Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Micika80 јас ти препорачувам да се консултираш и со друг гинеколог, посебно ако скрининг си правела во гужвата кај младите докторки од ГАК. И јас, а мислам и уште некој тука на форумот, имав лошо искуство со скринингот, и тоа не за делот од скринингот, туку ми кажа а не докажа нешто за постелката, само лажна паника, и на моја иницијатива иако матичниот ми велеше дека е се во ред, бев на други испитувања и за среќа се беше во ред. Колку што се информирав потоа, за да може да ти каже дали имаш густа крв и згрутчување на крвта треба да направиш испитувања на д-димери и фактори на хемостаза кои јас ги правев, па после ако има потреба да ти даде терапија. Не знам врз основа на што ти ја дал терапијата.
    Според мене пред да превземеш нешто консултирај се со друг гинеколог.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Па јас немам лошо искуство со скринингот,бебето беше според сите нормални параметри како што треба да се развива и да биде во 12 недела. Плус си направив своеволно и Приска тест и тој има одлични резултати.И редовна анализа на крв правев за хемоглобинот и останато, веројатно од таму е видена потребата за аспирин.
    Целосно лекарскиот извештај е во ред ,само што со витамините ми додадоа и аспирин 100 1х1 како превентива за циркулацијата на крвта.
    Бременоста ја водам со 2 специјалисти во Ремедика. Двајцата се искусни доктори и се сложија за потребата од аспиринот и ме уверија дека таа доза е целосно безбедна за бебето.
    Така што решив да го пијам, ама пола доза од препорачаната, па ќе видиме, бидејќи во разговор со доктори-пријатели ми рекоа дека доколку е зголемена одредена вредност во крвта( не се разбирам до толку за да прераскажам) е подобро да се пие, за да спречи згрутчување на тромобоцитите и појава на грутки во крвта, од кои како последица се отежнувал дотокот на кислород до бебето.
    Следен преглед ми е во 20 недела, ама пред да дојдам за скрининг треба да направам испитувања за д-димери и фактори за хеомостаза и да ги донесам на прегледот.
    Освен на трансфузиологија каде можам да проверам тоа? Можам ли некаде да ги искористам плавиве картони за промена?
     
  3. elizabeta.geleva

    elizabeta.geleva Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    piev dabroston 7 dena od 17.06 - 24.06,trebase da dobijam na 29.06.Deneska e 11.07 i se uste nemam dobieno dali znae nekoj da mi kaze zosto e toa taka,zosto mi kasni tolku vreme a pravev test pred nekoj den i mi izleze negativen.
     
  4. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Женски
    а зошто пиеш дабростон!!!!
     
  5. elizabeta.geleva

    elizabeta.geleva Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    bev na ginekolok i mi kazaa deka ne mi pukala na vreme jajce kletkata zatoa mi gi dadoa,a bev 2 dena posle ovulacija koga trebase da imam
     
  6. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е зашто мене ми го даваа дабростонот за зацврстување на матката т.е за да не го испуштам плодот односно да се создаде подобра околина за него ( за жал не ми помогна ;( ) а тебе ти го дале за да ти пукне циста- ми нема логика, може од него да ти касне или евентуално направи си тестче можеби било се уште рано..ама сепак мислам дека од дабростонот ти касни
     
  7. elizabeta.geleva

    elizabeta.geleva Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    fala na mislenjeto...pozz
     
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    261.158
    Пол:
    Женски

    Еве јас како паталец да ти кажам дека треба да ги пиеш аспиринот. И мене кога ми ги дадоа прво во упатството што прочитав беше дека не се препорацуваат за бремени жени, НО за време на бременоста вредноста на дидимерите расте што е и нормално односно како што и ти пиша крвта станува покоагулабилна односно погуста па со тоа и постелката потешко се снабдува со крв и побргу старее од предвиденото.
    Хемостаза за жал со плави картони само на клиника на трансфузиологија ама опреми се со еден тон нерви бидејќи таму е хаос, ако сеуште имаат втора смена ти предлагам да одиш попладне.
    Со среќа и се надевам дека вредностите ќе ти бидат во прифатливите рамки.
    Ако имаш уште некое прашање слободно пиши ми.
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Божица благодарам за советите, го пијам аспиринот и немам никаков проблем до сега, се надевам нема ни во иднина, бидејќи бил добра превентива за циркулацијата, и далеку полесна варијанта отколку терапијата што би ми следувала во иднина доколку не се регулира крвта.
    А за другово сакав да се информирам повеќе, бидејќи анализа на д-димери и фактори на хемостаза во ремедика каде што ја водам бременоста е околу 4000 денари,поточно 2200 за димерите и 1500 за хемостазата, а сепак не е преглед, туку само анализа на крв, па мислев да пробам поевтина варијанта барем за тоа.
    Така што некој ако знае било каква варијанта поевтина од 4000 денари е добродојдена :) за транфузиологија ќе подразмислам, ако ми најде фамилијава некој познат доктор од таму ќе пробам,инаку на жештиниве последна работа што ми треба да висам цел ден со тон пензионери за ред.
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^ Еве го моето искуство со испитувањето на д-димери на Трансфузиологија. Не се чека многу, барем јас кога бев трудниците ги примаа во посебна амбуланта. Еве meU ако била, нека каже како поминала таа.
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    И јас не сум била. Бев на преглед и докторот ја гледаше постелката, па кажа дека доколку има реална потреба за да се направи ова испитување се гледа тоа на ехо.
    Кај мене нема потреба од ова испитување, а ми кажаа на ГАК да испитам, и тоа го прават како по шема за секоја трудница.
    Е сега докторот ми кажа и дека ич да не е во најмала рака ќе дадат некоја терапија, најмалку клексан инекциите. Ме изненади ставот на приватните лекари кои сметаат дека е се ова само профит за фондот.
    Како и да е, дефинитивно се гледа доколку има потреба за ова испитување.
    А за Трансфузиологија ми дадоа совет да одам наутро , трудниците одма ги примале, не чекале ред.
     
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    478
    Според вашите мислења и искуства, каде е подобро да се направи скриниг за Даунов синдром во 12 недела?
    Во Ремедика, Систина или Св. Лазар. Во Ремедика прочитав дека е 3000 ден. ВО другиве да не знаете како е?
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Меѓу тие 3 клиники мислам дека нема некоја разлика ни во цена ни во квалитетот на услуга. Сите се добри нови клиники со современа апаратура, што вика еден другар, на тие нови апарати и услови и неписмен,сам ќе види се што треба да види, не па доктор. :)
    Јас правев скрининг во Ремедика, платив 6000 денари бидејќи ми рекоа дека најдобро е освен ехото, да се направи и Приска тест за да биде комплетен скринингот. Инаку без приската е 3000 само ехото, тоа своеволно одлучуваш, нивно е да си понудат се што имаат.
     
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ајде и јас да прашам последните брисови што се од матичниот во која недела се земаат, матичниот ми кажа дека треба да ми земе ама не ми кажа кога па да си знам :)
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Мене докторот уште првиот ден кога дојдов да потврдиме дали сум бремена, прва работа што направи ми зема брисови за пап и микробиологија. Колку што знам во текот на бременоста, барем уште еднаш ќе треба да се направи повторна проверка.
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    И кај приватен лекар да правиш ,ако има 3д ехо се се гледа. Јас правев кај докторот што одам веќе неколку години,на приватно, платив 1000ден , многу убаво ехо има, и точно измери се. Со оглед на податаоците добиени, кажа дека нема потреба да даваме пари дополнително за Приска. Подоцна кога се информирав сфатив дека Приската е само џабе фрлање пари.



    Последните се прават обично во 32-33н.
     
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    А што е Пирска? :tmi:
     
  18. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Мислам дека има за Приска тема, накратко и наједноставно, тоа претставува анализа на крвта каде што врз основа на некои вредности на крвта се бараат можни индикатори за хромозомска аномалија кај плодот.
    Во странство ги прават задолжително, кај нас ги препорачуваат за трудници над 30-тина години, со попретпоставка дека со годините доаѓа и поголем ризик за аномалии кај плодот.
    Мене ми го предложија како дупла потврда, дека освен тоа што го видоа на ехо и крвта ќе потврди дека се е во ред со бебето.
    Многу викаат дека се џабе фрлени пари, ама мене за моето бебе ниеден преглед плус не ми е џабе фрлени пари.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Не зборам за џабе фрлени пари за здравје, такво нешто не постои.
    Ако подобро си запознаена Приска тестот, е тест кој се прави со зимање на крв, а сите параметри се одредуваат врз основа на математичка формула.
    За тебе е ова веродостојно???
    Можеби, но никој не го зема здраво за готово, зошто доколку еден резултат од крвта одстапува од стандардите одма и тестот дава лош резултат, а немора да е така. Инаку во последно време на ГАК е воведено како задолжително, исто како што беше на времето секој месец земање крв, урина(додуша и сега е така).
    Па ако гледаме реално, доколку навистина постои потреба или сомнеж за Даунов синдром, а тоа се заклучува по големината на нухалната туба,( доколку е над 2, значи има шанси за болест). тогаш подобро да се направи аминоцинтеза, барем знаеме дека е сигурна. А не мене некој да ми кажува по годините мои, на партнерот и вредностите од крв дали детето ќе ми биде болно, и сето тоа во проценти, демек 70% ќе биде , ајде де, сеа ќе биде или не... глупости. Е затоа е ова џабе фрлање пари, зошто не е 100% сигурно, туку помалку од 60%.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Аааа да ги правев и јас тие ама незнаев дека во Македонија така се викаат. Инаку се задолжителни тука и се изведуваат во тајност при што сите примероци се анализираат само во еден центар во државата (од лабораторијата каде ми земаа крв се праќаат во тој центар по брза постапка). Потоа од резултатите од ехо и Пирска ми дадоа одговор на домашна адреса дека има 1:10000 шанса да детето е со даунов синдром. Мислам дека понатаму ги користат тие податоци за статистики на државно ниво.
    ПС заборавив да споменам дека сите тестови за мајката и бебето се БЕСПЛАТНИ