1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашина (Dust) [2001]

Дискусија во 'Филмови' започната од Fleur-De-Lis, 13 февруари 2012.

  1. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    [​IMG]
    Прашина е македонски филм од 2001 година, режиран од Милчо Манчевски. Во овој филм главните улоги се глумени од страна на Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Ен Броше и Николина Кујача, а музиката е создадена од познатиот македонски музичар Кирил Џајковски.

    "Прашина" раскажува две приказни истовремено и во заднината прави скокови од почетокот на 20 век до американскиот современ културен момент. На почетокот на 20 век, на американскиот запад, двајца браќа се вљубуваат во иста жена. Лилит го одбира помладиот Елајџа, а Лук заминува за Европа, каде неговите демони го водат во Македонија.

    Филмот е приказна за љубовта, но и за омразата, која доведува до фатален крај на главните ликови.

    Гледам има теми за Мајки и Пред Дождот, но сме го заборавиле и филмот Прашина! Мене лично ми остави голем впечаток, многу крвопролевање, експлицитни сцени... Познат стилот на Манчевски добро осмислено сценарио и глума! Доста интересни сцени беа тие помеѓу Анџела и Еџ!
    Да не го заборавам и саундтракот на Џајковски, ми се чини дека тоа му дава едно 50% сила на филмот....се вика PRIMITIVE SCIENCE!
     
    На ivanablazheska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    После Пред дождот, Прашина да речеме дека личи на нешто, за разлика од подоцнежните филмови на истиов режисер, како Сенки или Врба, залудно потрошените часови.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам дека кога излезе филмов по кино салите не однесоа од училиште а ние основно бевме мислам, со кој памет(facepalm) уште се сеќавам колку само ми беше досадно мислев дека никогаш нема да му дојде крајот, а башка што ништо не го разбрав.
    Сега после тие трауми не би го гледала пак
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.