1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    најбитното прашање на кој никој нема одговор, кога е вистинското време за забременување? мене ете такви прашања ми се вртат низ глава...

    во ред и официјално се зедовме, потпишавме, во брак сме и таа етапа е завршена...

    ( и следно најголемото клише на сите времиња после брак следи дете..)

    подолго време размислуваме за дете ама не сме се решиле да пробаме ниту еднаш, сопругот премногу сака деца и мислам дека е повеќе од спремен ама имам чуство дека смета дека јас не сум спремна. и сега чекаме да помине време ама незнам што чекаме.. а јас незнам како се осеќам од една страна сакам се чуствувам спремно доволно сум возрасна и се тоа убаво ми е во сопствената кожа но некако понекогаш не сум сигурна. од една страна ми е смачено од нервозиве секојдневни од работата и родителите и сакам да си имам свое семејство... а од друга страна па несакам да правам дете за да си ги избегнам проблемите бидејќи како и да е тие пак ќе стојат. (само да бидам јасна немам проблеми никакви со сопругот туку оние општите од животот :lol: ) потоа мислам на работата што и како ќе биде, не ме страв од отпуштање туку незнам онака да не бидам доволно достапна .

    како и да е мислам дека тој ме остава јас да го имам конечниот збор бидејќи јас ќе сум мајка ...
     
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    навистина нема одговор на ова прашање кога е вистинско време за бебе...
    и јас така две години чекав де едно де друго, и тогаш кога решивме дека сакаме бебе и дека е време според нас, тоа не се факаше :( и така се обидувавме и нервиравме цела година, постојано прашувајки се зошто не прпбвме порано, што ако сега не фати :?: затоа мој совет само сакајте се и љубете се а дедо боже си знае кога е време за бебе :*
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Тогаш кога ќе забремениш :)

    Значи, не кога НИЕ посакуваме...често (дури и пречесто во последно време) се случува парот да има проблеми со зачнување, па ние жените паѓаме во депресии оти мислиме дека сме со „фалинка“ (го имам поминато процесот, зборам од лично искуство) и упорно се молиме, бараме и посакуваме баш ОВОЈ МЕСЕЦ да останиме трудни.
    И не се случува...ниту овој, ниту наредниот, ниту 4 од сега....се` до моментот кога ОП, се будиш едно утро и те чекаат 2 цртки :) Зошто? Затоа што ТОГАШ ТРЕБАЛО.

    Нормално, ова ќе се случи доколку работите на случајот :lol:

    А ако прашуваш во смисла Дали си спремна за бебе...па со оглед на тоа што очигледно дополнителни обврски и промени не те плашат - јас би рекла Да :) И не, не е чудно тоа што сакаш да го промениш секојдневието со таков голем чекор. Тоа само значи дека ти ТРЕБА промената, не дека бегаш од проблемите.
    Секое време со своите потреби, иначе како ќе одиме нанапред? :)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Јас мислам дека моментот кога ќе се осетиш возрасна, спремна за бебе е после првиот-вториот ехо преглед на кој ќе ти ја потврдат бременоста. Можеби и многу покасно.
    Лично на почеток бев толку изгубена, а и до пред 3-4месеци сеуште мислев дека сум дете, како јас ќе гледам дете, како ќе се грижам за него... но сега веќе јасно ми е дека не е така, дека сум способна,можам и ќе знам како да се грижам за тоа дете.
    Интересно е тоа како одминува времето така сфаќањата и погледите се менуваат. Затоа не чекај да пораснеш, туку нека те води желбата и инстинктот, ако сметаш дека треба да пробате, слободно пробајте, ако успеете, значи дека си спремна и дека ќе можеш да се справиш со новиот предизвик.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    И јас чекав и кога беше време знаев. Лично јас сметав дека треба прво да се навикнеме со маж ми на новата ситуација (бракот) пред да се одлучиме на таков чекор.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    маж ми има некоја фикс идеја дека ако само еднаш пробаме дека веднаш ќе се фати :D и искрено ми е страв да не се разочара бидејќи ова е скоро невозможо . значи во сите овие години ние ниту еднаш немаме оставено на случајноста, тој никогаш не свршил во мене значи немаме пробано ниту еднаш...

    моира ти благодарам ми требаше да слушнам такво нешто .
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Почнете си вие мила со обидување, ама без притисок дека МОРА да биде, па кога дошло - добро дошло :lol:
    И обавезно, ама ОБАВЕЗНО биди реална и објасни му на мажот ти дека можеби и нема да бидне од првиот (или вториот, и третиот, и петиот) пат, за да биде спремен на ситуацијата, оти и тие знаат да западнат во депресија, дека можеби е и до нив (мене мажот ми ме мажеше по 2 пат, демек до него бил проблемот, па да ме оставел за со некој друг да сум се реализирала како мајка |( ).

    Така да - спреми се ти психички дека може да е утре, а може и по 6 месеци. Спреми го него дека може, а и не мора, да се случи магично после првиот пат :lol: и УЖИВАЈТЕ, овој процес е прекрасен, како и се` друго што следува после него :$
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    моира ти благодарам уште еднаш за советите.

    јас сум спремна и јасно ми е се, веќе долго време ги читам сите теми поврзани со бременоста и децата па сватив и научив многу работи споделени од феминките нели реални искуства и се спремам пред се психички на се што може да се случи, воопшто не сум оптоварена со тоа ама имам желба барем да почниме радознала сум како се ќе се одвива лол.

    а за него да треба да му се објасни малку да не мисли дека е семоќен :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Леле така и јас на почетокот, уствари пред да почнеме да се обидуваме со мм за бебе, му велев јас ајде да почнеме, да пробаме, од прва нема шанси да фати, да почнее да се обидуваме па кога дојде добредојде. И тој ми вели абе како нема да фати , одма ќе фати, уште рано е , чекај сега не сме сеуште спремни, немаме свој стан ( живеевме тогаш кај свекрва ми, а мм беше во двоумење дали да купуваме куќа или не) и ми вели чекај, сеуште не се средиле за стан па како ќе живее тоа дете :D И му велам, кај никоја од прва не фатило па камоли кај мене, не може тоа кога сакаш, а и секогаш кога сакаш не доаѓа, кога најмалку очекуваш доаѓа. И така, после некое време кога почнавме да се обидуваме, гледа и тој дека поминуваат неколку месеци, ајас си добивам и у вела, абе што бидна како не се фати одма од прва? :^) Е немаше што да ми одговори на тоа и така после 1 год.скоро останав трудна, па да виси дека зум имала право, а не да се прави као да е семоќен и да може кога поска тогаш да направи дете :!:
     
  10. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Јас исто се мислев кога ми е право време и на крај решив дека е всушност време јас веќе да не мислам на ништо и да си оставам да си дојде она што е мое.
    Често се шетаме со сопругот низ парк и кога ги гледав мајките се прашував што тие мајки биле поспремни, поспособни и посигурни од мене? И не наоѓав одговор што уште треба да чекам. Затоа само решив да се опуштам и да не мислам,па така бебево си ја искористи уште првата шанса што му ја дадовме. :D
    И кога ми потврдија бременост си знаев дека си било време, дека сите околности ме чекале мене да дадам шанса за да почнат да се реализираат. :D Чувството дека некоја душичка се изборила да стигне до јајце клетката, да се закачи за матката и да започне живот за баш јас да му бидам мама, ме убеди веднаш дека сакам да бидам најдобрата мама на свет. :$
     
    На valjaaaaa и joelle им се допаѓа ова.
  11. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    mila koga dozna deka si bremena koja nedela od bremenosta bese i koga prv pat go vide plodot.te molam za odgovor
     
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Мене првпат ми потврдија бременост кога го видоа бебето во 5 недела, беше како мала црна клетка и во неа како кесичка од бели точки, а после тоа отидов за 2 недели на контрола за срцева акција.
    Претходната недела бев на преглед со Ехо и немаше ништо, а од сипмтоми само задоцнета менструација, која ми доцнеше цели 2 недели,дури и домашните тестови ми покажаа негативен резултат.

    Да дополнам само дека кога се виде првпат плодоот на Ехо докторите констатираа дека според менструацијата одговара на 7 недели, ама биометриски одговара на 5 недела и дека оплодувањето настанало на крајот на месецот, затоа воопшто не се гледало порано и немало изразени симптоми. И без разлика што не се поклопуваа неделите, рекоа дека бременоста е супер.
     
  13. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    mila znaci jas treba nekade da sum 5-6 nedela od bremenosta testovi pravev pozitivni i preku krv pozitivni a na eho ne se gleda nisto doktorot mi veli pak preku krv da ispitam a jas dva dena imav krvarenje no piev progesteron i alkavit folna kiselina za zadrzuvanje na plodot a plod ne se gleda sto se slucuva so mene, a pak denes napraviv test za bremenost nema dve crti.sto da pravam psihicki se tepam.
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    А да се консултираш со докторот неможе?
    Јави се кај него и кажи дека ти е итном вака само се нервираш.
    Уште крвариш или тоа се смири?
    Мене ми потврдија бременост во 6,3 та недела, се гледаа и отчукувањата на срцето
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    298
    Ми влегоа луѓе во канцеларија и ми остана одговорот што го дополнив погоре, не видов дека си допишала :)
    Значи кај мене не се совпаднаа неделите и затоа првпат го видоа во 5 недела, а наводно требало да биде 7 ма. Значи по таа логика за задоцнето оплодување и моето се виде тек во 7 недела, ама докторите ми рекоа дека целосно одговара за 5 и до ден денеска се ориентитаме според биометриската големина.
    Рачунај дека јас последна менструација имав на 4 април, а дента кога го видоа на Ехо беше 23 мај.
     
  16. Raven

    Raven Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Што е???

    Што е тоа овулација на плодни денови?????????!!!!!
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Што е???

    На средина од менструален циклус (ако циклусот е 28 дена,значи на 14ти ден) се случува овулација, тоа е пукање на јајцев фоликул(јајце клетка) која што е зрела и оди во јајцеводот ,таму `чека` 4 дена средба со сперматозоид. Ако дојде сперматозоидот тогаш се оплодува и настанува бременост,ако не таа клетка умира и се исфрла како мензис од организмот.
     
  18. marija27

    marija27 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    сакам да ве прашам дали е можно да си бремена а ти доаѓа менструација како и секој месец?
     
  19. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    леле девојко во ред е да прашаш но ти истото прашанје го поставуваш во 10 теми мислам малку претера...
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    некои тврдат дека е можно, но јас логично тоа неможам да си го објаснам како е можно, а и да е можно е мноооооогу ретко така да не верувај дека си во тие ретки души, ако ти доаѓа ментруација заклучокот е краток и јасен не си бремена. И за вакви прашања сите го знаат одговорот ама незнам што ве тера да прашате кога знаете што ке ви се напише. Значи правило број еден како прв и основен симптом на бременост е изостанување на менструација :!: