Јас сум 14 години на форумов, па уште не ми дале пристап таму. Ти со година и 2 месеци, ќе ти требаат дебели врски за таму
@Mrs. right и @Mumoftwo30 да бее сега видов дека сум имал пристап. Не сум ни приметил дека тоа е некакво скриено катче
Зошто е во скриено катче, над 500 мислења ти требаат за да ти се "отклучи." А од кај знаеш дека постои таа тема, кога немаш пристап до неа?
Постои ли тема како онаа група ретро ризница на фб? Каде што се дискутира за ретро цртани, филмови, мода, предмети кои ги поседуваме, нешто у тој фазон? Како да имав читано нешто кога дојдов, не можам да ја најдам.
Има теми Спомени од моето детство и Југословенски дизајн, ако нешто од тоа одговара на идејата што ја имаш.
Има тема Колаген во категорија Лице. Значи, тука се дискутира за ефектите врз кожата, лицето, ноктите и за тоа кој колаген е добар, кој се препорачува, а кој не. Мене ме интересира за колаген од аспект на здравје и ефект врз коските, зглобовите и сè тоа. Дали да се отвори нова тема во друга категорија или во оваа што ја има во категорија Лице да се коментира за тоа? И ако да, барем во друга категорија префрлете ја.
Може некој да ми објасни зошто ми беше избришано мислење од темата за конвертирање? Каде и кого навредив? Од кога „не дроби“ се смета за навреда?
Не постои опција како што јас можам да игнорирам член и да не му ги гледам мислењеата, да направам некој моите да не може да ги гледа?
Витамини, витамински препарати и суплементи во категорија Здравствени проблеми е темата што сум ја барала, само што јас барав посебно за колаген да не има.
@RainBow дали некој надвор од модераторите може да прати лична порака, и потоа да го избрише целиот разговор од моето сандаче?
Зошто се прават фејк профили? Само за сеир и за да се зезаат и исмеваат на нормални прашања? Приметувам многу профили што се направени пред ден два и досаѓаат…