Јас вагинален исцедок ако мислиш на ( бело прање ) одсекогас сум го имала го имам и сега и не ми е чудно.И незнам дали може да се намали пошто во самата бременост сите жени го имаат дури некои и поизразено не е ништо страшно носи си улошки мали и тоа е тоа.
Секојдневни влошки никако, одлична база за инфекција се. Тоа ми го кажаа тројца гинеколози сега кога бев бремена со второто бебенце. Ако веќе мора, САМО од оние стерилни влошки обичен памук со мрежичка. Инаку, засилениот исцедок може да биде резултат и од лудувањето на хормоните, штом сѐ друго е исклучено како причина. За фарбањето- јас се исфарбав само двапати кога бев бремена (ама може и затоа што се фарбам во мојата природна боја, само покривам) ама со боја без амонијак. И сега кога дојдам на околу 3 месеци се фарбам со истата, па барем се надевам дека е помалку штетна
Ајде едно прашање до оние кои веќе родиле едно бебнце Како изгледа тоа, (како ќе знам) кога пааднало чепчето?
Јас имам родено ама за чепчето кога ,како не знам.Мене од спиење ме разбудија болки и знаев дека тоа е тоа и дека е време за раѓање.Кога попладнето ме примија во болница ми пукна водењакот и предпоставувам дека со него паднало и чепчето.
Проблеми во комуникација поради разни дијалекти Дали идна мамичке прашуваш за пупето, засушената папочна врвца или нешто друго?
Тука се прашува за чепот на грлото на матката, што ја држи „затворена“ во текот на целата бременост. Некои велат дека чепот им паднал кога ќе забележат кафеав или црвеникав исцедок. А други не го ни забележуваат. Ни јас не знам како е, баш деновиве се прашував како би изгледало, за да си знам
Во врска со ова да прашам нешто иако е може глупо прашањето Дали може тој т.н чеп полека да се разградува , односно да попушта а јас да не забележам ништо невообичаено? Од причина што имам бактерија, а некаде прочитав дека може таа после 7 ми месец да го јаде цервиксот и да дојде до предвремено породување. значи прашањето ми е , ако се случува нешто од ова дали ќе забележам јас некои промени или тоа со чепот наеднаш се случува:?
Искрено, не знам, бидејќи сите различно кажуваат. Ама мислам дека не може а да не забележиш дека нешто се случува. Најголем дел од искуствата што сум ги прочитала се промени во исцедокот, ако ништо друго, погуст е, малку кафен можеби. Но, не ме држи за збор, бидејќи навистина ни јас не знам, не сум прочитала стручно мислење околу ова.
Ме интересира кои чаеви и таблети смеат да се користат за тврда столица во бременоста? Го прашав мојот гинеколог, тој ми кажа да јадам повеќе овошје и сок од јаболко да пијам, но немам голем ефект од тоа.
Земи си ленено семе, дефинитивно помага за средување на столицата, а можеш и шумливи таблети со магнезиум (magnesol). Ако ништо друго не ти помага, лененото семе сигурно ќе има ефект. И секако, оброците да ти бидат редовни, ако може секој ден во исто време би било идеално. Лененото семе пиј го во јогурт или во вода, да не мораш да го џвакаш (иако нема лош вкус).
За тврда столица, било да е во бременост или не - најдобро е да се конзумираат исушени сливи (Во Веро има најдобри, на рефус...) и јогурт со корнфлекс помага многу. Свежа зелка сецкана со маслиново масло е одличен чистач на цревата, заради тоа што содржи многу целулоза. Немој да јадеш сувомеснати производи и брза храна.