Аха, и јас тоа го видов, скролав нагоре и назад, немаше ништо, па се лупнав еден шамар и излегов надвор на воздух.
Шетам надвор, дотерана, самоуверена, ма Доаѓам дома, отварам форум, јас главна вест, мислам кој знае што е, може форумџика на месецот сум Веста:
Мене ми е уште чудно ова, мислењата на Поли се од вчера и денеска едно по друго, а времето за бришење е кратко. Членката пишува бриши повеќе пати или јас нешто не сфаќам?
Времето за бришење е 30 минути, Раинбоу згреши. Сепак, некако Поли успеала до одговори во рок од тие 30 мин и членката да избрише. Баш себично, си добила совет, а нејќе да го каже проблемот пред цело одделение.
Редакција е 30 минути, не бришење. Еве, пробај да избришеш мислење после 20 минути на пример. Членката одговорила во 17:03, го избришала мислењето во 17:08, другава членка ја тагнала во 17:12, нема никаква мистерија.
Проверив и да, во право сте, 30 минути е редактирање и бришење, не знам од кај ми се увртело дека пократко беше за бришење времето. Се извинувам за погрешната информација.
Зошто на оние што крадат профили и спамаат по темите со линковите не им се банира ип адресата? Ако може воопшто тоа тука да се изведе, профилите ќе им останат ако некогаш се вратат само ип на тој ќе му се банира. Или админите ако имаат пристап до меил адресите да ги известат членовите да си се најават и сменат лозинка и да си ги заштитат профилите..
Толку ли се без контрола овие со линковите од порничи? Вирус ли е, што ли е па да не можете да го спречите, веќе цел месец?
Стварно, више се уморивме од пријавување на спамов. Кога ќе се преземе нешто конкретно и трајно? И немојте да предлагате Гугл Аутентикејтор за заштита, и тоа не помага секогаш(читајте на интернет).
Али страшно колку е лесно да ти хакне некој профил буквално секој ден некој седи на фемина и бара неактивни профили да ги хакне и да спамира кој знае што само оти никој патка не го боли од администрација...
Навистина се премина секоја граница со овие линковите од хакнати профили. Коа да очекуваме да не' хакнат? У иста тема по неколку пати забележувам... Аман више.