Вака, сакам да прашам дали можам да видам колку мислења имам напишано во некоја тема. На пример ако отворам на некој профил се покажува најактивна тема и категорија и таму пишува колку мислења имам пишано во темата, ама јас сакам да видам во друга на пример тема колку мислења имам пишано. Постои ли таква опција??
Оди во темата која сакаш да ја провериш, горе има поле „пребарување“, искуцај го своето корисничко име, и ќе ти ги даде сите твои постови на таа тема и сите постови каде се спомнува тоа корисничко име
Не, јас не мислам дека е вака, подобро да оди во нејзините мислења, па да напише Завет (сител) и ќе и излезат мислењата... А вака како што велиш ти сигурно ќе излезе само постовите во кои таа е спомнувана во таа тема (ако ме разбра. )
Да де, затоа реков ќе излезат плус сите мислења каде што е спомнато нејзиното име.... Може и така како што велиш, знам јас на неколку наврати порано проверував како што кажав, не знам дали уште така функционира
Зошто кога пишувам мислење во тема во која не сум пишала не ми се зголемува бројот на мислења? Имам напишано +7 од напишаниот број на мислења и не ми се смени А не имам напишано во тие теми Зошто ?
Мислењата во категориите Кафе Муабети и Форумски Игри не се бројат, затоа не ти се зголемува бројот на мислења.
Сигурно прашањево е доста пати поставено ама неможам да го најдам одгворот,па би сакала некој љубезен да се потруди да објасни-Како да вметнам слика од апарат а притоа да не ја намалам резолуцијата? А ако нема солуција како да се намали истата?
Чат Неможеш никако ни да го избришеш профилот,ни да смениш име.Можеш само да прекинеш да го користиш.
Да прашам до кога ќе се толерира членкава со копи-пејст мислења од мислења на форумџики? Ај ја истолериравте со копирање на рецензии на книги од сајтот Сакам книги, сега и покрај ова ќе поминете?
И другарка и ангелот Банални се мислењата ама очигледно се прави копи-пејст од мислењето над нејзиното. Мене ми личи на иста личност, s.t.e.f.a.n.j.a, ocila и Angel-Adriana. Мислам сериозно?
Можеби не е истата личност, ама со тролањето се рамнат на исто ниво. Била од Мадрид т.е имала шпанско потекло, сестра и живеела во Виена и била ВО Ибица, расчистила со поимиве. И положила правосуден испит секако, а сеуште не знае како да пишува. Со броењето такоџе има проблем. А и сликите во модни критики ќе да се разликуваат. Нека си каже дека е дете со 13 години најмногу, а не 25 години. Секако, би жалела ако некој што положил правосуден испит пишува прости реченици од 4 збора.