спојлер да се ставаат работи поврзани со серии, филмови, книги... На старата платформа беше напоменато содржината да се става во спојлер.Никаде не ни стоело дека до спојлер имаат пристап само членови, ниту било тоа негде напишано, ниту некогаш било така.
Јас така си имав ставено во глава, други платформи и не користам, само логично ми беше да ако е нешто скриено дека е само за членовите. Ете не сум ни знаела за што најпрво бил наменет спојлерот, јас мислев прво е измислен спојлерот, па потоа дојдено до идеата во спојлер содржината да се става. Неколку пати ми се има случено да читам нешто на форумов без да се најавам и ќе наидам на спојлер и не ни проверувам дали може да се отвори си викам "чекај да се најавам да видам што има".
Мене лично не ми се допаѓа идејата. Која е поентата? После само спојлери да се ставаат на сѐ и сешто. Без врска. Имаме веќе цело скриено катче до кое не само што немаат пристап оние без профил, туку и оние кои немаат доволен број на мислења. Сепак јавен форум е, поентата е да напишеме нешто што другите ќе го прочитаат и реплицираат, а не само катанци да ставаме.
Профилот стар како да си го вратам?!? Каде да се обратам на форумов за да си го вратам стариот профил? Освен RainBow??? Незнам кој емаил го имам ставено пред 12-13 год а ни лозинката на профилов на фемина не се сеќавам која е повеќе од 6 години ја имам променето. Help
Најдолу имаш едно копче - контактирај не .. Порано читаа мејлови, пробај нема што да изгубиш. Додуша дали ќе добиеш не знам ...
Адвокат и треба, еве јас се пријавувам како доброволец, знам да се карам и расправам. Додуша, џабе во овој период, сега сите се по одмори.
Овој профил ти е од 2022. Си требала порано да си средиш како да памтиш мејл и лозинка ако ти значел претходниот профил. А, ти си направила друг. Зошто сега да го враќаш? Не може да ги користиш двата.
Лелеее тупењеее! Како којзнае што да направила девојкава. Па сигурно нема да ги користи двата од кога ќе го врати другиот профил. Првото мислење од овој профил во 2022 и е молба да го врати стариот профил.