Таквите право на блок треба да одат. И да се зголеми х3 потребниот број на мислења за коментирање во тоа катче.
Која е поентата на скриено катче кога апсолутно сите дознаа дека постои и тресат глупости во секоја можна тема да накачат број на мислења?
Никаква поента, ќе роварат низ поосетливи теми и кога ќе се скараат ќе се цитираат една со друга. После друго дно ќе гледаме.
Новите профили се најчесто дупли на стари членови со по илјадници мислења. Колку што имате верба во "новите", толку треба и на старите да им се верува.
И 5000 мислења ви требаат за да добиете пристап во Скриено. А за да пишувате на темите во категорија Секс, има месечна претплата. Не ви се исплаќа, ни едно ни друго.
Само да ја поздравам идејата со реклами измеѓу постови, мислам дека вакво нешто иновативно не сум видела одамна и некако го развесели и размрда форумот дефинитивно. Имам еден предлог, што мислам на администраторите ќе им се допадне Да се стават две реклами, пост, две реклами пост и на кој му смета, да си плати верзија без реклами. Ем профит од овие шо плаќаат реклами, ем профит од овие шо плаќаат верзија без реклами.
Имам и јас предлог до администраторите да воведат премиум членство, кој не сака реклами ќе си плати, оти за џабе нема ни код бабе.
Аха, па да пропадне форумот за еден ден. Премиум членство може само ако отворат и веб шоп, па таквите членови/ки да имаат некаков попуст. Иначе, кој е будала да плаќа без да добие награда за тоа? Никој нормален.
О не не. Топ се рекламите. Пишувам во 40-ка: жени, дали знаете каде може да купам ...? Гугле и Фемина слушаат, праќаат реклама и после наша работа ќе биде само кафиња да ставаме во темата
Тоа на лап топ. Од телефон очи бодат. Spoiler Едит: пробајте Settings - Connections - More connection settings - Private DNS - Private DNS provider hostname пишете: dns.adguard-dns.com и Save. Не дека нешто ми смени многу, сеа дупки само гледам, ама барем не ми скокаат телефони, пегли, плазми, депилатори, вегети по екран Spoiler
Знам дека македончето е научено на муфте шо се можи и тешко е кога треба да плати некаде. Попуст во Кам. Инаку ќе плати ете тој шо неќи да гледа реклами, оти само со кликој не се држи форум.