^Кога ќе влезеш во темата, горе каде што има но одговор-опција, веднаш до него има пребарување за самата тема, пиши го клучниот збор и ќе ти ги исфрли мислењата.
Со самото зачленување тука знаев дека нема таква опција во форумските игри. Но, тоа што го видов пред неколку недели за прв пат ме натера да помислам дека сепак не сум знаела се. Видов неколку мислења во различни теми во категоријата форумски игри, кои се лајкнати. Многу ме зачуди тоа. Сите викаат дека нема таква опција, а во форумските игри сепак постојат мислења кои се лајкнати.
Или порано имало таква опција, па ја укинале, или пак мислењата се преместени таму од друга категорија. Друго нема.
^ Порано да имало не ми се верува, затоа што мислењата беа лајкнати од релативно нови форумџики. А не ми се верува и да било некое мислење преместено таму во тема како на пример што ви се допаѓа кај форумџиката над вас, или пак во темата или-или Ми нема логика. Ова премногу ме збуни. Во секој случај, благодарам на одговорот.
Па таен метод за давање лајкови нема Ако пак ги сретнеш тие мислења дај линк, ама освен она што го напишав погоре, друг начин не гледам. А во таква тема не верувам.. Може некој отворил слична тема, па само му ги преместиле мислењата во постоечката.
^^Можеби таа тема била сместена во Кафе муабети на пример ,и потоа била преместена во Форумски игри. Друго нешто неможе да биде...
Дали можам да си го сменам никот или нема таква опција ? Се извинувам ако го има одговорот, побарав назад ама многу има и неможев да најдам
^прашај, можеби може некој и од членовите да ти одговори, ако не прати ЛП конкретно на некој модератор.
Ќе биде некој фин да ми каже како и ДАЛИ се менува никот со кој сме се регистрирале ?? ( сакам да го сменам ова Elena69221 а не можам да најдам каде)
Mоже некој да ми каже како да направам да не ми стигаат известувања на mail? Знам дека има во контролен панел ваква опција за подесување и јас ја подесов и еве и сега гледам дека е ставено за да не ми стигаат известувања АМА пак ми стигаат. Отворив на mail сега и гледам 350 известувања од info@femina.mk.