Може ли некој да ми каже каде можам да видам колку ѕвездички имам дадено и колку ми имаат мене дадено.
Мислам дека е така затоа што има премногу резултати во кои се содржи 1,и затоа не може сите да ги прикаже.Мислам дека е тоа. Не знам дали постои таква опција да не ти праќа некој лп,но можеш некоја лп да ја пријавиш ,или тој некој да го означиш за непријател ако не сакаш да му ги читаш мислењата,да се блокира не може.
Напишав мислење во специјален поздрав до, мислењето ми беше избришано,поставив прашање зошто и тоа беше избришано ај овде ќе прашам можеби ќе добијам одговор.
како може да се види кога некој те спомнува во некој пост, или те тагнува (незнам како да наречам поубаво)
^својот ник ќе го искуцаш во прозорчето за пребарување, ќе кликнеш пребарувај, и потоа ако те има некој спомнато ќе ти се појави постот.
како може да се види коj ти става ѕвездичка ? и ако некого означиш за непријател нема да може да ти ги чита мислењата или како ?
^кликни на твоите ѕвездички под профилот и ќе ти се покажат постовите на кои си добила. Или кликни на својот ник, ќе ти се отвори твојот профил, и таму подолу имаш листа на добиени и дадени ѕвездички
^преку профил влези и доле покажува. Еве ги твоите: Добиени ѕвездички: 10 Отвори/затвори го списокот • feminium → за мислењето • Sexybaby86 → за мислењето • stojanovskata → за мислењето • CIA → за мислењето • SweetChild → за мислењето • zhap4e → за мислењето • baguf4e → за мислењето • Agrona → за мислењето • Snow-Queen → за мислењето • feminium → за мислењето
ве молам, како се гледаше кога некој ме цитирал, (а со тоа ме прашал нешто).. каде има нотификација за тоа? забележав со пребарување дека немам одговорено на некои феминки што ме прашале...
Немаат тука нотификации,туку на врвот има едно пребарај го форумот,и таму напиши го своето корисничко име,и ќе видиш кој те цитирал,или нешто друго..
Зашто кога кликнам на тоа да видам на кое мислење имам добиено ѕвездичка ми вели дека немам дозвола да ја разгледувам таа категорија ?
Мислам дека тоа значи дека ти е избришано мислењето. Ако грешам некоја феминка поупатена нека ме поправи