Искрено многу си амбициозна. Пред 3 дена си се зачленила 66 мислења имаш и одма администратор сакаш да станеш. е тука со таа брзина не се оде.Како што ти кажале и погоре треба уште многу фурни лед да изедеш. Е сега да ти одговорам на прашањето. Форумов е од 2009 година и немало конкурс за администратор. А и нема да има изгледа... а овде како што работите одат со “светлосна брзина“ ќе остареш додека да станеш администратор.
Е добро де, не го напаѓајте одма девојчето. Сеуште незнае како функционира форумот, плус праша како може да се стане, а не рече дека сака да стане еден. Нејзиното прашање може на различни начини да се сфати. А ^ ти не си амбициозна нели ? Те гледам чпараш по политика и брак, а мала да не те навредам, ама за да имаш вистински одговор за прашање во тема брак, од кое на некого му зависи нешто, до 101 фурни леб да јадеш, малку ти се.
Општи прашања Зошто не можам да отворам одредени теми од форумов - Немате дозволен пристам кон ова тема/категорија ?
Јас и претходно го имам прашано истово, ама никој не ми одговори па пак да си прашам Смајлињата во потписот се бројат ли во тие десет што ни се дозволени во едно мислење? Пример ако во едно мислење ставам две смалјиња, ке ми се бројат како три бидејки и во потписот имам едно смајли или си остануваат две?
Пред 10 минути се одјавив ама останав како гостин и гледам ми стои дека сум онлајн. Проверувам прозорчиња, гледам се затворено, а јас одјавена. Пак се вклучив и пак се исклучив - истото се случи. Некој да не си се уклучува на мојот профил? И ако е така нека си се јави сам кој е да му ги очерупам пердувите
Сакам да прашам, додека бев уклучена на форумот со корисничкото име, пратив линк на ФБ на пријателка од статија од страната на Фемина. и вчера ми текна дека на насловната ти покажува со усер дека си уклучена. Отворив пораки на ФБ, претходно си се одлогирав од Фемина, и го кликнав линкот што и го пратив. Линкот ми го отвори и одозгора пишува Еспадрила ....се обидов по тој линк, пратениот да си влезам во форумот како еспадрила и слободно ми дозволуваше да си отворам контролен панел и теми и се... постои ли начин ккао да се заштитам од ова. јесте да ми е тоа пријателка ама сепак...приватност си е приватност. Не ни знае дека пишувам овде, ниту корисничко име ниту ништо Помош???
^помош нема, линкот е пратен...освен, можноста дека твојата пријателка нема ни да го загледа линкот(за да го примети никот).
Еве и јас сега го пробав истото и не ми излезе така.. Сигурна си дека немаш автоматско логирање кога ќе отвориш линк од Фемина? И мислам, т.е. сигурна сум дека и другарка ти не може да влезе на тој начин..
Ја открив АМерика...не сум се одлогирала туку само х на прозорчето од Фемина сум му дала...проверив пак, дефинитивно одлогирана, отворив пораките на ФБ, кликнав линкот и се е чисто.