Што е со воскреснативе профили и индиректни буцкања во последно време? Ги нема со години, упаѓаат во рандом тема, се цитираат, напаѓаат, упатуваат индиректни навреди кон други дупли... Фемина се претвори во шпанска серија.
Јас да се пожалам на модерирањето. Многу сте бавни. Доцните, оставате со саати да се пишуваат глупости. Како она во МЈЛ кога се дозволи да дрндаат за смрт на дете на наш пејач. Крајно безосетно е. И аман од оние спамови. Се утепав од пријавување.
Што е со работата со профилов @Evolution Дупли профил, трол зачленет пред скоро време, го бара Scott Weiland во каде е темата, а сега мене ми пишува некои неповрзани глупости во лп и пишува како лажно се претставува. Многу пациенти на форумов во последно време...
Ауу ете ти го пак назад, со два нови. Мора од време на време да има малце драма да разбие монотонија од мамичките и свекрвите.
Заборавив да пишам, незнам дали и кај вас истото се случи, вчера не ми даваше да влагам тука, ми пишеше дека хакери пробуваат да ми влагаат во профилот. Така да, да ве известам, ако нешто биде, ќе напраам нов профил и ќе ве контактирам. До Админите.
Пак беше нешто со сертификатот. Оти ги мрзи да си средат на време исто како што ги мрзи да направат апдејт на форумот.
А овие рекламиве на форумов кога ќе ги видам, тек па од мобилен, пола екран го зафаќаат. И тоа асално што беше го унаказивте. Ваљда дека нема баш исполнетост и на мислењата, па нешто да зафаќа простор. Успут и некоја пара да капне.