Ајде некој да ми објаснит за праќање на пари како подарок Од странство во Македонија,така под назив Подарок ако си прател било мала провизија,дали некој имат искуство со ова?фала.
Јас имам три малку глупи прашања во врска со даночење на приходите од странство преку Western Union или Moneygram. Имам кредит во Македонија, и секој месец испраќам пари по WU кои мајка ми ги зема и ги уплаќа во банка. Прашав во банка (неколку филјали) од не знам која причина не можам да префрлам пари од моја сметка во странство на моја сметка во Македонија, а дури и ако успеам да префлрам не се сигурни како ќе оди даночењето. 1. Дали се даночи приходот доколку е од моја странска сметка на моја мк сметка ? 2. Дали мајка ми ќе мора да плати данок затоа што секој медец ми врши услуга да ги земе парите од WU и да уплати кредитот ? 3. Дали има начин да префрлам пари од моја странска сметка на моја МК сметка ?
Zdravo. Na komercjalna sum i jas i licnosta na koja sakam da i pratam pari preku karticka. Jas sum vo stranstvo Dali mozam da i pratam na smetka od mojata karticka?
Здраво. Дали некој знае ако префлам пари од америчка сметка на македонска девизна сметка, дали треба да платам данок на УЈП? Дали треба сам да ги пријавам парите или тие ќе ме известат? Некој ми имаше спомнато дека ако парите се пратени од физичко лице на физичко лице нема да се оданочат. Исто така која причина да ја наведам за праќање на парите(пр. подарок)?
Значи не повеќе од 10 000 со една трансакција? Пример ако неделава пратам сума помала од 10 000 и наредната недела пратам пак сума помала од 10 000, ама двете суми комулативно се над 10 000 дали ќе бидат оданочени? Ти благодарам.
На една трансакција да немаш повеќњ од 10.000 евра за,да не бараат потекло на парите А кога ке се прати од физичко на физичко лице не подлеже под оданочување
И на твоја и на друга сметка и да не праќаш пари, исто е: Да, освен ако не си била во Македонија повеќе од 183 дена во во кој било 12-месечен период, а во државата која си имаш регулиран статус и плаќаш данок таму или да го намалиш ако си била помалку од 183 дена во кој било 12-месечен период, а во државата која си имаш регулиран статус и треба да платиш данок во двете држави, а Македонија и другата држава имаат договор за одбегнување двојно оданочување. Треба да однесеш потврда во УЈП дека ти е платен данокот во другата држава или да извадиш потврда од УЈП и да ја однесеш во соодветниот орган на другата држава. УЈП Митот за 183 дена престој Договори за одбегнување на двојно оданочување Не. Спојлер: Само прашај Треба од банката да ти ги дадат сите податоци IBAN-број, SWIFT-кoд… Стопанска банка АД Битола НЛБ банка А.Д. Скопје
здраво а дали можеби знаете како да се раскнижат евра во денари преку стопанска банка апликацијата , упатството ич не ми е сватливо што го даваат , се е ок до делот ги наоѓам кај стоат прстените евра , ама за да ги сменам во денари бара шифра да се внесе па вид на документ незн што , и има еден куп шифри понудени како да знам која да а одберам од дадените , пробавме некои одприлика и не се процесира , или бара некои дополнителни лозинки . Се што сакаме е да се префрлат во денари на сметката да си легнат..
Дали за сума од 1500$ пратени преку Western Union треба да платам 10% данок на ујп? Би бил константен прилив секој месец..
Сега ми стига плата во девизи на сметка од нлб банка каде си плаќам регуларно данок, но ако е од физичко лице пратено преку WU не знам дали би се даночело, ако не е назначено како доход од работа