Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    478
    идни мамички :hai:
    Јас сум 7 недела, на кај 8-ма.
    Немам никаков проблем со повраќање или гадење, само ми се спие и тоа страшно...за 5 минути сум во длабок сон. Моево бебуле е 11мм :) и пред некој ден го проверивме за срцева реакција, и се е добро...
    Пијам само фолна, мене матичниот ми потенцираше дека нема потребас од никакви други витамини во синтетичка форма, само природни. Зошто Ви ги препишаа витамините вас?
    Инаку и ние планираме одмор, најверојатно Лефкада, а јас тогаш здравје боже ќе бидам 14 недела. Малку се двоумам за тоа дека далеку е Лефкада, ама најдовме хотел веднаш до плажа, па се надевма нема да има проблем.
    Позз за сите :inlove:
     
    На MacenceEna, Mayyya и Annath им се допаѓа ова.
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас сум 13 и пол недели и пред да дознаам дека сум бремена имав такви напади на сон, :) заспивав дома пред гости, во кола на пат од работа до дома, а не сум знаела дека тоа се симптомите на бременост. Но веќе во 12-13 недела ми помина тој период на спиење, а гадење почуствував само неколку пати. Сега веќе се е нормално, најверојатно телото се привикна на новата состојба.

    И јас пиев до 12 недела само фолна киселина, а сега матичниот ми кажа да пијам мултивитамини, мене ми ги препорача Пре-натал на Synergy, а гледам повеќето ги пијат Мамавит. Јас сум задоволна од Пре-наталот не ми создаваат никакви киселини или мачнини како што имам слушнато дека предизвикуваат вакви таблети, но тоа секако зависи и од организмот.
     
    На LaChiquita и MacenceEna им се допаѓа ова.
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Јас веќе пишав, ама да освежам инфо, сега сум 9 та недела. Пијам само фолна, докторот рече никакви вештачки витамини, да сменам целосно здрава исхрана богата со сите потребни витамини.
    Почнав пред некој ден да пијам OsteoCare, тоа е Калциум со Магнезиум, тоа го доби препорака сестра ми од нејзиниот доктор во странство, за да ги заштитам забите, бидејќи први страдаат во случај на недоволен влез на истиот преку исхрана.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Вчера немав време да одговорам, ама еве сега ќе пишам. Вака, други витамини немаш потреба да земаш сега, има доволно свежо овошје и зеленчук, а подоцна, ако има потреба, ќе земаш дополнително. Јас на пример, од сам старт земав Фероглобин, затоа што си имам константна мака со анемија, па за да не ми се отежни ситуацијата подоцна, во тек на цела бременост ги пиев нив. После зедов и Мамавит на своја рака и испив цело пакување кога гинекологот ми рече дека не биле добри тие, и не пиев повеќе, си останав само на Фероглобин и вит. Ц. Може да си земеш и калциум и магнезиум шумливи таблети, ама тоа ќе видиш со гинекологот. Е сега, некои препорачуваат Флуонатрил, некои не. Јас пиев, ама не редовно, и конечно прекинав во трето тромесечје, прочитав некои статии за флуорот што ме премислија, па мислам дека можеби и залудно ги пиев.

    Што се однесува до одморот - може слободно да патуваш ако немаш проблеми со бременоста. Слободно бањај се во море, дозволено е, само не се изложувај на сонце, може да потемнеш многу повеќе од вообичаено, стомакот посебно не го изложувај, ама од друга страна, немој да носиш едноделен костум, подобро е дводелен, и менувај го на секое излегување од вода. Пиј течности, пази што јадеш и немој многу да се заморуваш, само одморај. Впрочем, затоа и се вика одмор :)
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    девојки поради финансиите во моментов неможев да отидам на 4 д и сеа мн ми е страв да не има некој проблем со бебушо бев во 3 месец на тие испитувањата ама во 21 недела неможев дека немавме пари и дали може да се оди освен во 21 во др недела на 4 д а и докторот што ми е до сеа ми има дадено само фолна да пиам мислам не само мене на сите пациентки што се кај него а од др имам слишнато дека треба да се пие некој си пре мама ли така некако или мама вит и некој магнезиумски нз баш точно ако имате некоја информација кажете ми позз
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.903
    Пол:
    Женски
    Mислам дека може и после 22 гестациска недела да се оди.
    Сега не знам до каде си со бременоста, ама јас со првата бременост на 4Д бев тек кога бев некаде 7-ми месец, ама тоа беше пред 6 години.
    А инаку разбрав дека на ГАК со закажување сега 4Д скриниг се плаќа 250 ден. со сино картонче, само треба на време да се закаже.
     
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Па прегледот не е терапија што мора точно на време да се прими, туку служи да се потврди дека бременоста добро се развива и да се делува на време доколку не дај боже нешто тргнало поинаку. Затоа мислам дека дека немаш проблем со времето, меѓутоа е убаво да си провериш што побрзо, таман и да проверат крвна слика за да знаат дали да те појачаат со витамини. До тогаш храни се правилно, гледај да ги внесуваш сите потребни витамини преку исхраната.
    Инаку сите доктори на своите пациентки препорачуваат фолна киселина како задолжителен додаток.
     
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Колку што јас сум информирана на 4д како за прв пат се оди помеѓу 12 и 14 недела за да може најрано да се утврди состојбата на бебето, и плус треба да му напомените на лекарот да провери за недај боже даунов синдром оти во 12 недела веке се познавало, е сега тоа е за прв пат а подоцна може да си закажиш кога сакаш бидејќи сега веке бебето се гледа, не е само мала точка како во првите недели. Инаку мене мојот лекар ми ги препиша Центравит Преналат, но со фолната киселина не ми кажа што да правам дали после 12 денела треба да ја прекинам или да ја пијам до крај?? :?: и во петок одам така на викенд до Грција и многу ми е страв имам нормална бременост, но ова е посилно од мене, ми е страв дане го повредам бебето :sweat:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Фолната киселина после 12 недела не игра голема улога во развојот на бебето, ама не штети - важна е за периодот на органогенеза, кој се одвива токму до 12 недела. Како што кажав, не штети и после тоа, може да ја земаш во склоп со препарати на железо, голем број трудници мора да земаат, затоа што бебето ги црпи резервите на железо и често се јавува анемија.
    Првиот 4д скрининг се прави порано (јас не правев 4д, само на 3д ме гледаа), и тогаш се мери дебелината на нухалниот набор, кој во суштина е параметар врз кој се одредува дали постои можност за Даунов синдром. А после околу 22 недела се утврдува дали правилно се развиваат органите на бебето, се прави доплер, се проверува циркулацијата... така што, двата прегледи се задолжителни.
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а со главоболката како се снаоѓате тие што ја имате??? мене на почетокот ми поминуваше со кока кола, но сега не сака ни кока кола да помогне ни ништо.
     
  11. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Да прашам кога и двајцата родители се 0+ детето со каква крвна група ќе е?Благодарам.
     
  12. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    24
    етето ќе ти биде и тоа нулта позитив 98 %, а има можност да биде а, б или аб бидејќи во нулта се содржат сите но ретки се тие случаеви :))
     
    На jesicaalba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Многу ти фалаааааа
     
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Детето може да биде само 0+ друга крвна група не е можна во никој случај, ни А ни Б ни АБ
     
    На AIT и Annath им се допаѓа ова.
  15. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    24
    можи, има случаево, докажано е но поретки се тие случаеви, а инаку варијантата од нулта можи да биди а б или аб тоа е 100% точно, но саамо 1-3% се такви случаеви :)
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    вака најпросто можам да ти докажам дека си грешка ај види
    http://www.roditeljportal.com/clanak/trudnoca/koje-ce-krvne-grupe-biti-vase-dete.htm
    :hai:
     
  17. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    24
    чичко ми е гинеколог и ми има кажано, мајка ми е б а нејзините родители се нулта двајцата, но не знам можеби ..:)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски

    Нема шанса од двајца родители со нулта крвна група да излезе дете со Б крвна група. Генските алели кај нултата група се oo и двете, ако имало комбинација со А или Б, тогаш може. Ама нулта крвна група не содржи а или б генски алели во никој случај. Така што не ти држи вода муабетот дека кај родители со нулта крвна група може да излезе дете со А или Б или АБ крвна група.
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    24
    епа можеби сум била грешка, фала за информацијава :)
     
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Точно дека може да биде само 0 крвна група, но не само рх+, туку и рх-. Моите се двајцата 0+, а јас сум 0-. А останатите А, Б и АБ не се можни. Поздрав