Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Знам дека во странство се задолжителни, сестра ми и другарка што живеат надвор од РМ, исто кажаа дека се задолжителни :)
    Е сега кај нас,затоа си има доктори специјалисти, да си ја работат својата работа како што знаат најдобро, а јас како не сум медицинско лице не гледам воопшто логика зошто би се убедувале на форумов кои испитувања се правилни или сувишни. На крајот на краиштата кај нас е тоа личен избор, а овде сме да споделиме искуства, не да наметнуваме свои лични ставови. ;)
     
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    823
    И јас правев Приска тест. Знам дека не е сигурен 100 %, ама исто со него ве делат во две групи, со висок и низик ризик. Е сега ако сте со висок мислам дека тогаш ќе ве пратат на дополнителни аналази за да се биде сигурен дека не постојат аномалии на плодот. Барем така ми објасни мојава докторка. Ние со бебушо бевме во низок и овде престанаа тестовите за тоа.
     
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Влегов во 19 недела и од пред две недели го чуствувам бебето кога мрда, ама денес цел ден не сум го осетила и сум загрижена.
    Како да го натерам да мрдне за да ми се смири душава?
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Изеди едно чоколадо, мојава бебушка збеснува од чоколадо :lol:
    А полека со тек на време ќе и ги научиш финтите како да го будиш детето, дали со галење, дали со подбуцнување , мал притисок на одредено место.
    И без грижа допрва почнуваш да го сеќаваш, и јас така еднаш се загрижив 4дена го немав осетено, којзнае како била свртена, но затоа сега веќе се тепа со мене :rofl:
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.903
    Пол:
    Женски
    Кога бев на ЦТГ последниот пат ми рекоа да се напијам кока кола и да каснам нешто благо за да се мрдало повеќе бебето и да му се слуша срценцето посилно...ова е совет од сестрата што ми правеше ЦТГ.
    Инаку и моево бебе ако каснев благо збеснуваше :)
     
  6. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    478
    Пред една недела ми се појави чешање и минимално бело прање.
    Отидов кај гинекологот, и ми препиша Nystatin вагиналети и крема. рече дека тоа е габична инфекција, но ништо страшно, се јавувало на многу трудници.
    некако шубе ми беше да ставам вагиналети, еве веќе 11 недела сум, и не ги купив. се ставив на диета, не јадев благо и пиев многу јогурт. Чешањето скоро се намали, но се уште имам секрет.
    Сте ставале ли вагиналети кон крај на прво тромесечје?
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    стави си ги вагиналетите слободно не мозат да ѓтетат воопшто него можат само да ти помогнат ас во 8 месец од бременоста ми преписаа вагиналетки нистатин да ставам превентивно преку 1-2 ноки се до крај на бременоста заради да не се јави некој аинфекциј апа бебцето да си ја закаци на породуванје така да не се плаши не ти штетат
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Моето бебе скоро фати соор т.е кандида на јазикот и го мачкав со метиленско сино. Сакав да дознаам повеќе за таа течност и се научив дека е природен антисептик и дека може да се мачка и на вагината и не е штетна. Исто помага раствор од 1 литар камилица чај и 1 мала лажица сода бикарбона.
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057

    за минималното бело прање немој да се грижи, низ цела бременост ќе имаш некаков исцедок. Се додека не е обилно , со сменета боја и мирис не се секирај. Понекогаш ќе ти потекува и како водичка. Јас од почеток на бременоста до денес сум постојано со секојдневна влошка, а пу пу пу засега сите резултати се негативни.
    За чешањето, намачкај се Канастен крема, надворешно се става, а веќе ти кажаа и со камилица да се подмиваш не е лошо.
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Девојки имам едно прашање 13 недели сум од бременоста и утре одам на скрининг ама сакам да прашам дали на некоја од вас и се има случено како мене неколку дена(овие последниве ) воопшто да не чувствува дека е бремена нема симптоми нема гадење нема повраќање ама баш ништо. ниту тапа ниту силна болка во пределот на стомакот ама баш ништо ништо. И на почетокот на бременоста не чувствував никакви симптоми освен изостанок на МЦ ама сега во овој период ама баш баш ништо. Градите ми се со нормална големина (сеуште си ги носам старите градници стомакот ми е ист со оглед на тоа што имам и малку повеќе килажа а во овој период се немам ни грам покачено) Имала ли некоја вакво искуство, на моменти навистина се плашам да не нешто не е ок НЕДАЈ БОЖЕ. а последното ехо беше пред две недели
    (а можеби и прва бременост па сега на се се паничам и мислам )

    поздравче идни мамички :*
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Немаш гајле, не мора да имаш симптоми, не е кај сите иста бременоста. И кај мене беше така, на почеток никаков симптом немав, ниту се поправав, само многу ми се спиеше, цело време.
    Уживај и не се секирај ;)
     
  12. peperutka08

    peperutka08 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    zdravo zenski, da ve prasam dali e dozvolena depilacija vo prvoto tromesecie? jas od strav koristam bric ama ne mozam poveke.fala...
     
  13. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    478
    јас искрено бев на депилација пред 2 недели, а тогаш бев 9 недела.
    Дури и бев на маникир :( ама тогаш не ни знаев дека сум трудна.
    Еве другарка ми треба секој момент да се породи и баш пред некој ден отиде на депилација, и башка цела бременост си се депилираше.
    Според мене немаш никаков проблем.
    Зборувам за депилација на препони...а секако штом таму можеш нормално дека можеш раце и нозе ;)
     
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас уште одам на депилација, имам слушнато дека околу терминот за пораѓај не било убаво, инаку во текот на бременоста може
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    261.158
    Пол:
    Женски
    Јас се депилирав цела бременост. Последен пат неколку дена пред породување. Немав никаков проблем а и поедноставно е и за во болница а и попородувањето.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Незнам дали некој забележал ваква појава ама јас одкако забременив сум сууупер влакнеста, брзо ми растат и коренчињата им се многу јаки :^)
    Со еден збор многу ме нервираат влакнава во последно време :D
     
  17. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    феминки јас сум веке пред порагјај и за зал користам брич, но бидејки многу ми се спусти стомакот последниве денови не мозам да се средам :( ве молам казете ми дали ке има некакви проблеми за време на пораѓајот
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    ако неможеш сама да се средиш или немаш некој близок да те среди тогаш коа ке отидеш да се порагаш од таму ке те среди некоја сестра. :)
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Негледам зошто би имала проблеми, ти мислиш баба ми депилирана се пораѓала?
    Не се замарај ич и уживај во последните денови од бременоста
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Нема проблем освен ако не ти смета во болница да те избричи бабацита. Тоа им е стандард процедура.