Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    24
    Ме интересира кои тестови се препорачува да се направат пред да се забремени?
     
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    ЈАс правев пап тест и микробиолошки за хламидија,уреоплазма,мукоплазма и кандида
     
  3. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    69
    Дефинитивно пап и микробиолошките брисеви ( микоплазма, уреаплазма, цервикс и хламидија ),посебно ти ги потенцирам микробиолошкиве бидејќи поради една гнасотија од нив за која не бев свесна дека ја имам ( немаше апсолутно никакови симптоми! ) имав спонтан во 9 недела.
    Така да би ти препорачала, и не само тебе ами на сите кои планираат бременост, прво на гинеколог, па потоа бркајте плодни денови,бидејќи од несериозно сфаќање на тема гинеколошки преглед крајниот производ може да биде катастрофален.
    Затоа се што можете предвреме да спречите, а е реално до Вас - спречете го!
     
  4. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    24
    Па затоа и прашувам за после да не се расправам со глупости... Благодарам за брзиот одговор :)
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Човече колку сте оптеретени во тек на бременост тоа е чудо нешто! Па сметам дека во поразвиените земји од нашата не се оди толку пречесто на прегледи и толку многу не се оптеретуваат. Едноставно одете редовно не пречесто на контроли и се ќе биде во ред и контролирано. Се знае колку како и што редовно и нормално се препорачува кај нас при бременост и дај олабавете малце. И препуштете ги деталните анализи на докторите кои се стручни за тоа. :geek:
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^Поради мојата состојба почесто наминувам во темите за бременост и не гледам дека некој е оптеретен ако прашува нешто што го интересира и со кое прв пат се соочува. Сепак се соочуваме со нова состојба и нормално е некои работи да се непознати и да се споделуваат искуства, за тоа е создадена и темата.
    Можеби не ти е постот на правилно место ако сакаше да дадеш совет, ама вака не гледам дека некоја е преоптеретена со непотребни прегледи, никој не сака дополнително да се влече по болници и клиники, овде само разменуваме искуства.
     
    На ivanovicka и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Напишав и во друга тема, ние сите што ги посетуваме овие теми сме генерално скоро сите бремени некоја со прво некоја со второ трето. Обично ние што сме прваци нормално е да имаме секакви прашања и да ни бидат чудни многу работи па и нејасни од причини што се соочуваме со новитет во нашиот живот. Тоа не е оптеретување како што некоја погоре напишала туку е само разменување на искуства и знаење за да си го олесниме овој период во исчекување. Еве јас вчера бев на скрининг и искрено немав предходно појма за што се работи и што ќе ми прават па умирав од страв додека не влегов во ординација и кога таму докторов само абдоменално ехо и супер си и терај. ЗНачи ние го имаме овој сајт за да дознаеме многу повеќе и да си олесниме на себе си. Никој не се оптоварува.

    Позитивни мисли и поздравче мамички :*
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Според мене нормален е стравот и несигурноста од непознато, токму тоа што ни се случува на сите нас кои сме по прв пат бремени, а и оние кои се по втор, трет пат, а наишле на нешто различно од претходната бременост.
    По мило ми е и по лесно да прашам ваму за совет, или па макар да прочитам некој со слично искуство него да се јавувам по доктори, да одам на контроли.
    Да , си ги правам редовно контролите, дури поради тежината на моменталната состојба и по често од стандардните контроли, но сепак по друго е кога ќе се прочита некој кој веќе го поминал истото. Можеби и на тој друг неговиот доктор обратил внимание на што мојот не, па сето тоа се надополнува.
    И мене не ми е сеедно што се тресам на се, на секоја нова промена, не ми е сеедно што секоја недела сум по доктори, ич не ми е интересно што со страв станувам од кревет.... па упм сакам и јас да се опуштам, да поуживам во оваа бременост, да осетам убавина, магија, но ете сеуште не дошол тој момент.
    Се си викам здравје Боже да стасаме до 36недела, после за ништо не му се замарам, само ќе си уживам, но долг ние патот уште до таму, има време, а за праскичката наша се ќе се издржи, само да е жива и здрава.
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Тоа е исто, како сега за сите двојчиња што пишуваат во темата љубов, за љубовни проблеми, да искоментираме аман ова жениве ама се замараат со дечковци :D Kој каков интерес си има,во таа тема ќе се активира :)
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    :lol: во право си, иако понекогаш морам да признаам дека ми се има здосадено читајќи ги темите за љубов ,дали сум бремена и сл , но ете и ние трудните знаеме да бидеме досадни и напорни :$
     
  11. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    женички да ве прашам што е тоа волчја уста или зајачка ако знаете кажете ми рекоа дека моето бебе нема таква уста е сеа дали тие двете не се во ред или нешто не е во ред со моето бебе позз
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Еленика, не те сфаќам, ти рекле дека бебето има или нема зајачка или волчја усна? Пожелно е да нема, тие се развојни аномалии на устата кај бебињата. Во секој случај, се решаваат, оперативно, и нема место за паника.
     
  13. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    Вака девојки, имам еден проблем. Знам дека е уште рано да мислам за ова, ама ми треба ваше мислење ако некој имал вакво искуство.

    Дечко ми има 23 години, пред една година правеше операција за неспуштен тестис (ете неговите колку биле внимателни, и му ја направиле "на време" операцијата, оваа се прави до 6 години, а он ја направи на 22 години т.е лани). Едниот тестис цело време му бил во функција, нормален, дури и се зголемил за да може да ја извршува работата и за двата тестиса, а додека другиот ми бил кренат. Докторот му кажал као не би требало да има проблеми со забременувањето. Тој тестис што му бил спуштен мопжел да лачи сперматозоиди, а додека сега оперираниот тестис само хормони. Знам дека може да се забремени само со еден тестис, ама страв ми е сите овие години и тој здравиот да си ја изгубил функцијата и да се создало стерилитет.....
    Ве молам ако некој имал вакво искуство, нека пише :)

    Уффф знам дека сум идиот што се замарам уште од сега, и дека не е фер од моја страна да мислам така и да се плашам за ова. Ама некако и не е фер јас да ја плаќам грешката на неговите.... Многу себично од моја страна, и страв ми е што размислувам вака и што се плашам, треба да го сакам и да има таков проблем, ама ете посилно е од мене :worried:
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Не би требало да има проблем штом има еден тестис. Точно е дека требало на време неговите да го средат тоа, ама можеби не биле доволно информирани дека неспуштените тестиси не си ја вршат функцијата. Само ќе ти кажам ова - кога можат жени со еден јајник природно да забременат, може и маж со еден активен тестис да заврши работа ;) Не се оптоварувај со тоа :)
     
  15. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    ми рекоа дека нема и фала богу што е така :)
     
  16. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    http://www.mypopulars.com/images/joaqui ... ics-11.htm
    Еве возрасен примерок за средена зајачка уста :) Тоа преставува аномалија во самиот развој на лицето на бебето кога горната усна е расцепена и споена со врвот на носот. Иако изгледа прилично страшно кога ќе се роди,( имам видено такво бебе кога го донеле на ортодонција на клиника за да го видат професорите) тоа е сепак рутинска операција, која денеска со помош на ласер и слично е доста софистицирана и остава минимален траг на горната уста како детето да паднало и има гребнато усте.
    Ич не размислувајте за такви работи, само викајте си во себе:моето бебе е супер :)
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Не ме сфаќајте погрешно девојки ноу ноооу не сакав да ве навредам, па и јас до пред 8 месеци бев трудница :) сакав да кажам да гледате што повеќе да одмарате, да не се замарате, да не толкувате и учите медицински називи, и да бидете што по искулирани и мислам дека така многу подобро може да поминете низ бременоста. Многу одмарајте затоа што верувајте одмор и те како ќе би треба. Се што треба да ве интересира се редовните контроли кои колку чести ќе бидат ќе одреди вашиот доктор.
     
    На Annath и MacenceEna им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Следниот пат кога ќе ти кажат нешто што неразбираш ич не му се мисли и прашај си го докторот одма, не е срам да не се знае!
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Мене ова што го прашуваш воопшто не ми е ни себично ни глупаво ,туку сосем нормално.Добро е кога пред брак и забременување би се знаеле сите семејни болести ,како и лични недостатоци(здравствени) за подоцна никој да не се чувствува прелажан и затекнат во одредена ситуација. Предпоставувам дека дечкото ти ја кажал вистината онаква каква што навистина е и дека ете здравје боже ќе нема проблем со плодност.Кога јас би била на твое место најнормално би се консултирала со доктор (можеби и гинекологот твој може да ти помогне) за да ми објасни убаво што и како може да очекувам.
     
    На apple12 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Значи колку и да сакам и да се трудам да се опуштам, едноставно нема шанси. Денес повторно кафено :@ веќе немам памет во глава.Значи вакво нешто ама никаде до сега не сум прочитала, на точно 2 недели, пред две недели во средата, денес четврток мене истото ми се случува.
    Ќе се мрднам веќе, ајде веќер пак на лекар :@ :@