Се надевам на наредно збогум барем ќе си достојат на зборот, вака само шо ќе почниме да ги жалиме поради збогумот гледаш се вратиле и одма почнуваме да ги тажиме, ептен стресој ни прат Ќути не зборај и јас само ги мислам
Што има да ги мисли(ме)те кога повеќето се вратени под друг ник гарант? Се повлекуваат само на божемски, а се ко зависни од форумов...
Мене друго ме чуди. Како на некои членки не им е јасно што значи она „без цитирања“ во темана и упорно цитираат мислења? И зошто се доцни со бришење? Да не можеш да се искажеш на раат оти на некој не му клика што значи поставено ограничување...
По еден профил за сите personalities, darling. Веќе јавна тајна стана за имањето повеќе профили. Тешка зависност е форумов, поарно не вели дека си одиш засекогаш, бидејќи утре да не испадни дека лижиш кај што си плукал. Или ќе треба нов профил да отвораш. Вистински заминати ми се само оние кај што им пишува последна посета пред повеќе години, другите никогаш не можиш да знаеш.
Богами, има смисла ова со personalities. Едната сака да е на арно со 40ка или ФМЌ, а другата сака да собира инфо и да пренесе на спротивниот табор. Или едната сабајле се буди сакајќи црвено, а навечер легнува сакајќи сино.
Ја еднаш у лутина реков си идам, ама тоа не беше онака со сите почести и салтанати ко шо е редот Овие готово збогувани, испратени, а иначе висат (нај)редовно
Освен толерирање на “дупли” профили, не ми е јасно зошто се дозволуваат нови профили на луѓе кои најчесто намерно ги запоставиле старите? Ќе се изнапишат глупости, се и сешто, па после пу-пу не важи, нов профил. … ама џабе ви е, ароганцијата од километри ви се забележува.
Јас само учтиво ќе замолам, кога преместувате дискусии од теми како СДК во соодветни, да селектирате кои мислења се за таму, кои не. Мислам трет пат се дешава да напишам нешто што нема везе со дискусијата, а се нашло случајно сред неа, и е преместено во друга тема, а ми било наменето за сдк.
Луѓе сме, не преместуваат роботи (сѐ уште), се случува грешка посебно кога се преместуваат десетина или повеќе страници. Пријавете само ако забележите и ќе биде преместено.