Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашањa и одговори околу забременувањето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Plavuska.inaci, 9 октомври 2010.

  1. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Денес ми е 3-ти ден од циклус, но многу малку крварам. Искуство ?
     
  2. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    Девојченца еве да ви се исплачам немам на кој, од 20.12.2014 се обидуваме за бебенце и еве сега имам црвена дамка што значи дека добив и овој месец. Правев пап уреден брисови уредни. Што е следно за испитување за мене и за мм? Ве молам упатете ме. Минатиот месец гинекологот ми рече да не се замарам рано ми било. :( каде и што треба да испитам и ми треба ли упат, како е процедурата по клиникиве или приватните болници и цени ако знаете. Така се разочарав,сама си седам и плачам... позз поддршка сте голема!
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Од декември се обидуваш за бебе?Значи околу 4 месеци.Во право е гинекологот,прерано е да почнеш со било какви испитувања.Јас на пример со втората бременост чекав 3 години.
    Маж ти може едино спермограм да направи.Мислам матичниот даваше упат за ова за во лабараторија .Пожелно е 2-3 дена да апстинирате од секс пред анализата.Ке ви објасни лекарот повеке околу тоа.
    За се останато е прерано.Ти можеш ехо да направиш,чисто да видиш состојба на јајници,да не имаш циста и тоа е.
    Стрпи се и смири се.Опушти се.Ништо не биднало преку нок.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Во право е joy премногу е рано какво плачење не знам , до година дена е сосема нормално кој гинеколог да прашаш тоа ќе ти го каже.
     
  5. Eleonorce2015

    Eleonorce2015 Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    од мое искуство со првото дете почнавме од февруари интензивно дда работиме на случајот, со уреден пап се во ред се фати дури во ноември се мислев дека нешто не е во ред, кревав нозе, пазев плодни денови,овулации се по ред се додека не ми скисна од се и само се молев пред Богородица со молитва за забременување и оп наредниот месец бремена, фала му на Бога и на Богородица
     
    На elimkd, Dalida♡ и SpangeBob им се допаѓа ова.
  6. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    здρаво феминκи имам еден пρоблем овие два месеци имав κафеаво κρваρење измеѓу два циκлуси и овој пат κаκо лигавица κафеава незнам што κе е понеделниκ κе одам на пρеглед но дотогам дали неκој мозе да ме утеши н
     
  7. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    многу сум неρвозна напната се плашам дане биде нешто лошо дали имал неκој ваκва ситуација се плашам и стомаκот мие подуен
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    Impantacisko krvarenje da ne e? :) No sega primetiv, dva meseci taka si iskrvarila? Ginekolog najubavo da posetis...
     
  9. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Нема рано и доцна за таква работа. Тоа е мое мислење. А гинеколозите велат нормално е и до година дена да не се фати. И јас правев како тебе иако малку повеќе од тебе се обидувавме да забременам. Можеби звучи клише, но кога најмалку очекував тогаш забременив. Ти препорачувам прво да поработиш на психа. Јас пиев и по 5 бедоксини дневно, само да сум смирена и опуштена. Па, знаеш ми се чини најголем фактор е тоа. Не брзај, тоа не треба да се форсира. Уживај во сексот. Немој да правиш бебе, туку само уживај и имајте односи кога ќе посакаш. Тоа е мој совет!
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Jas pa sprotivno na site ne mislam da se ceka so proverka. Da se ceka 1 godina, a ako ima apsoluten faktor koj vlijae e mnogu vreme. Jas bi ti preporacala da si proveris hormoni, mt spermogram i zdravje proodnost na kanalite. Ako nemate problem, psihicki ke se olabavite. Dokolku postoi problem, togas ke moze ao vreme da mu pristapite.
     
    На Pacient srna, kristina.k и bokace им се допаѓа ова.
  11. DSR

    DSR Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site.Eden mesec ne se cuvavne so deckoto i pravam test i e pozitiven ben na ginekolog i zasega nema nisto na eho.Ova mi e nesto novo za mene a veke mi se spie i mi kasni edna nedela.Dali e rano pa zatoa ne se gleda posle pak napraviv test istiot den i ispadna pak samo bese malku pobleda linikata kaj T.Ne znam sali sum ili da ne si davam lazna nadez.
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Бремена си.Два позитивни теста имаш плус циклус ти доцни една недела.Рано е за ехо.Бар 10 дена од доцнење да поминат па може и би се видело :)
    Направи си тест и преку крв тој е 100% точен.
     
    На DSR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Istoto bese so mene :) ispitav krv (hormon hcg) I isleze 2-3 nedela deka sum bremena..taka da DSR cestitki :) izvinete za latinicava od mob sum :)
     
    На DSR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DSR

    DSR Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Daj boze bas bi sakala da e .Sega mi rece doktorkata naredna nedela da odam pa ke vidime dali ke ima nesto :)
     
  15. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    дали водните цисти влијаат на останување бремена? ми влијаеа на менструација па моментално земам контрацептивни апченциња.
    докторката ми рече ако сакам да бидам бремена да и кажам ќе ми сменела таблети
    (заборавам како да составам правилна реченица на македонски веќе)
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Девојки јас да си прашам дали е нормално ништо да не ти се јаде и да се има вртоглавици секој 15 мин?
    Недела денес па неможам гинеколози да замарам.
    Ме болат и јајниците и градите ( посебно левата).
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Губење на апетит,гадење и повракање е сосема нормално првите 3 месеци.Јади почесто во помали количини и ке увидиш самата што ти прија а што не.Имав и јас вртоглавици поради нискиот притисок и слаба крв.Може и кај тебе е од тоа?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас имам само низок притисок а крвта ми е како на маж. Притисокот ми е 90 со 60. Сеа ми го мереа.
    Уф а и времево килаво
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Низок ти е.И јас таков го имав и често глава ме болеше.Пиј течности повеке но избегнувај лимон или јогурт.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    14.412
    Пол:
    Женски
    Ми открија т-вид на матка. Гинекологот ми рече дека забременувањето не би требало да биде проблем, но проблем може да се јави кај износувањето на плодот. Кај жените со овој вид на аномалија на матката, бременоста обично завршувала со спонтан абортус и тоа во 5-6ти месец. Читав и на интернет за овој проблем, но ме интересира и лично искуство. Засега не планирам бременост, но сакам да знам што би можело да ме очекува.