Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Jас еднаш кога паднав мораа да ме прегледаат да не сум се отворила значи грлото на матката а вториот пат сега пред некое време пошто крварев и ме провери од каде точно крварам...а тоа пред порагај слушам дека пак ке прават за да видат колку се отвараме пошто нели за природен порагај треба 10см. да се отвориме :worried:
     
  2. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512

    како да те боцка со нокт? такво чувство јас имав неколку дена пред да се породам само не кажував на никој :( не знаев како да опишам :)ама буквално како со некое прсте да ме боцкаше и баш доле кај џозефинче аххаха како што викаш ме изнасмеа :*
     
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле и јас вчера бев на лекар, ми правеа цтг, eхо и вагинално ме прегледаа, ауу тоа болење што беше, во породилната сала имаше 2 се пораѓаа природно, не викаа толку колку што јас лелекав и офкав додека ме прегледуваа :tmi: срамота. И така пискам и лекарката ми вика е боле тоа, не се раѓат децата така лесно :D во сета мака почнав да се смеам :D инаку мене ми течеше вчера нешто темно жолто ама како мрсул беше (поинаку незнам како да го опишам) ама се појави после вагиналниот преглед веке кога стигнав дома :^) и сега треба да чекам до наредниот преглед за да прашам што беше тоа. дане знаете вие случајно што може да е?или што го предивикало?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.636
    Пол:
    Женски
    Senjorita.lombardi, после вагинален преглед е нормално да имаш променет исцедок (значи може да биде темножолт, кафеникав, сукрвичав... ) - не се грижи, ама и онака тебе ти наближува терминот... со лесно! :)
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    хехее, да баш така ме боцка по малку, одвреме навреме ... еве веке неколку дена, и кај мене, да не дојде бебушко за нова година, како новогодишно пакетче :lol:
    а инаку на нареден преглед сум на 2 јануари, па ако издржиме тогаш и докторката ке ја прашам ;)
     
  6. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    За секрет и јас имам кога лигаво кога по густо аман веке :) женишта само лигави сме :D а мојава нз до кога ке си седи во топличко а јас едвај чекам веке :)
     
  7. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    Прашањево не е баш за овде но сакам да ми извините бидејки ова е една активна тема која е дел од бременоста а сакам да прашам дали има некоја мамичка која е правена царски со спинална и дали имала болки во половината после порагањето бидејки јас еве веке 2 месеца изминаа едвај се исправам ко се наведнам.позз
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    сакав да прашам дали е нормално да тече крв од нос кога си бремена, Аман секое бришење на носот јас сум крвава :)
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Нормално е. Бидејќи количината на крв во телото се зголемува дури за 50% си тече крв од некои места :lol: . Мене крв од нос ми тече уште од самиот почеток на бременоста, и еве сеуште ми тече. Баш сабајле се разбудив со крвав нос и засирена крв внатре која едвај се издувува...
    Исто и од непцата ми тече, и стално имам железен вкус во устата, а не ретко знае и од краевите на устата да си потече и надвор.... :lol:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Ехеееее мазници крв од левата ноздра, страв ми е да се исекнам :rofl: најнормално било тоа, нема место за паника. Ако ти прекинува брзо тоа се некои осетливи капилари кои во бременоста многу лесно се раздразнуваат, ако е подолго има врска со железото (појако) во крвта.

    Мене ми се случуваше на работа дур седам да почне да си капе :lol: ама престанува. Во второ тромесечие мнооогу поретко ми се случува да ми протече крв од нос.
     
  11. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Mene prvoto tromesecie mi se slucuvase da mi potece krv od nosot.Samo od sebe,cisto taka potecuvase,ne go ni dopirav nosot.Ednas me iznenadi na spienje,osetiv nesto zesko i leplivo...koga stanav sto da vidam,pernicata crvena :o
     
  12. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Кај мене досега два пати се случи ама првиот пат испаничив малку, не знаев дека тоа е нормална појава во бременоста.
     
  13. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Мене пак во второто тромесечје ми течеше крв, и тоа секогаш кога ќе го избришев носот. Особено на сабајле.
    Не се секирај, нема место за паника, само гледај да си ја одржуваш крвта добра...железото и хемоглобинот ;)
     
    На f.r.o.s.i.c.e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115
    zdravo na site jas sum nova vo forumot :) a isto taka mi treba i mislenjeto vase edna god.sum vo brak i nemame seuste detence mi prepisa doktorot klomifen da pijam i neznam stvarno sto da pravam !!! :worried: :hug:
     
  15. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Јас немам проблем со крварење од нос ама затоа непцата секој ден скоро ми крварат незнам на кој сајт читав као нормално било тоа ништо страшно
     
  16. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    земи со тврда четка миј ги забите, малку ке боли ама додека не истече таа крв постојано ке ти бидат црвени непцата и ке ти тече крв! со тврда четка ке ти помине за неколку дена!
     
    На ana.tinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и обавезно паста лакалут да си купиш, оти ако крварењето се зачести да не дојде до некои поголеми компликации :hai:
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.636
    Пол:
    Женски
    Не бе сонце, кој те учеше вака... со ова само поголема белја ќе се направи, ќе се разранат дополнително непцата. Повеќе витамин Ц и паста против крварење на непце, ете Лакалут е добра. Четка никако тврда, средно мека е најубаво. И почесто менување, без големи притисоци на непцата и забите.
     
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Женски да прашам тука , сега се враќам од тоалет и на секојдневната гледам обоено жолтеникаво-светло кафеаво, само нема парчиња нема ништо туку само обоена секојдневната. Дали е тоа паѓање на чепчето , како паѓа одеднаш како парче или малку по малку се распаѓа , немам ни болки ништо само ова ме зачуди до сега не било ваква на секојдневната?! :?: :?:
     
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ивановичка, нас на клиника ни објаснија дека тоа е почеток на паѓање на чепчето.Или ќе имаш со денови такво како прљаво на гаќите, со жолто кафеава боја, или па може одеднаш да падне како оние парченцата кога имавме добиено.
    Ај честито нека е, чим капачето ти паднало, спремна си за раѓање. Абе ти планираш да ми го дрпнеш телевизорот а...?
    Со среќа и со лесно