Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. peperutka08

    peperutka08 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    devojki da ve prasam... vo 8 nedela sum, veke cuka srcenceto na bebusot, se e vo red. No denes osekam bolka kaj jajnicite pa me faka strav :worried: normalno e toa ili ne? pozz
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Нормално е, нема зошто да се плашиш, може во првото тромесечје да е поизразена болката, а после се губи. Ако е силна и неподнослива, под итно на лекар.
     
  3. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Здраво мамички и трудници. Јас во саботата се вратив од одмор, таму добро поминав само се пазев многу. Сега ја терам 10 недела но денес од сабајле многу се исплашив. Кафеав исцедок на секојдневната влошка како пред добивање. Се испаничив и свртев кај докторов и тој одма трипати прогестерон и лежење во кревет обавезно. МНОГУ СУМ ИСПЛАШЕНА НЕШТО ДА НЕ Е СТРАШНО! Гиникологов ми вика овие два дена вака па среда здравје на контрола и тоа ме исплаши зашто не ме викна одма денес на преглед туку само вечер да му се јавам и да му кажам што и како е ... МНОГУ МИ Е СТРАВ :(
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Терапијата ти е дадена, верувам дека се инекции Депо прогестерон??? а со нив и апчиња веројатно Утрогестан???
    Џабе е и да отидеш на преглед сега, секако треба да се види што и како ќе биде.
    Инаку до 13недела е многу ризичен период, во кој е препорачливо да се зима терапија од Утрогестан(дали вагинално или орално)како превентива, а и што повеќе да се мирува.
    Инаку може и ништо да не е опасно. Ако ти е период за добивање(претходно што си добивала),може и од тоа да е. Јас до 12недела два пати имав кафенко.
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    MeU какви инкеции, само Утрогестан вагинално трипати денес и утре и вечер да му се јавам да му кажам каков е исцедокот и дали е обилен или не. Чудно ми е што ништо не ме ни боли ниту нешто чувствувам а и предходно имам и напишано немав никави симптоми ни гадење ниту повраќање ништо (ккако да не сум трудна ) а и сега денес ништо не чувствувам ниту болки ништо само што сабајлево имав кафеав исцедок како за пред добивање , затоа и многу ми е страв прва бременост ми е со мажето едвај дочекавме после скоро две години и сега сум во таква паника денес што незнам што да правам со себе па само читам по форумов искууства и совети . ТИ благодарам многу што брзо ми одговори л
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Тоа се инекции депо прогестерон, ги ставаат кога има крварење, мислам дека е по логично да ги примаш и нив, обично една неделно се става.
    Има ли плодот срцева акција??? Од кога не си била на преглед??
    Сепак сметам дека ти е потребен преглед денес, но исто така ти е потребно и многу мирување, движење, само до вц.
    Немој да се нервираш и разочаруваш и јас од бременоста сум целосно потресена, но сакам и се трудам да сфатам дека она кое треба да биде ќе биде, сме сакале ние или не. Наше е да направиме се што се бара од нас, а другото е волја на поголема сила. Бог да е со нас, па тоа што е наше ќе си дојде.
     
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    последен преглед ми беше на 14 јуни тогаш имаше и срцева акција и се беше супер ми зема и брисеви и тие се ок сите се негативни нема инфекција нема ништо а од терапија пијам фолна Магнезиум и Прегназон со омега 3 а утрогестан ми даде уште пред три недели по една навечер вагинално а денес кога му јавив трипати денес и утре и во среда на контрола .... И јас така си размислувам како што е Господ никој не е ... Што се мора не е тешко ќе правам како ми е речено и ќе молам БОГА се да биде како што треба .. Ти благодарам најмногу
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, сè ќе биде во ред. Само мирувај, и не се нервирај, земај го утрогестанот (вагиналети, таблети, инекции), и следи го исцедокот.
    И јас прокрварев некаде 10 недела, од нигде никаде, се бањав, па седнав да си ја средам косата и осетив како ми тече нешто. Течеше, ама не крв, туку бистра течност. Се преплашив, цел филм си направив и одма отидов кај гинекологот, па тој ми даде Дабростон да пијам, и само за да ме смири ме прегледа на ехо (инаку немало потреба). Ми рече дека е се во ред и дека нема потреба да паничам, дека е сè во ред штом немам обилно крварење и неиздржливи болки. Така што, без нервози, само одмарај и релаксирај се.
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Јас сум 10 недела и 3 дена, и минатата недела прокрварев од нигде никаде.Ништо не ми го наговести тоа крварење, ни болки ни ништо. Ми течеше бистра крв, одма на лекар отидов,ми ставија прогестерон инекција, и ми рекоа строго мирување и лежење.На ехо бебето беше добро. Цел ден крварев тогаш и после инекцијата. После тоа цела недела имав обилен кафеав исцедок, ставав Утрогестан два пати дневно, и некако едвај вчера ми помина. Сабајлево станувам, идам до веце, како од чешма ми протече кафеав исцедок ама редок како крв. После сум пак на гинеколог за инекција и да ме види на ехо. Се изнамачив. Ми се чини дека веќе бебето го нема, дека нема да го видиме.После 2 ипол години чекање да забременам, ако го изгубам бебево ми се чини дека нема да преживеам ни јас. Поздравче
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ќе преживееш,молчи таму :P , слушај лекар и навистина треба да мируваш - свати го озбилно мирувањето (моја роднина со 2 деца буквално ги легаше 9 месеци, ама буквално, во кревет јадеше на раце ја носеа кога теребаше да оди на преглед, по болница...па ете ги сега здрави и прави деца)
     
  11. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    и јас се чувствувам исто така денес сабајлево кај мене се појави кафеав исцедок како пред добивање и побеснев од секирации и нервози и уште повеќе од тоа што гинекологов на телефон ми вика трипати утрогестан вагинално и вечер да му се јавам да му кажам како е , лежам од сабајле само до тоалет и назад во кревет и неможам да се смирам од нервози свашта низ глава ми минува збеснувам и ние скоро две години со маж ми се обидувававме и јас незнам што ќе правам ако нешто недајбоже се деси. Издржи и смири се лежи и одмарај и обиди се да имаш позитивни мисли (знам дека е тешко сето ова што го пишувам да се спроведе на дело ама потруди се -слушај што ти зборувам негледај што правам и само смирено. Ја имаш целата подршка на овој свет од мене. Поздрав :*
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    еве ме и мене малку тука на оваа тема читам уште од сабајле девојките испотресени па малку да ви помогнам :D :D :D
    и јас како вас на секоја секунда се шекнував туку од никаде ми претекуваше де розево де кафено и така од некаде 8 недела па до 22 недела си примав орално прогестерон а секој понеделник си буцкав и инекција прогестерон и си лежев до кај крај на 5 месец исклучиво до вц само станував и така со нервози и со плачки изгурав 9 месеци и 16 дена над термин
    најлошо нешто кое е непријател на бременоста се нервозите и црните мисли така да пуштете го мозокот да шета и мислите си како ке биде кога вашите бебциња ке се родат како ке ги држите во пегратка ке се галите ке гугате и се по ред немојте да мислите на лошо се ке биде во ред денеска од10 само 2-3 трудници имаат нормални бремености а ние другите 7-8 сме си со нервози и со нешто што мора да не копка а на крај се ке се заврши со добро
    ајде сега насмевнете се и мислте само позитивно :D :D :D
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски на сите за поддршката, исто и вие како и јас треба да сме посмирени ама пустото некако не иде, кога ти се мотаат црни мисли низ глава тоа.Само со плачки и трчање во веце на секои 5 минути...

    Ева убаво си ни напишала, и баш ни послужи како утеха, значи сепак постои надеж за нашите бебиња иако крвариме, сепак и тебе и ти било многу тешко како и на нас, ама па ете сега си имаш бебенце и искуство позади тебе. Да ти е живо и здраво бебчето и да ви се множат.
    Јас за еден саат сум на лекар па после ќе ви пишам што сум направила.
    Цмокче до сите :*
     
    На olence86 и ivanovicka им се допаѓа ова.
  14. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Девојки бев на гинеколог не е страшно ништо плодот е жив и голем 31 мм тоа што има кафеав исцедок било од некој хематом кој покнал и истекува ама ме зачуди зашто ми даде аспирин 100 да пијам. Од него не се зголемува ли крварањето . Да не има некоја со вакво искуство да ми пише. Ви благодарам ....

    ОВАА ПАНИКА ЌЕ МЕ УНИШТИ :envy:
     
  15. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Добро е штом плодот е добар, ама ова за аспиринов незнам што да кажам. Знам дека и на други го даваат а и јас знам дека го зголемува крварењето. Па зашто не го праша гинекологот? Јави му се што ти е гајле. А Утрогестан користиш? И повеќе лежење и одмарање. И јас сум во слична ситуација, ставам утрогестан насабајле и навечер, пијам магнезиум 3х1 од 250мг, и одам и на инекција еднаш неделно. Плодот мој е 32,9, и е добар, ама кафеавово не поминува никако, со недели го имам. Прашај си го гинекологот, и лежи си, немој да се заморуваш... Поздрав :*
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Добро е штом плодот е добар, ама ова за аспиринов незнам што да кажам. Знам дека и на други го даваат а и јас знам дека го зголемува крварењето. Па зашто не го праша гинекологот? Јави му се што ти е гајле. А Утрогестан користиш? И повеќе лежење и одмарање. И јас сум во слична ситуација, ставам утрогестан насабајле и навечер, пијам магнезиум 3х1 од 250мг, и одам и на инекција еднаш неделно. Плодот мој е 32,9, и е добар, ама кафеавово не поминува никако, со недели го имам. Прашај си го гинекологот, и лежи си, немој да се заморуваш... Поздрав :*[/quote]

    Јас во цела таа паника воопшто не ни прашав за аспиринов ама вечерва со мажми решивме да не го пијам туку само утрогестанот по трипати вагинално па утре ќе одиме во Систина кај еден другар на мажми што работи таму како гинеколог па ќе видиме што е се работава. Инекции не ми даде овој туку само овие вагинално прегназон регуларно тифол една и магнезиум една на ден од 300 . и овој сумњив аспирин и кај мене не се повлекува исцедокот ама го има само сабајле а преку ден дали една капка и толку . Цело време сум во кревет да пукнеш коски ќе остаам ама за моево сонце се што треба. Супер сонцето твое исто добро напредува значи и ти си како мене тука некаде 10 недела средина . Кафеавово што искача од нас е само нервози да ни ствара а баш сега треба да уживаме во најубавиот период од животот. Само подршка и од мене ти благодарам Поздрав :*
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Мила слободно пиј го аспиринот, го даваат за да не дојде до спонтан. Не се пие аналгин, додека од аспирин немаш мака, на многу трудници им го даваат.
    Инаку сега дури гледам дека кафенкото ти било од хематом. И јас го имам тој проблем од самиот почеток на бременоста, мака мачам со тие хематоми, де ги има де изчезнуваат, само да ме испаничат. Но, ете таков ми е организмот има склоност кон стварање хематоми.
    Магнезиум можеш и повеќе од 300мг дневно да пиеш, препорачливо е за намалување на контракции.
    Поздрав и се надевам се ќе биде како што треба, а на крај ќе се смееме со бебушките во раце како сме се нервирале :)
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Hi there! :)
    Веќе четври месец се обидувам да забременам, и се надевам дека овој месец тоа конечно ќе биде успешно :wasntme: Сакам да прашам, до предходниот циклус бев на терапија со Асентра (антидепресив), пред 20тина дена ги прекинав скроз затоа што мислев дека забременив...од тогаш не ги пијам. Денес прочитав некаде на нет дека Асентрата може да биде голем проблем во зачнувањето бидејќи го покачувала пролактинот :?: Знае ли некој нешто за ова, и колку време ќе ми биде потребно да се стабилизирам по нивното прекинување?
    Фала многу :*
     
  19. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    мислам дека ке можеш да забремениш,само ке треба повеке време да не ги користиш :*
    со среќа ;)
     
  20. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Женски
    Душо, една моја пријателка исто така пиеше антидепресиви, е сега незнам баш од кој беа,ама знам дека додека беше под терапија не смееше да забремени поради силно дејство што имале, затоа пто на некој начин тие те смируваат и од кога ги прекина забремена без проблем дури ии неочекувано и не со намера да остане бремена- затоа што од и најдоа цин 2, но за среќа се и се исчисти со бременоста, ете ја сега тера 6 месец..се надевам ти помогнав
    поздравче и бакнежички
    и мој најнајприајтелски совет е да не ги користиш апчињата, подобро излези од дома прошетај некаде додека да ти помине нервозата и депресијата отколку да се труеш со апчиња.. :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.