^ Да, да, дека има ново мислење на одредена тема, најверојатно каде што имам јас мислење оставено. Ама еве гледам во една тема само еднаш пред еден месец имам оставено мислење и сега за секое наредно од други членови на форумот ми стигало мене известување на mail.
^ за темите за кои ти пристигнуваат известувања, ќе мораш во секоја тема да влезеш, и на крајот од темата,најдолу имаш опција, кај тебе би требало да биде ОТКАЖИ да пишува
Баш сега тоа го чепкав и барав такво нешто зашто знам дека имаше некоја таква опција. Ама мене секаде ми пишува баш како на сликата што си ја постирала. Никогаш не сум се запишала за известување, незнам што е работава.
Едноставно оди во контролен панел, влези во известувања и види за кои теми си запишана да ти стига известување на меил. Штиклирај ги сите и кликни не ги надгледувај маркираните. После влези во прилагодувања и штиклирај ја опцијата не за известување преку меил и доле кај личните пораки.
Го направив тоа и ми го пишува ова. Спојлер Подолу е списокот од категории и теми за кои сте се запишале за известувања. Ќе бидете известени преку e-mail за нови мислења. Не сте запишани за исвестувања од ниту една категорија. Не сте запишани за известувања од ниту една тема.
Абе може ли некако да се докаже дали некој профил е дупли или не е??? Тоа од админите ли зависи? Можат ли они некако да проверат или да пресудат?? Инаку дејдрим,веројатно треба да одиш на секоја тема што си ја штиклирала, да ја откажеш Јас имам неколку такви,ги напраив оти мислев дека известувањава ќе бидат ко на фејсбук Ама ништо. А и не ми смета пошто не отварам мејл многу.
^може преку ИП адреса. Но и тоа не е сигурно, треба повеќе да се провери, зошто ете пример и сестра ми е зачленета на Фемина, и јас и она си имаме иста ИП адреса.
^ незнам кој е процесотусловотиодлуките на тмот за да банираат некого. само реков дека се покажува иста ип адреса
Како можам да актуелизирам тема? И овие google bot, majestic bot што се? Знам јас што е бот, ама овие поточно што намена имаат? Ми се чини каде и да искоментирам одма ја разгледуваат темата
^Tоа се ботови (роботи) кои служат за собирање информации од форуми/портали. Преку тој google bot, google го чита форумот-содржината и потоа истите тие информации ги става во системот за пребарување. Па така кога нешто бараш на google, ти се покажуваат сите пронајдени информации.
^Најпрвин отиди на некоја од страните за да направите тикер, откако ќе го изготвиш избери BB Code, откако ќе ти се појави BB Code обележи го и copy Потоа врати се на форумот, влези во контра панел, па во профил,па од лево имаш листа - потпис,во делот за текст стискаш paste, и на крај испрати еве неколку линкови каде што можете да креирате сопствен тикер http://daisypath.com/ http://www.magicalkingdoms.com/timers/ http://ticker.7910.org http://distickers.com/ticker/ http://www.ezticker.com/tickers/events.html
^ти ќе си ја отвориш темата без анкета, и потоа истата ќе си го пријавиш мислењето на извичник и ќе пишеш барање. Или ЛП на соодветниот модератор, со барање за анкета.