Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    покачени ми се тромбоцитите тоа ми показа крвната слика. Што значи тоа опасно е или не... Кај гинекологот ке одам дури во четврток па ме мачи резултатот?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Не е толку страшно колку што е опасно при породување ако не ги ставиш во нормала до тогаш. Да не ти вадам памет, гинеколог најубаво ќе ти каже (има и апчиња кои се пијат по шема за тоа ама сепак гинеколог врз основа на резултати ќе ти каже).
    Повеќе се движи (ако имаш нормална бременост), зеленчук и овошје конзумирај секојдневно.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Бидејки ја заклучија темата Труднички муабети, прашањата кои ги имам ќе ги поставам повторно тука со копи/пасте :D :D ...Поздравче

    полека влегов во 35 недела има уште малку до крај освен ако бебушка не ме изненади нешто порано. Што се однесува до торбиците за во болница пред некој ден ги завршив и двете и мојата и за бебушка , за бебуш купив и обезбедив се , остана уште водоотпорен фластер да земам и мм да го намести креветчето, ама нему не му се брза нешто за местење станал суеверен да не сум се породела порано кога бебушка ќе го видел креветчето па си чека тоа за местење . Не ме фаќа сеуште страв иако имам некои чудни мисли и чувства во мене, само се трудам да бидам што може позитивна. Сакав да прашам за ова епидуралов , дали на ГАК ти го наплаќаат или си влегува во регулар па не ти земаат ништо пари, а и друго прашање имам : сега во среда за последен пат одам на преглед кај матичнот гинеколог , па дали одма треба да се пријавам на ГАК или може после некој ден ... ова малку не ми е јасно, а и ова со чепчево дали може некоја да ми објасни , веќе неколку дена доле кај другарка ми имам некои чудни болки кои се како некој да ме боцка односно на моменти да ме притиска па се мислам дали тоа е почеток на распаѓаање на чепчето бидејки секретот доби некоја жолтеникава слузница како мрсучиња од време на време во денот. .. ВИ благодарам поздравче и убав ден
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Епидурална не ти следува на ГАК, сама треба да си побараш или врски да си фатиш, и нормално, се плаќа. Така беше кога јас се пораѓав, сега не знам.
    Што се однесува до мукозниот чеп, обично исцедокот станува како сукрвичав, со кафеавкаста боја. Тебе ти е уште рано за тоа, нека седи бебе во стомачето уште некој ден, нека си расте на топличко. Може да си преладена, па од тоа да чувствуваш боцкање и да имаш промена во исцедокот. Не се форсирај многу, одмарај и уживај, само со позитивни мисли.
    Ако знаеш кој сакаш да те пораѓа на ГАК, убаво е да се договориш со него/неа, односно да се видите некоја недела пред породување, да се договорите. Ако не одиш на таа варијанта, не мора да се пријавуваш, само кога ќе дојде време, ќе одиш таму со книшката и упат од гинекологот. После ако треба уште некои документи, ќе среди мажот ти. Инаку, откако ќе влезеш во 36-37 недела може ќе треба да одиш на ЦТГ во ГАК, со упат од матичниот, ама тоа тој ќе ти каже дали и кога треба.

    И само позитивно, ајде, уште малку имаш ;)
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Ти благодарам............ :*
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    и да заборавив да пишам зелезото ми било хемолизирано? е што е па ова сега .... Ме шекнаа денес ќе чекам да ми казат мозе ке треба да ги поновам резултатите.
     
  7. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Женски како сте денес? Јас веке влегов во 37 недела... малце ме фака паника...вчера бев на Цтг и се беше ок..потоа ми направија вагинален преглед но многу ме болеше едвај го издржав... дали вие при вагинален преглед имате ваква болка како јас?
     
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Девојки,мамички и мешенца како сте? Бидејќи темата за нас трудничките муабети е заклучена , вртев,вртев и не знаев кај да го поставам прашањето па мислам дека овде највеќе одговара. Денес се разбудив укочена целата, ноќеска ми беше многу жешко и сум се испотила во спиењето па се откривам често и сум настинала, ме боли вратот, грбот, а и се осеќам некако цела укочена, омалаксано, дали е симптом за настинка ова којзнае? :( Мерев 3 пати и температура и немам, 36,8 е.

    Е сега освен ова имам и друг проблем, исто така денес кога станав од спиење, кога отидов да мочкам и кога се бришам осеќам левата усна на вагината ме боли како да сум се удрила некаде , како да објаснам....како модрица да имам, па земав огледалцето да видам и немаше ништо, ни црвено е , ни подувано, само на допир ме боли и тоа само едната страна, другата не :worried: Што би можело пак сега ова да биде? Дали и се има случено на некоја од вас? Се намачкав со канестен па си велам може е надразнето местото, ама од што?? За односи немаме со мм веќе цел месец, некако почна да ми тежи стомакот и немам никаков апетит за секс, плус се вртам по 100 пати и не можам ни една поза да фатам за спиење оффф :tmi: слатки маки се овие....уште малку да издржам па после не е битно... :(
     
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Јас не чуствувам болка при вагинален преглед. Бараат да ги ставам тупаниците под колкови и да се опуштам. Плус ставаат некој гел на ракавицата и глатко оди процедурата. Плус последниот пат толку се надевав дека ќе ми кажат дека се отварам ама ништо. А да и да не заборавам после вагинален преглед често се случува да одпадне мукозниот чеп што не е сигурен знак за почеток на пораѓањето. (да си знаеш ако евентуално ти се деси)
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.057
    Мене ужасно ме болеше, до последен вагинален преглед имав страшна болка. Нека не те плаши тоа нормално е.
     
  11. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Нека те масира мажето на вратот и грбот почесто :lol: мене многу ми помага масажата а ова за усната на вагината би можело да биде ако си била погруба со бришењето со тоалетна хартија, јас имам забележано дека иако имам зголемен секрет сепак вагината ми е сува и некогаш ме здоболува кога се бришам со тоалетна. купи си помека хартија и биди понежна. А што се однесува до вагиналниот преглед кај гинеколог и мене ми е болен сега во бременоста ама што да е прави :worried:
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Ме масираше вчера цел ден мама,со маст за настинка и се испотив ноќеска едно 2,3 пати... мажето ми е на работа по цел ден и ме гледаше мамичка, синоќа качив и температура 38 па морав да се напијам Депон и за саат време ми спадна, денес пу пу да не ми се уроци сум многу подобра, нема температура.

    А што се однесува до усната на вагината не знам ни јас од што може да ми е подувана, едната само, еве денес уште гледам ми е така, ме боли така на допир, којзнае што би, ставам канестен па да видиме дали ќе помине :worried:
     
  13. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    587
    јас под труднички муабети разбирам дека муабет се прави за се и сешто без ограничувања, значи се во врска со бременоста...во тој случај името на групата не е соодветно..
     
  14. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Мешковци, темата труднички муабети е затворена , па нема каде ајде да пишам овде, денес бев на преглед последен кај матичниот, син ми е 2 500 гр , веќе спуштен према родилен канал, што значи дека гинекологов ми вика ништо чудно за телевизор да се бориш :D Јас сепак викам нека издржи таму до 14 -15 јануари, ама како Господ никој не е. Што се однесува до усничката на вагината да ви кажам и јас ја имам таа болка како отечена е и баш денес го прашувам др што може да биде ,тој ми вика дека тоа е сосема нормално бидејки бебето веќе притиска надоле и се чувствува растегнувањето на матката и вагиналниот отвор кој полека се спрема за отварање (тоа било родилна физиологија ) така ми го објасни матичниот. Е сега за болниот вагинален преглед, денес ми земаше и брисови , искрено не почувствував ама баш никаква болка само мала неугодност, незнам зашто вас ве боли, можеби е до начинот како гинекологот ги зема брисевите или сте малку поосетливи или понежни. :$
    И тоа е тоа, толку беше трчање кај матичниот си добив отворен упат без датум , ми рече таму некаде околу 20 плус минус некој ден на ГАК горе за да почнам со ЦТГ а во меѓувреме ако барам др кој ќе ме пораѓа кај него на запознавање и визита ...
    Толку да не се препишувам ова прстиве ме утепаа од болење (како кифли станаа , само на рацете сум отечена на друго место нема ништо )

    поздрав и убав ден

    Надвор е прекрасно сонцее :* :inlove:
     
  15. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Ивановичка кога ти е терминот? Иначе и јас се нервирам зашто така да ме боли вагиналниот преглед иначе не ми зимаше брисеви него ми ја провери матката пошто мислејки дека имам крварење од матката а јас сум имала од хемороидот и тоа нанапред истекло кај гаките и направив огромна паника, кога дознавме дека е од хемороидот се смирив...јас веке сум влезена во 9 месец али сепак викам рано е пошто терминот ми е 6 јануари :)
     
  16. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Ooo јас сум покасно од тебе, 20 јануари е предвиден крајниот термин, само докторов вика дека ништо чудно да изненади многу порано од предвиденото бидејки добро се развива, големко е , и веќе е спуштено према родилен канал, така да како ГОспод никој не е , само со лесно нека ни е ...


    Чудно еве мене па вагиналниот преглед воопшто не ме болеше , сите сме различни ...
    со лесно нека ти е :D
     
  17. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Незнам зашто ме боли јас се нервирам си викам леле ако не го издржам ова а што ке биде со раѓањето...сакам природно да се породам ама ми вели др не си психички спремна :( требало да се спремам...а како можам да го препозннат тој мукозен чеп ?
     
  18. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Ooo јас сум покасно од тебе, 20 јануари е предвиден крајниот термин, само докторов вика дека ништо чудно да изненади многу порано од предвиденото бидејки добро се развива, големко е , и веќе е спуштено према родилен канал, така да како ГОспод никој не е , само со лесно нека ни е ...


    Чудно еве мене па вагиналниот преглед воопшто не ме болеше , сите сме различни ...
    со лесно нека ти е :D[/

    само господ нека ни помогне... Јас кога кесе качам за преглед се стегам како мусклул целата :( леле а јас си викам за мене ептен е рано ама ништо чудно и мене да ме изненади а :)
    Кога бев деновиве на преглед бебенцето ми беше 3.200гр +- 400 па ке видиме :) а уште торбичката ја немам спремено денес утре и си викам ај има време ај има време.
    Фала и поздрав
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    мене ме интересира дали ладново време му штети на плодот. Мислам да се шетам да идам на работа со автобус и т.н. Иако утре најавуваат -19 па колку е тоа стресно или не... Сметам дека не е и нема врска сето тоа затоа што тоа си е во стомак но ете ваше мислење барам?
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Не е апсолутно :) Плодот е заштитен во плацентата и матката, и до него допираат само звуци и твоите чувства, така да - гледај тебе да не ти студи и супер ќе си сте :mm:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.