Секоја болница е различно. Ако никој од овде не ти каже од опит што да носиш со себе, јави се во болница и прашај, ако не прашај матичниот гинеколог, нема начин да не знае Мен ми требаа овде во Скопје влошки, влечки, крпи-2, четка, паста, сапун...и такви ситни шминки За бебето ми требаше памперси, мокри марамчиња и облека за испишување од болница.... Успех
Девојчици ај пишете ми кој имал или пак е запознаен со проблемот отворање (1 прст) на матката пред породување (некаде 6 месец). Благодарна ќе ви бидам многу..
Во тој случај се прави серклаж (некаде познато како цирклаж) и се примаат инекции за побрзо зреење на плучата на бебето. И претпоставувам задржување во болница додека да се исконтролира состојбата. Потоа не треба да се крене нешто потешко од чаша вода.
Ништо страшно, и кај мене беше исто. Доцна е за цирклаж, тоа се правело во порана бременост (барем мене така ми кажаа). Само малку повеќе лежење, да не се носи тешко, односи никако, редовни контроли и не се секирај. Јас во 6-ти месец бев отворена еден прст, во 38 недела исто . Се случува некогаш, така ми рекоа лекарите, посебно во втората бременост. Јас се извадив од памет кога ми кажаа дека сум 1 прст отворена уште во 6-ти, па ете, следните месеци малку мирував (ама не сосема), одев на редовни контроли (и приватно и кај матичната, на три недели ми доаѓаше контрола ) и двете ми викаа дека не е ништо страшно и така и беше.
точно. мајка ми имала правено серклаж со брат ми кога била трудна , и потоа треба строго лежење ни дигање тешко ни ништо
Фала ти најмногу.. Утрово бев кај матичниот и ми земаа брисеви микробиолошки.. чекам резултати многу се потресов кога ми кажаа дека сум отворена (ова ми е прва бременост) Инаку бебушот го гледавме си мафнавме Ми препишаа инекции за зајакнување на матката (прогестерон) и вагиналети. И сакам се да биде ок.. сеуште одам на работа .. тешко не кревам само си седам на комп Поздрав уште еднаш и фала ти најмногу за подршката и до blond и koritsaki
вака поим немам од овие работи јас но прашувам за другарка можи ќе ви е смешно и нас ни беше малц но дали има некаков проблем ако спие на стомак трудница ?
Не се препорачува да спие на стомак...впрочем и како би можела, кој месец е? Нека спие на страна, не на грб, не на стомак...на страна. Јас додека бев во поодмината бременост, спиев на страна со тоа што стомакот го потпирав на перница, случајно да не се свртам и да не легнам на стомак.
Многу ме интересира, дали додека жената е бремена мажот смее да свршува внатре во неа? Има ли некакви несакани последици од тоа?
Не се препорачува , затоа што спермата може да предизвика предвремено отварање на грлото на матката !
3ти или 4 е така нешто не е голема во стомак па зато можи се мисли да легни на стомак ако е поголем од самата големина нема да можи ама сепак не пробувала страв и е сигурно си е сигурно
Би сакала да ве запрашам нешто. Дали при употребата на таблетките Дабростон (кои во случајов ми се препишани за да ми предизвикаат крварење) може да се забремени??? Ги имам пиено еднаш пред неколку години, пред да започнам да пијам чаеви, ама тогаш ми делуваа поинаку. Како и секогаш пред да добијам чувствувам поинтензивна болка во градите и во јајниците, додека сега е многу поблага и во јаниците и во градите и плус чувствувам гадење што порано го немав тоа. Исто утрово направив тест, но беше негативен. И многу ми е чудно се ова што првиот пат кога ги пиев таблетиве само од половина доза добив крварење, а сега уште некој ден завршувам со целото пакување и сеуште нема ништо . Или може сеуште е рано за тест (од последниот преглед има само 10 денови). Малку сум збунета и незнам што да мислам. Ме интересира дали постои некоја можност за бременост или гадењето е само некој пропратен симптом на таблеткиве. Нечие искуство или совет!!!
Дабростон за да предизвикаат крварење? Сигурна си? Јас бремена ги пиев бидејќи добивав и тие требаше да го заштитат плодот односно да ја зајакнат матката
Да, ми ги препишаа за да предизвикаат крварење. Едно од многуте намени на таблетиве е и да предизвикуваат крварење (како мојот случај, жени со полицистични јајници и нередовни циклуси), а исто се и за бремените жени, како што напомена и ти дека си ги пиела за зајакнување на матката.
Здраво Серафима Еве ме и мене на оваа тема. Видов сека имас писувано за Дабростон па еве да го споделам и јас моето искуство со нив: Бидејки и јас имам полицидтицни јајници и нередовни циклуси мат. гинеколог ми ги преписа Дабрстон и ми реце дака кога ке заврсам со пакованјето треба да добијам циклус, а доколку не добијам значи сум бремена( една врста како тест биле). Додека ги пиев таблетите цувствував гаденје, малаксалост и многу се заморував, дури и насабајле кога станував имав нагони на поврачанје. Кога го заврсив цело пакованје чекав, чекав да добијам но нисто од менструалното крваренје и и је јавив на докторката и таа ми вика ако не добијам најкасно до 3 дена од заврсуванјето на таблетите значи 100% сум бремена. Пројдоа 3 дена а мене не ми дојде и ние пресрекни со сопругот мислевме дека сум бремена но за зал јас добив менструација дури една недела по заврсуванјето на таблетите. Тогас и се јавив пак на доктурката и и казувам дека добив менструација тоцно седум дена по заврсуванјето на таблетите и ми рече дека мозно е и тоа да се слуци. Несакам да те разочарам, дај бозе на тебе ова де не ти се слуци. Ти цувам срека и дај бозе да се израдувас сто поскоро со позитивен тест. Поздрав
точно. подобро да се користи кондом. мене истотака гинекологот ми забрани ми кажа може и болка да осетиш
Мислам дека бебушов почна да мрда Знам дека нема дефиниција како тоа изгледа и се чуствува ама мене така ми изгледа! Толку од мене, само да ве поздравам
Конечно резултатите се готови! Бебушот е супер и е женско! Неможам да ја симнам насмевкава од лице да ви кажам искрено ми падна камен од срцево. Ве поздравувам сите и одам да уживам во пеколно топлиов ден кој мене ми се чини најубав на свет